1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Барам помош, поддршка, совети

Дискусија во 'Хуманитарни акции' започната од Z89, 5 август 2021.

  1. buba4e89

    buba4e89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2012
    Пораки:
    27.166
    Допаѓања:
    177.090
    Пол:
    Женски
    Така само дополнително ќе се разболиш, 40кг е тежина испод нормалата.
     
    На cresa-jagoda му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Z89

    Z89 Активен член

    Се зачлени на:
    5 август 2021
    Пораки:
    52
    Допаѓања:
    12
    Пол:
    Женски
    Не можам да не мислам на тоа, ни јас ни баба ми никогаш не сме имале проблем со долг, никогаш не сме позајмиле никаде ни 500 денари, а не сега толку пари што ми лежат на душа. Тој што не доживеал не верувам да ме разбере како се осеќам, ни јас не би разбирала порано некој да ми кажувал, ќе речев ајде ќе се среди се. Ама не, како поминува времето се полошо и полошо ми станува зошто каматите веќе не ни знам колку ми растат на ден. На крајот, цели 3 животи ќе ми требаат да излезам од пеколов и којзнае како ќе завршам.
     
  3. buba4e89

    buba4e89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2012
    Пораки:
    27.166
    Допаѓања:
    177.090
    Пол:
    Женски
    Што е со имотот од баба ти?
     
  4. Z89

    Z89 Активен член

    Се зачлени на:
    5 август 2021
    Пораки:
    52
    Допаѓања:
    12
    Пол:
    Женски
    Тој, една куќа е, уште откако беше жив дедо ми е препишан на братот на мајка ми. Тој си продаде се, а делот мој го сметал тоа што баба ми ми помогнала да го уредиме социјалниот стан што го добив од државата, не знам дали спомнав дека во социјален стан под закуп живеам. И таа со парите што си ги имаше собирано од пензиите кога бил жив дедо ми, и кредитот со кој пропаднав кој требаше да го плаќа, ми помогна со опрема, кревети, шпорет, фрижидер, најосновно... А и такви беа, на машкото да припадне се. Дедо ми беше таков, од баба ми грев е да се побунам, секогаш за мене беше тука. И вујко ми е роднина ми е, ама е многу амбициозен за пари, само што почина баба ми одма ја продаде куќата, а јас не сум таков човек да се мешам и да барам. Му кажав за состојбава, ми рече само немам да имав се ќе платев и замина на одмор Италија. Многу неправди и лоши работи ми се случуваат девојче...
     
  5. Z89

    Z89 Активен член

    Се зачлени на:
    5 август 2021
    Пораки:
    52
    Допаѓања:
    12
    Пол:
    Женски
    Патем, кога починаа моите, требаше да живеам кај баба ми и дедо ми, но тој беше тој што не се согласи и се лутеше, тогаш имаше околу 25 години, имаше женска и не сакаше да живеам таму зошто никоја жена немало да му дојде со дете дома. И баба ми и дедо ми како едно дете што им остана го послушаа. А брат на мајка ми, брат на почината сестра. И затоа завршив кај што завршив. Кога се ожени вујко ми и по некое време си купија стан, тогаш заминав кај нив кај баба ми. Потоа го добив станот. Затоа, ништо ни сакам ни очекувам од него, единствено поради братучедите се гледаме.
     
    Последна измена: 10 август 2021
  6. Z89

    Z89 Активен член

    Се зачлени на:
    5 август 2021
    Пораки:
    52
    Допаѓања:
    12
    Пол:
    Женски
    Како да живеам вака, како како? Секој ден, еве и сега. Зошто јас. Цел живот пекол и борби. И полошо од ова ми пишуваат. Ме уништија. Screenshot_20210810_135434.jpg
     
  7. kolovoz

    kolovoz Популарен член

    Се зачлени на:
    9 мај 2011
    Пораки:
    1.666
    Допаѓања:
    6.240
    Ама тебе и да ти дојдат извршители нема што да ти земат. Станот не е твој а единствено што имаш е покуќнина. Се што можат да ти направат е да ти ја блокираат сметката. А пред да ти ја блокираат можеш да се договориш со извршителот како да плаќаш. Дали можеш да најдеш дополнителна работа од неколку часа? Прашај во овие што ги одржуваат зградите. А во врска со банките малку си грешка. Тие се ќе ти земат во предвид, секоја рата што ја имаш. Врз основа на тоа ќе ти дадат кредит, само треба да бидеш искрена и да си кажеш што се должиш. Па кредитот наместо на 5 години ќе биде на 10. Ништо не губиш ако отидеш во банката каде ја зимаш платата да прашаш.
     
    На cresa-jagoda и buba4e89 им се допаѓа ова.
  8. Z89

    Z89 Активен член

    Се зачлени на:
    5 август 2021
    Пораки:
    52
    Допаѓања:
    12
    Пол:
    Женски
    Ако знаете некој да бара девојка за работа кажете ми. Само да се погодам со смени. Ќе чистам ќе правам што треба само да се спасам. Ќе работам 24 часа, не мора да спијам. Мир сакам.
     
    На kolovoz му/ѝ се допаѓа ова.
  9. buba4e89

    buba4e89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2012
    Пораки:
    27.166
    Допаѓања:
    177.090
    Пол:
    Женски
    Само те плашат ништо повеќе. Се познава по муабетот.

    И што ако те најдат? Ти немаш пари,ништо не ти можат. Со оваа порака оди во полиција пријави ги за лихварство,притисок и стрес.
     
    На ЕденЧлен, Luciferka, cresa-jagoda и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  10. Z89

    Z89 Активен член

    Се зачлени на:
    5 август 2021
    Пораки:
    52
    Допаѓања:
    12
    Пол:
    Женски
    Со претходните пораки кои беа многу полоши ги пријавив на многу места. Никој ништо не ми врати. А премногу ме вознемируваат. Еднаш дури и ме исмејуваа. Тоа го пратив, ама џабе, кој ќе ти помогне во државава. Никој. Додека не умреш од стрес и притисок додека не си одземеш живот и потоа ќе кажат требаше да се обрати некаде не вака.
     
  11. Idedemja

    Idedemja Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јули 2020
    Пораки:
    3.176
    Допаѓања:
    43.104
    Пол:
    Женски
    @Forca кои сте членови што се разбирате од право, закани, извршители вакви ми ти ствари дај видете ако можете, што можете да и помогнете, совет, чаре нешто.
    @Z89 ако не е тајна колку пари должиш да стигнеш до тој кредит од банки 1/3 од остаток на плата што пиша?
     
    На cresa-jagoda и buba4e89 им се допаѓа ова.
  12. buba4e89

    buba4e89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2012
    Пораки:
    27.166
    Допаѓања:
    177.090
    Пол:
    Женски
    Во полиција девојко, оди биди децидна. Не чекај!
     
    На cresa-jagoda и Idedemja им се допаѓа ова.
  13. Z89

    Z89 Активен член

    Се зачлени на:
    5 август 2021
    Пораки:
    52
    Допаѓања:
    12
    Пол:
    Женски
    Никој нема да ми помогне. Никој. Џабе е се.
     
  14. buba4e89

    buba4e89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2012
    Пораки:
    27.166
    Допаѓања:
    177.090
    Пол:
    Женски
    Како нема?
    Ако седиш и чекаш никој и нема.
    Мрдај право во полиција.
    И пиши го името и презимето на овие будали.
     
    На cresa-jagoda и Idedemja им се допаѓа ова.
  15. Idedemja

    Idedemja Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јули 2020
    Пораки:
    3.176
    Допаѓања:
    43.104
    Пол:
    Женски
    Пријави во полиција убаво те посоветуваа, ако не во една станица, оди во друга, иако сега имаат повеќе осет за овие работи. Батали одземање живот, смири се, ајде пополека ќе се најде излез некаков.
     
    На cresa-jagoda му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Z89

    Z89 Активен член

    Се зачлени на:
    5 август 2021
    Пораки:
    52
    Допаѓања:
    12
    Пол:
    Женски
    Многу, поради каматите секојдневно што ми ги рачунаат стигната сум и до над 100 000 денари. Никогаш нема да излезам од ова никогаш
     
  17. Z89

    Z89 Активен член

    Се зачлени на:
    5 август 2021
    Пораки:
    52
    Допаѓања:
    12
    Пол:
    Женски
    Ќе ме избркаат и од работа кога ќе дојдат и во маркет.
     
  18. buba4e89

    buba4e89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2012
    Пораки:
    27.166
    Допаѓања:
    177.090
    Пол:
    Женски
    Затоа ќе одиш во полиција.
    Претпоставував дека се во прашање околу 3.000 евра, за мали суми тие не се вакви.
    Но,и да должиш никој нема право да ти се заканува.
     
    На cresa-jagoda и Idedemja им се допаѓа ова.
  19. Idedemja

    Idedemja Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јули 2020
    Пораки:
    3.176
    Допаѓања:
    43.104
    Пол:
    Женски
    Нема, смири се, имате правна служба, обрати се, на работа не смее влакно од коса од било кого да ти пофали. Еве знам и за фирми кои можат од внатре да ти одобрат пари да ги отплаќаш, абе разговарај, биди проактивна, буни се, не им потпаѓај на заканиве, се гледа сакаат да им се тресеш, должиш, ќе исплатиш, не бегаш, не се криеш. Ајде пополека има чаре, преубави совети ти дадоа, вознемирена си премногу се приметува, смири се и чекор по чекор.
     
    На cresa-jagoda и buba4e89 им се допаѓа ова.
  20. Z89

    Z89 Активен член

    Се зачлени на:
    5 август 2021
    Пораки:
    52
    Допаѓања:
    12
    Пол:
    Женски
    Не можам немам веќе сили, не можам да се борам повеќе. Цел живот се борам. Не можам.