Девојче не паѓај на тие закани ништо не ти можат,имам пишувано каснев со рата за кредит од банка овие од мелон солушн исто вака се понашаа се плашев и јас ама кога ми пукна филм кога им спискав и се заканив со тужба за малтретирање и нснесен стрес се повлекоа како змија нозе. Имаш најди на нет имаш бесплатна правна помош да се советуваш.
Сега ми пишаа уплата да има денес јасно??? Им пишав дека не можам, немам сретства и ми вратија НИШТО НЕ НЕ ИНТЕРЕСИРА ТОГАШ СЕ ГЛЕДАМЕ ЗА ЕДЕН ЧАС. Што ќе ми направат сега???
Ништо неможат да ти направат, освен ако не си земала пари од некој мафијаш. Ако ти се закануваат пријави не ќути никој не смее да ти се заканува. Жити се кажи од каде си земала пари ако не сакаш вака јавно пиши ми во лп.
Ете пишува во пораката што ми ја пишаа. МКеш брзи кредити. Ќе одат на работа знам ќе прават проблеми ќе ме избркаат. Не сум го пратила тоа. Брзи кредити М Кеш.
Ќе останам и без тие 9 000 денари. Знам. Никогаш во животот сум немала среќа, се лошо ми се случувало и сега така ќе биде. Ќе одат таму и ќе останам без денар. Знам.
Ти пишав во лп не смеат на работа да ти доаѓаат да упаѓаат на туѓ имот таму си законски заштитена и можат само они да се зафркнат. Аман пријави имаш и доказ и се сварно не знам кој до толку се дрзнува да се заканува вака. Освен да те тужат за парите на работно место и дома ме смеат да ти доаѓаат. Какви се психопати работат по тоа " легалниве лихварници".
Слободно одговори им дека законот за кредитно биро кои самите си го пишале тука не вклучува закани по живот,малтретирање и стресирање. Кажи им дека ќе одиш во полиција со пораките и ќе дадеш целосна изјавс и ќе поднесеш пријава. Кажи им дека законот за кредитно биро не одобрува вознемирување по работни места и споделување на лични податоци како што ти пишале во пораките.
Имам и многу полоши пишани работи од оваа порака што ми стигна сега. Ама најлошото е кажано по телефон. Тоа како да го докажам. Кога ми велеа мори планираш ти да уплатиш и кога кажав за ситуацијата ми рече доста аман умреле умреле јас што да ти правам и ја замолив да не ми прави проблеми и ми рече е ќе ти правам и ова не е ништо уште поголеми затоа што јас така сакам. Снимено е сигурно ама не верувам дека снимката ќе ја дадат, ќе избришат.
Ова не начин што треба да комуницира едно ФД друштво со своите клиенти си има процедури за се и начин. Така извршител да ти дојде не е во согласнот со позитивните законски прописи. Процедурата е следна. Прво адвокатот од тоа ФД друштво ќе испрати предлог нотарски налог, потоа нотарот тоа решение ќе ти го испрати на донашна адреса ти на тоа решение имаш право на жалба во рок од 8 дена од приемот ( жалбата задолжително ја прави адвокат во спротивно се одбива како нецелосна). После тој рок ако не поднесеш жалба решението станува правосилно, и доверителот истото го носи на извршител кој потоа може да постапува по истото. Станот не можат да ти го земат пошто не е на твое име. Извршителот и да влезе да прави попис на движен имот ништо не ти може Мебел, шпорет ладилник облека и тн не подлежат на извршување. Плата може да ти задржи максимум 1/5 така да уживај си.
Ништо не ти можат. Јас да сум на твое место ќе раскажам на сите групи на фб. Воопшто нема да се срамам,нека се срамат они. Не ќе ми бидат горди на 1235311442 дуќани низ државава.
Буквално ништо не ти можат, колку сакаат нека доаѓаат на работа, освен тужба, ништо не можат да ти направат. Ајде смири се и без паника. Немаш земано пари на рака од лихвар нели? Само преку брзите кредити? Тие колку и да се модерно лихварство, пак не ти можат ништо освен тужба, па да ти се блокира сметката. Можеш слободно да ги пријавиш во полиција.
Не сакам да ги кажам никаде освен тука, за инает којзнае што ќе ми направат. Само видов дека има некое финансиско друштво каде што се членови и имаат кодекс со неколку подточки и овие од М Кеш со мене сите ги прекршуваат. Им пишав, заедно со разговоров од погоре и им раскажав за се. Ама тешко дека нешто ќе се смени тие ќе одат сега на работа или ќе ми дојдат дома или ќе ме срамат насекаде.
Не смеат од работа да те избркаат за твој приватен долг што го имаш. И за сите овие закани, психички малтретирања имаш право и да ги тужиш. Не смеат ниту да ти одат на работа, ниту кај твои роднини/пријатели ниту пак дома да ти дојдат и да ти се закануваат. Оди во полициска станица и пријави ги. Не им се плаши! @Forca е адвокат, сигурно ќе ти даде добар совет.
Не смее на работа да и одат. Освен на извршител друго ништо не можат Нека си ги чува пораките нека не ги брише.
Тогаш ти закани им се дека ќе ги тужиш за сите закани и психички малтретирања. И дека ако останеш без работа поради нив и ако те срамат насекаде тогаш дебела оштета ќе ти платат. Не им плачи, не ги моли, за'ржи им!
Има апликација со која се снимаат разговорите на мобилен, а и тие од мвр можат да ги проверат тоа не е проблем за нив.