1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Барам помош, поддршка, совети

Дискусија во 'Хуманитарни акции' започната од Z89, 5 август 2021.

  1. Idedemja

    Idedemja Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јули 2020
    Пораки:
    3.176
    Допаѓања:
    43.104
    Пол:
    Женски
    И јас мислам нема да ти дојдат на работа, а и да дојдат имате обезбедување на работа? Друго ако вербално те напаѓаат сигурно некој ќе слушне ќе имаш сведоци во поднесокот на тужбата за вербално малтретирање. Не се плаши, тие тоа сакаат да те заплашат и некако одма да им платиш. Овие зборат преку јазикот на пари и закани со нив ќе се разбереш кога ќе се спуштиш на тоа ниво и вратиш на ист начин со изјавите ќе ве тужам и поголема оштета од долгот мој ќе треба да ми исплатите и со тоа на секоја закана дека полиција стои зад тебе.
     
    На mssuniquee, buba4e89, Luciferka и 2 други им се допаѓа ова.
  2. Celltica

    Celltica Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јули 2020
    Пораки:
    4.237
    Допаѓања:
    27.828
    Не мисли така, цела Македонија е во тешки долгови, што мислиш другите луѓе се чисти ко солза? НЕ се оптеретувај со тоа.
     
    На crimson, Luciferka, cresa-jagoda и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  3. cresa-jagoda

    cresa-jagoda Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јуни 2012
    Пораки:
    8.262
    Допаѓања:
    34.559
    Пол:
    Женски
    За такво нешто уште поголема оштета треба да добиеш од овие психопативе кои ти се закануваат. Затоа ни најмалку страв немај во себе. А и работодавецот во таков случај комотно можеш да го тужиш и да го добиеш случајот.
     
    На Idedemja и Z89 им се допаѓа ова.
  4. VDT2906

    VDT2906 Популарен член

    Се зачлени на:
    4 август 2017
    Пораки:
    4.307
    Допаѓања:
    19.642
    Пол:
    Женски
    Тој или таа што се заканува е некој обичен работник желен мафијаш да изиграва.
     
    На buba4e89, cresa-jagoda, Idedemja и 2 други им се допаѓа ова.
  5. Z89

    Z89 Активен член

    Се зачлени на:
    5 август 2021
    Пораки:
    52
    Допаѓања:
    12
    Пол:
    Женски
    Тоа на телефон што ми го зборуваше таа сакам да го најдат. Ептен беше исмејување, потценување, закани и навреди. Ова сега не е ништо.
     
  6. Z89

    Z89 Активен член

    Се зачлени на:
    5 август 2021
    Пораки:
    52
    Допаѓања:
    12
    Пол:
    Женски
    Женско е, само женски таму беа вработени кога зедов кредит. Барем мислам така.
     
  7. VDT2906

    VDT2906 Популарен член

    Се зачлени на:
    4 август 2017
    Пораки:
    4.307
    Допаѓања:
    19.642
    Пол:
    Женски
    Ти кажав имаше една исто таква кокошка што ми се понашаше така по тел за нејзина несреќа мораше да се престави со име и презиме и од каде се јавува, па кога ми пукна филм и реков не само компанијата туку и тебе лично ќе те тужам за закани. Одма се повлече.
     
    На Idedemja, buba4e89, cresa-jagoda и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  8. Z89

    Z89 Активен член

    Се зачлени на:
    5 август 2021
    Пораки:
    52
    Допаѓања:
    12
    Пол:
    Женски
    За жал не се сеќавам на името а се претстави.
     
  9. VDT2906

    VDT2906 Популарен член

    Се зачлени на:
    4 август 2017
    Пораки:
    4.307
    Допаѓања:
    19.642
    Пол:
    Женски
    Ќе си преслушаат снимки, само да им кажеш број и време кога е барано.
     
    На buba4e89, cresa-jagoda и Luciferka им се допаѓа ова.
  10. Z89

    Z89 Активен член

    Се зачлени на:
    5 август 2021
    Пораки:
    52
    Допаѓања:
    12
    Пол:
    Женски
    Ех да пишев порано тука и ова се да ми го кажевте, ќе имав премногу докази сочувани. Штета. Не се сеќавам ни кога ми се јави. Само знам од кој број.
     
    На VDT2906 му/ѝ се допаѓа ова.
  11. VDT2906

    VDT2906 Популарен член

    Се зачлени на:
    4 август 2017
    Пораки:
    4.307
    Допаѓања:
    19.642
    Пол:
    Женски
    Ќе си најдат не се сеќирај.
     
    На cresa-jagoda, Z89 и Luciferka им се допаѓа ова.
  12. Z89

    Z89 Активен член

    Се зачлени на:
    5 август 2021
    Пораки:
    52
    Допаѓања:
    12
    Пол:
    Женски
    Ајде ќе почекам прво од овие да ми одговорат. Фала ви женски многу.
     
    На cresa-jagoda и VDT2906 им се допаѓа ова.
  13. cresa-jagoda

    cresa-jagoda Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јуни 2012
    Пораки:
    8.262
    Допаѓања:
    34.559
    Пол:
    Женски
    И во полициска станица обрати се обавезно, не чекај.
     
    На Z89 и Luciferka им се допаѓа ова.
  14. Z89

    Z89 Активен член

    Се зачлени на:
    5 август 2021
    Пораки:
    52
    Допаѓања:
    12
    Пол:
    Женски
    Еве ми пишаа од финансиското друштво. Ама што би направиле..
    Screenshot_20210810_162325.jpg
     
    На Luciferka, cresa-jagoda и VDT2906 им се допаѓа ова.
  15. Z89

    Z89 Активен член

    Се зачлени на:
    5 август 2021
    Пораки:
    52
    Допаѓања:
    12
    Пол:
    Женски
    Два дена имав оток на очите поради реакција на вакцината. Два дена сум дома. Вчера биле на работа како што и знаев. Кога видов фиксниот дека од раб ѕвони знаев за што е. Бил некој барал да разговара со некој претпоставен и ме направиле како да сум најголемо ѓубре. Најголем криминалец. Знаев дека се што се случи ќе се се случи. Работник со бедни 15 000 денари никој не сака да го ислуша и секогаш долгот е поради дрога, коцка, лош живот. А таа што ми се јави да ми кажува од што ми бил долгит мене и за фирмата било срам и ми даде рок да се исплатам ми беше на погреб на баба ми и и на бдеење беше дома ни беше, се знае за ситуацијата. Да пукнам да умрам од се ова, најмногу ќе ми биде поради овие бездушни безкичмењаци. И толку, тоа беше се, сега сум и црна дамка и на работа и мета на озборување ако останам воопшто таму, зошто колешката ми претеше со рокови, а самохрана мајка е знае како е сме правеле муабет. Ама добро секој се бори за себе. Јас преку другите не. И може затоа ова го заслужив.
    И писмо ми оставиле и таму и дома. И 40 пропуштени повици на кои и душата да ми ја земат повеќе нема да им кренам.
     
  16. Luciferka

    Luciferka Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 август 2020
    Пораки:
    1.202
    Допаѓања:
    1.738
    Пол:
    Женски
    Јави се кај Адвокатката од твојот град што ти дадов бројче во ЛП.
     
    На VDT2906 и Z89 им се допаѓа ова.
  17. cresa-jagoda

    cresa-jagoda Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јуни 2012
    Пораки:
    8.262
    Допаѓања:
    34.559
    Пол:
    Женски
    После ова не чекај ништо од тоа финансиското друштво да ти вратат и дека тие нешто ќе ти помогнат, туку ангажирај си адвокат уште одма и ќе си ја добиеш правдата. Ги поминале сите граници, веќе ни секунда не чекај, бори се за своите права и за својот мир. Не им се плаши на никој!
     
    На VDT2906, Idedemja, Luciferka и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  18. Z89

    Z89 Активен член

    Се зачлени на:
    5 август 2021
    Пораки:
    52
    Допаѓања:
    12
    Пол:
    Женски
    Секаде треба пари за услуги.
    Да не ви вадам пак слики пак ми имаат пишувано што се замислуваш мори ти. Само тоа го видов понатаму не отворив зошто не можам повеќе.
     
  19. Luciferka

    Luciferka Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 август 2020
    Пораки:
    1.202
    Допаѓања:
    1.738
    Пол:
    Женски
    Објави ги слободно и тука и покажи и ги на адвокатката, не се секирај ќе ти излезе во пресрет или со одложена наплата или кога ќе земиш оштета од ова ФД ДРУШТВО.
     
  20. Z89

    Z89 Активен член

    Се зачлени на:
    5 август 2021
    Пораки:
    52
    Допаѓања:
    12
    Пол:
    Женски
    Готово веќе џабе е се, јас замарам овде како ненормална знам, ама толку ми е тешко што нема со кого да споделам, а секој ден нешто лошо се случува, се нема разбирање, се нема човечност, не сакаат ни да ме ислушаат и плус на тоа и вреѓање и закани и понашање како со ѓубре. Не можам ни нахнадно да најдам работа, па барем нив да им носам по некој денар мир да имам, пишав по групи, огласи пуштив...
    Ништо џабе е се