Не воопшто немој да мислиш дека замараш, форумот е за тоа за совети и поддршка. За закани и навреди ти кажав и јас и други членки која е постапката и начинот за да си ги решиш проблемите Јави се кај адвокатката ќе се договорите сигурно и да не се договорите за правен совет нема да ти наплати сигурно.
Ќе си се договориш со адвокатот дека од оштетата што ќе ја земеш ќе си платиш. Вака без адвокат ништо не правиш, само поголеми проблеми ќе ти излегуваат.
А кои докази ги имам, само таа пораката и сега ова. И што беа на работа. Разговорот нема сигурно да го дадат ќе го избришат и џабе се. Само да се спасам од нив зошто како нешто да ми кажува дека многу полошо ќе си поминам како што ги гледам колку се бесчуствителни и како се закануваат. На работа сигурно ќе доаѓаат уште. Ете пишаа секаде ќе ме срамеле. И јас дека сама ќе изгубам и достоинство и образ, а се почна поради една трагедија која да не се случеше ќе бев како вас, нормална. Немаше да вњ замарам со ова, немаше да патам вака, ќе разговаравме за обични муабети како сите нормални луѓе.
Извини ама од толку совети, ете и членката ти дала број од пријателка адвокат кој може да ти излезе во пресрет ти ниеден совет не прифати. Разбирам дека се плашиш и се ама ти кажаа овде многу жени кој имале искуство или ги знаат законите дека ништо не ти можат и дека таа што ти се заканува е обичен работник. Такви фирми не се служат со закани си имаат адвокати за тоа, нити прва ни последна што им должиш, вака да правеа на сите ќе се најдеше некој лев па таа ќе ја пратеше на државна на реконструкција на фацата не можат така да се однесуваат. По сите совети ти упорно бараш лошо и не прифаќаш ништо.
Па затоа што ми е страв за работата. Што ќе правам ако ги фати инает и ми направат полошо? Што ќе правам после? А и еве и сега доаѓаат прават проблеми а не па да дознаат дека постапки водам против нив. И како да кажам дека од оштета ќе платам кога кој фактор сум јас да одам против толкаво друштво, ни оштета ќе добијам ни правда, само ќе летам од работа и плус ќе влезам во долгови уште.
За да го вратиш брзиот кредит од каде имаш позајмувано други пари? Ако е од обични луѓе, односно од пријатели, тие не можат да ти испратат извршители ако немате потпишано некој договор на нотар за позајмување на пари. Во првиот твој пост си имала напишано дека ти имале испратено писмо и агент за наплата на работа. А потоа пишуваше за идно време, дека ЌЕ одат на работа, а не дека веќе биле. Каде си пријавила, а не си добила одговор? После велиш дека освен на форумов не сакаш да кажеш никаде на друго место. Во првиот пост имаше напишано дека веќе биле кај тебе на работа, а денес кажуваш дека дури вчера биле. Сите ти викаме да се обратиш кај адвокат, ти не сакаш. Затоа земав од почеток пак да те препрочитам и многу нелогичности некако увидов. Не можеш да очекуваш дека некој ќе се сожали и дека ќе ти плати долг кој ти е над 100.000 денари, ако имаш проблем, единствено ќе си го решиш со помош на адвокат. И уште нешто кога ја стави сликата со пораките што ти ги праќале, не се гледа од кој телефонски број ти ги праќаат пораките. А и сликата со повратен одговор на мејл од таа што работи во тоа финансиското друштво ми личи ко ти да си го искуцала сето тоа. А не ко да е скриншот од добиен мејл.
Кој ви побара 100 000? Ви кажав дека ми е катче каде што ќе си ја олеснам душата. Сама да си пишувам закани?? Нема смисла. Ми барала цел ден нелогичности. Јас не знам главата кај ми се наоѓа. Ретардирана сум сама да се заканувам демек и да ви праќам. Знаеш, доволно ми се проблемите. Фала за советите и не дај боже да се најдете во ваква ситуација никогаш.
Тука освен совет друго и не можеш да добиеш. Само адвокат може да ти го реши проблемот, постои и бесплатна правна помош. Спојлер: Број 075 235 837 Ова е број за бесплатна правна помош, друго не знам што да ти кажам. На тебе е дали сакаш да се спасиш или да дозволиш некој идиоти да си играат со тебе.
Кога ги читав другите теми во ова катче те заприметив дека во секоја тема бараш влакно во јајце за да не помогнат луѓето кај што има потреба. Ова што ми го изнапиша и во име на сите што побарале помош и поради тебе се сомневам дека ја добиле, ќе ти пратам моја документација за статус за дете без родители, посмртница од моите, од баба ми, договорите од кредите и цел меил, сите меилови што ги имам во врска со ова и цели разговори заедно со бројот од кој пишале, да се јавиш слободно да провериш дали е нивни. Не си ја црни душата со такви работи, животот е тркало, а и се се враќа. Ме вознемири нахнадно со ова што ме обвинуваш зошто не е вистина и не знаеш како ми е мене и како секој ден со цела планина на душа преживувам. Очекувај порака во текот на денот најкасно до понеделник и те молам немој да одмагаш таму кај што не можеш или не сакаш да помогнеш, не си прави беспотребни негативности, може ќе спречиш некој да помогне, ама само себеси лошо ќе си направиш. Ако ти е потребен уште некој документ, уште некој доказ пиши се ќе ти биде испратено.
Е ова не ти требаше. Со ова си запечати се. Сите ние се трудиме да ти помогнеме, ти даваме совети,подршка а ти вака на членката што се обидува да ти помогне и враќаш??? Се запрестив од твоето колнење Ниту еден совет не прифати, сакаше да ти уплатиме на сметка ама после ова што и го пиша на Црешка можеби ние залудно се трудиме за тебе. Јас се повлекувам, ова е стварно безобразно и неблагодарно.
Сама сум си ги пишала заканите и меилот... Зошто такво обвинување? Тоа не е поддршка. Ете се осеќам должна да докажам и ви благодарам за советите. Ако е неблагодарно да се бранам каде што неосновано ме обвинуваат во ред.
Ако велиш таа те вознемирила со пишаново еве и ти не ја вознемирувај со дополнителна документација, нема потреба на неа или било кој да се докажуваш. Членката е модератор има право подиректно да анализира и потпрашува ма да и секој член го има истото право, само модераторите имаат поголема обврска да се грижат за безбедноста на сите тука и твоја исто така. Друго бараш помош, ја доби, значи неколку дена константно те советуваме што да правиш. Ако очекуваш и посакуваш пари ете твоја работа никој не ти брани, ама и самата гледаш дека никој и не нуди освен помош како да излезеш од проблемиве со гордо дигната глава. Јас на твое место бар пола од понудената помош тука ќе ја искористам. адвокат, тужба, одбрана и уз пат прва ќе си дадам отказ од раб. место каде те третираат така како што опиша откако овие ги гњавеле во врска со тебе и каде колешките иако се ти знаат и ти се преблиски те третираат така како што опиша. Не си ја мачи душата со таква погана работа, надредени и колеги и во таква токсична раб. атмосфера.
Никој не те обвини членката беше прецизна. И јас приметив дека ги менуваш исказите и исто така ништо не прифаќаш. Наместо да седиш тука и куцкаш на тастатура фати јави се на адвокат да ти помогне да излезеш од проблеми.
Членката никаде не ти рече дека сама си пишувала или нешто такво слично. Таа само ги разгледала сите твои пораки и ти укажам дека има нелогичности на кои треба да се обрни повеќе внимание да се објасни подетално како е случајот за да може да се даде совет кој повеќе би ти помогнал во случај да ги имаме сите факти напишани со смирена глава и без стрес ќе можеме да дадеме целосни мислења кои се правно а пред се човечки издржани. Те разбирам дека поради твојата состојба и вознемиреност не можеш да ја согледаш ситуацијата и тоа членката што сака да каже со постот но тоа лесно ќе го разбериш кога ќе прочиташ со ладна глава и ќе разбереш дека членката и сите ние други сакаме да ти помогнеме.
Кажав неколку пати ви благодарам за советите но за мене посебно сега не е туку така лесно отказ да дадам. Со адвокатот од кој добив број ќе контактирам доколку сака да ми даде правен совет, само ви кажав после сите закани се плашам а не дека отфрлам совети. Разговаравме како да не ме вознемируваат овие, не за да ми дадете пари. Кога пишав во првиот пост бев очајна многу, очајна сум секаде и секогаш, сум пишала може за пари, но не ви барам жалам што таков дојам имате. Само, ништо од ова не е лага и уште повеќе ми е лошо кога некој ме обвинува. Фала уште еднаш и се извинувам, многу работи ми се пишани во очај и стрес.
Во првиот пост бараше некој да ти плати барем дел од долгот. А со нешто ситно не се решава проблемот. Туку треба да се исплати целиот долг. Ако стварно тие што ти дале брз кредит ти се закануваат, 100 пати и јас и другите ти рековме дека воопшто не треба да се плашиш и дека ако ги тужиш со доказите кои ги имаш, треба да ти платат оштета за целиот стрес и страв. Ама ако тие не ти се закануваат, не те вознемируваат на работа и дома, туку имаат човечки пристап и толеранција во тој случај ќе мораш да си го платиш долгот и адвокат не може да ти помогне. Затоа ако ти се закануваат и те вознемируваат, се однесуваат ко лихвари, тогаш не знам зошто не ги послушаш нашите совети и не се обратиш кај адвокат. Ете друга членка ти дала и број од некоја добра адвокатка во твојот град. Толку страници се испишаа со совети во темава, а ти кажуваш како поради мене не си можела да добиеш помош. Па баш земи изброј колку совети само од мене доби во темава. А ако не сакав да ти помогнам ни збор немаше да ти напишам. И не знам во кои други теми си ме читала па поради мене и други членови не можеле да добијат помош, јас сум барала влакно во јајцето. Кога некој бара помош треба да биде целосно искрен, а не да пишува еднаш вака, друг пат така. Нормално дека кога има некои нелогичности секој има право да те праша да разјасниш.
Да не се вртиме во круг еве уште 10 000 пати ви се заблагодарувам за советите, од други места каде должам се однесуваат цивилизирано, но тоа што ви го пратив од тоа финансиско друштво е тоа што ми го пишале и така комуницираат со мене дали по пораки или на мобилен. Разбирам дека никој не може да ја сфати ситуацијата, но не е така лесно отказ да се даде ни да се тужи некој. Само, зошто веќе сум се изгорела како неинформирана, сега не сакам да правам грешки. Што би било пример кога се договорам со адвокатот да платам од оштетата а оштета не добијам? Уште еден долг. Затоа детално размислувам, а не отфрлувам совети ко што сте процениле.
@Z89 Не можеш да бидеш дрска и да се лутиш што луѓето се сомневаат во вистинитоста на проблемот. Разбери дека е ова анонимен форум и секој може да се логира и да напише било каква приказна, а ние како членови не можеме со сигурност да знаеме колку е таа точна. Ти посочија нелогичности во приказната, ти го игнорираш тоа и ги напаѓаш членките, кои патем те насочија многу добро во однос на тоа каде да бараш помош. Пари не треба никој да ти даде додека од администрација не се провери веродостојноста на твојава ситуација. Пошто имало многу ситуации кај што се воспоставило дека со лажни хуманитарни акции се извлекле пари од луѓе. На анонимен форум тоа е и полесно отколку јавно со име и презиме. Не викам дека лажеш. Ама проверка мора да се направи пред да се делува на директен начин. Мое искуство од пред некоја година, исто од форум. Членка со тажна приказна со смрт на родител и физички хендикеп бараше помош во вид на финансиски донации. Се организиравме и собравме значителна сума на пари и и пуштивме на сметка. После неполни два месеци, истата на друга тема се пофали со слика од нов ајфон. Изгледа мислеше имаме заборавено која е. Многу е лесно да се тужи некој во ваква ситуација. На овие доволно е да им испрати адвокат опомена пред тужба и ќе се посерат.
znaci koga dete bez roditeli ke napolni 18 i izleze od dom mu davaat 3000 evra i stan ili kuka pod kirija i 15 000 sekoj mesec dodeka ne se vraboti nemoj da kazes ne e taka zatoa sto kaj nas e taka,i godinava devojce od dom so sestra mi genracija e,i taka e, nejze i dadoa pari i zivee vo kuka pod kirija sto i najdoa i plus sekoj mesec ke i davaat po 15 000 den dodeka se vraboti ,ima i 2-ca braka postari na edniot mu dadoa socijalen stan drugiot vo germanija otide (dovolno e da ne raspravam tugi zivoti citav pak tvojata zivotna prikazna, ne velam ne e taka no kolku sto razbrav ti duri po fakultetot si izlegla od domot i togas prvo kaj baba ti pa ti dale socijalen stan i si se vrabotila? i odma po vrabotuvanjeto ti si otplakas nesto po 6 000 den ? pandemijata trae eve veke godina i pol i ti seuste si otplakas t.e 'ti sopiraat na plata" po 6 000 den? toa ko kredit izgleda,izvini i ti otanuvaat 9 000 den i nisto ne ti ostanuva otkako ke platis struja (bez koja nemozes) zar toklava smetka za struja pravis a sama si ? e izvini no mobilniot moze da prekines i da si kupis na karticka taka nema ni da zvonat i maltretiraa ke si imas nov broj vo istiot toj period ti vadis kredit i po 2 meseca baba ti pocinuva od korona no ti tolku "neiskuna" i pokraj toa sto si videla deka si zgresila so brz kredit , pak vadis brzi krediti eden po eden i ispaga deka nisto ne si plakala samo si trupala neplateni rati na poveke krediti nisto ne stima vo tvojata prikazna zakrediti ke skratam mnogu dolgo stana ti ni sovet baras ni nisto,baras samo nekoj da ti plati kreditot a eve ti SOVET zasto i da ti odbivaat tie "6 000" (sama rece prijateli za hrana ke ti pomognat) , a site 9 000 den "od plata" (iako mislam deka voopsto i ne rabotis,moze gresam neznam ,tuku bas deka si nevrabotena ne si mozela da izvadis kredit od banka pa aj brz , zatoa i sega demekne moze daizvadis od bakna i pokries ovie krediti), ke otkazes mobilen ,( nov broj na karticka koj ako stvarno te maltretiraat nema da go znaat) i se drugo i tie 9000 den ke si gi davas za ratite iako okolu brojot kolku sto znam moze da se blokira secij broj ,da smenis email i sl, neznam zosto dosega ne si gi blokirala) a dokolku ne gi davas realno i si zasluzuvas da ti blokiraat smetkata do otplata na dolgot a dokolku stvarno te maltretiraat prijavi si vo policija stom advokat ne sakas iako mislam i da sudis tesko da dobies osteta za tebe, ke gi kaznat samo na drzavata da platat, dokolku gi kaznat pocni da si vrakas kreditot a za hranai smetki za struja ke se snaogas , za toa lugeto poveke ke ti pomognat otkolku sto baras rati za kredit da ti plakaat! au cel referat napisav ,uste ne se doiskazav ama dosta bese