Ок, да не ја полниме темава со различни ставови и да не избегаме од темава, сепак јас би можела да помогнам околу работа за летниот период во Грција, доколку некој е заинтересиран, нека ми прати лп за да не дојде до недоразбирање и дискутирање за тоа како, што, колку се работи во Грција итн. сепак јас би можела да напишам цел роман за оваа тема, половина и повеќе од мојот живот го поминав во оваа земја, така да кој сака слободно нека ми пише лп и колку можам ќе помогнам
Тие што се испод 18 год,не барајте работа на некои места што се изложени многу на инспекции,или ептен јавни места.На пр. Центар.Лани летото јас работев во Дојран,на шанк,кога ќе дојдеше инспекција одма не мењаа тие што бевме под 18 години.А инспекција дојде само еднаш,у цело лето..Рачунајте и дека нема да ви даваат целосна плата,зависи тоа од газдата..али у повеќето случаи така е..
Ме интересира конкретно за Италија, не е за мене ами за еден другар, сакал да дојде да работи, па сеа збирам информации како би можел да дојде ...
Kallias јас сум заинтересирана за работа во Грција ова лето па ако си во мозност да помогнеш, доколку имаш некоја понуда пиши ми во лп..ти благодарам
Здраво feminki јас сум нова на форумот и ова лето би сакала да го искористам за работа и да заработам некој динар а да се заработи нешто добро би мозело да биде само во странство, па би сакала да работам во Грција по мозност би сакала за chalkidiki ili Sani, па ако некој има било каква информација или понуда нека ми пише.. Однапред ви благодарам
хмм..би можел да дојде или со група работници,со некој предузимач што води работници во странство.т.е поточно овде или ако има некој познат па да појде кај познаници и да бара работа ама не го советувам на таа опција..голема криза е нема работа никаква...единствена опција му е со предузимач да дојде овде на сигурна работа онака нека не си ги троши ни парите ни времето
Ако има некоја од форумот заинтересирана за работа во Грција за друштво бидејки сум сама слободно нека ми пише во лп би мозеле да одиме заедно и да бараме..
И јас сакам ама за во Скопје. Мене ми се чини, или никој не сака да те земе за "само 3 месеци???" Ко демек некој ке потпише животен договор. Јас веке стварно неам живци да барам. Ако има идеја некоја феминка, нека каже. П.С. Не ме бива за конобарица, шанкерица, плесачица, певачица, за месење бурек и за да некој се иживјава со мене. Во се друго сум ПРОФЕСИОНАЛЕЦ.
И јас барам работа за летниот период. Имам 18 години и живеам во Скопје. Би можела да работам било што, освен како келнерка/шанкерка... Доколку ви се наоѓаат некои информации или огласи ве молам пратете ми во ЛП. Фала однапред!
И јас барам како продавачка во продавница , бутик после 22 Мај Ако некој има информација нека пише во лп
Сезонска работа за малолетни лица Па вака... Сакам нешто да работам, било што значи несакам и ова лето да ми помине вака во безделничење. Сакам да почнам нешто да работам едвај интересно ќе ми биде. Ајде кажете некоја креативна идеја што би можела да работам?? Инаку живеам во мало градче
Дали некој имал искуство со Младинска книга? Гледам на најди работа има оглас ставено и ме интерисира какви се условите, плакањето итн? ЛП ако може.
И јас би барала,ама во мојов град освен да миеш тањири во кафич попаметна работа нема.Ма да мислам дека единствено шо би можела да работам е да делам слики по свадби,не е нешто напорно 500 денари 500 никој не ти ги дава
Таа книга е со дебели корици, се работи за шопско- неинформирански стил, многу луѓе ја имаат прочитано, не знам како не си ја сретнала до сега?