Здраво дали ви се случило работодавецот сам да ви рече да идете да се пријавите во завод за вработување?
За што да се пријавиш? Прво вработување ти е? Ако да, тогаш да, треба прво да се внесеш сама во систем во завод, како невработен. За после он да може да те пријави...
Здраво, барам работа како келнерка без работно искуство, за месец јули и август. По можност во тафталиџе, карпош или дебар маало
Искуство со работа во општина? Ќе Ве замолам без непотребни коментари, не сум упатена баш таму како што се работи?
Епа зависи од позицијата.. Работа во општина е широк поим. Тоа е како некој да рече - барам мислење за работа во болница, без да каже дали е сестра, доктор, болничар, хигиеничар
Здраво Во потрага сум по работа - Java програмер, имам 2 и пол години искуство на истата позиција. Ги следам огласите на Linkedin, но доколку знаете некоја фирма која што активно вработува, или имате некој близок што е задоволен од работењето во одредена ИТ компанија, би Ви била благодарна доколку ми предложите.
Предложете агенција што посредува со работа на дневница;делење флаери на парфемерии,од казино,тикети,промо ваучери...Не мора за секој ден,може неколку дена во неделата...Или промоции на штандови пред супермаркети..
Здраво ми треба информација, не е лично за мене. За работа во бутиците, молови. Кај имаат огласи? Или директ во продавница да се бара?
Ве молам, ако има некој што знае да ме упати каде да најдам нешто да подработувам, било пишување текстови од дома, преведување филмови, правење видеа, едитирање видео и аудио, било што... Не мора да е фул тајм, може на проекти да биде. Очајно ми требаат пари, не можам да преживеам...