Дали прашуваш за игротеката? Ако е за тоа ќе пишам јас инфо, ако сум разбрала погрешно се надевам ќе му користи на некој информацијата. Слободен ден вторник, викенди празници се работи, се работи по 6 часа Прва смена од 10-16 втора од 16 - 22 Меѓусмена од 14 до 20 така нешто и два дена во неделата по 8,8ипол часа се работи од 13 30 до 22 вечер, пријавен на 25 000, а плата 32.000 ден. Јас не прифатив бидејќи слободен ден исто како да го немаш, 32 000 не е лошо ама една година ќе чекаш да ти покачат дали 2 000 ден, работата не е тешка, оставаат деца и само им даваш формулар да потпишат со нивни податоци ако нешто има да се јавиш да дојдат, родендени кога слават е малце напорно на сите страни си и не знам, ако не искачаш некаде и сакаш само да работиш супер е, менаџерката е мк и фина е, ама тоа што стално бараат работници е поради тоа што никогаш не си слободен, не дека работата е нешто лоша или луѓето... Малце се претерува за 32 000 да немаш викенд да излезеш.
Дечки, аплицирав за оглас за пакување на мали пратки, од кариера, ништо не пишуваше на огласот ни работно време ни плата само пакувач на мали пратки, ми се јавија и кога прашав нешто подетално да ми кажат, жената ми рече ќе Ви закажеме интервју па ќе видите, сериозни се овие дека некој ќе одвојува време за нив да им иде на интервју а не може да пишат најосновни податоци на огласот?? Или е до мене нешто? Јас одбив, па ако некој иде нека сподели искуство, би му била благодарна... И генерално вака ме интересира што мислите за огласи кај што ништо немаат напишано??? Слабо аплицирам по интернет ама ова некако не знам колку е во ред да се нема основни инфо
Јас бев на тоа интервју, сабајлето во 10 ми се јавија за поручекта во 16:00 да одам на интервју, каснеа 40мин т.е 16:40 влегов и 5-10 минути траеше, само кај сум работела претходно ме праша тој и ми објасни што се работи. Не е само пакувач на пратки туку позицијата е магационер, се правиш од прием на роба, до лепење декларации, пакување, редење рафтови, чистење дуќан и слично. Плата 27.000ден, пон- петок од 08.30 до 16.30 само не знам според што они ќе одберат човек кога сите по 5-10мин не држеа и никакви прашања не поставуваа, а и жената на телефон што ми се јави многу некултурно звучеше, прво ми вика Накај 4 слободна си? Викам да, значи накај 4 да дојдам? И вика Чекај, не може така си има термини ама тонот на гласот беше ко којзнае што да сум прашала, а и непрофесионално беше се, се изначекавме сите таму. Не знам зошто не ги пишат обврските кои се туку се кријат, глупост невидена. Подобро што не си отишла.
Еве го и линкот да не лутаат низ пребарувања. https://forum.femina.mk/threads/Искуства-со-фирми.35246/
Барам работа, итно најитно. Важно ми е да е прва смена, евентуално втора/измеѓу најдоцна до 19-20 да би можела да бидам дома. Напоменувам, бремена сум 4ти месец, со што до април би била во можност да работам. Имам 1 ипол година искуство дигитален маркетинг, 2 години дата ентри, 3 години директна продажба. Аплицирав секаде, па и Кам и Стокомак за на каса - одговор од никаде. На апворк на 100 огласи имам пуштено, одговор нема.
Ццц каква багра, па што не напишале магационер а не пакување на мали пратки, значи излажале, страшно какви огласи, кариера.мк треба да ги брише овие што лажат за работа
Да им пишеш мејл на Геа, https://genderequalityalliance.org/ Мислам дека може ќе помогнат, соработуваат со куп фирми, сите се жени на раководни позиции. Макар и пракса да ти најдат ќе биде супер. Срочи го убаво, реално ова е дел од проблематиката на жените, ниеден маж не се соочува со ваков тежок проблем.
Има ли некој што работи како оператор во Кромберт Скопје?? Ме интересира навистина ли од пон до петок работат, плата од 45-48000? Се сменија ли малку работите?
На многу места испаѓа дека е вака. И за продажен асистент истово. Бев на интервју за во бутик, за продавач, ама ти бара да им работиш работа за тројца по можност. Примање роба, редење во магацин, продавач, да средуваш онлајн продажби, да редиш, да средуваш и дуќан и излог итн. А плата мала.
Некој искуство во нептун, техно маркет и телеком во правен сектор? Јас не знам дали си имаат веќе вработено и така им се огласите или јас сум баксуз бидејќи имам аплицирано на преку 30 огласи изминстиве месеци одговор слабо…
Zdravo sakam da najdam dopolnitelna rabota kako redac na roba vo marketi, nekoe iskustvo dali ima nekoj i dali sama treba da kontaktiram zastapnici na nekoi proizvodi ili ako imaat potreba pustaat oglasi ?
Ве молам! Ако некој случајно прочита, да ми каже, да ме упати, да ми предложи... Седам без работа дома, здрав, прав, паметен Е, сега, не ме бива за физичка работа (одма ќе земам боледување). Од таленти имам талент за пишување, преведување англиски-македонски-англиски, екстра високо ниво на комуникација и работа со клиенти, љубезност, идеи ми идат 24/7, пишувам сѐ што може да се напише, во секаква форма, се разбирам од музика, од уметност, сакам да цртам, се занимавам со аудио и видео обработка/монтажа, имам искуство во односи со јавноста, сакам работа со клиенти, брзо куцам, ефективен сум во однос на побараното и времето за кое го доставувам производот... Постои ли нешто, да аплицирам? Стварно не знам више кај да се обратам, више пукнав.