Аплицирај на повеќе места, во пекари и сендвичари најчесто не бараат cv, особено во тие што не се толку познати, ако не дели флаери на почеток, и тоа е нешто, промотер на штандови.. Прво почни од негде, после зависи за што имаш афинитет, од агенција за вработување можеш да аплицираш за бесплатен курс во Семос, за програмирање, има и други области, ќе видиш и таму можеш да аплицираш за бесплатен курс.. Се зависи што те интересира, ама прво почни да работиш било каде, да стекнеш работна навика, па после се по ред.. Ако ти треба помош некаква, за пишување CV, за како да си го средиш Линкедлн профилот, страни за каде да бараш работа, слободно пиши ми ќе те насочам..
Тешко веќе врски, не е како порано што било, сега ги викаат на интервју сите како што сум слушнала, особено младите.
Ако ја знаеш работата начелно, тоа е, нема нешто посебно да се каже, пишувано е и во другана тема. Со имаш KPI, зависи од проектот и јазикот какво ќе ти биде работното време и платата, баш ѕирнав пред некој ден, од 45.000 па нагоре. Мислам дека имаат тестирање некакво пред да те викнат на интервју, некои проекти дозволуваат работа од дома. Сума сумарум, битно е за кој проект регрутираат, ама корисничка поддршка е тоа па тоа, луѓе и нивните проблеми, по телефон, чет или мејл, или сите три. Најпаметно е да си аплицираш и да испрашаш и видиш сама што ќе ти понудат, за сѐ друго може само да погодуваме.
Ректинг не е кол центар, си пишува, агенција за истражување на пазарот. Тоа се стандардизирани анкети кои се прават телефонски, на одредена тема. Пример, анкета за зголемувањето на цените во маркетите во Хрватска (лупам како пример). Значи се јавуваш кај луѓе или компании и прашуваш дали се расположени да одговорат на одреден број прашања, зависи од темата.
Што да зборуваат на англиски? Веројатно во повеќето компании можеш да се вработиш иако не зборуваш македонски, само битно е што знаеш, а не што не знаеш
Здраво, барам работа со германски јазик. Поточно родена сум во Германија го знам јазикот, и после долги години размислување дали да си дојдам у мк, се одлучив за тоа. И би сакала да се вработам во некоја германска компанија, за комуникација, само што не сум запознаена со тоа и незнам како би дошла до тие работни места. Знам дека карши Jumbo има канцеларии кој што нудат работа доколку знаеш германски, ама незнам како да дојдам до нив. Ако некој има искуство или пак знае ве молам пишете ми. Благодарам
Teleperformance и Transcom Macedonia, сигурни фирми и бараат кандидати нон стоп. Знам повратничка од Германија ја примија одма во Teleperformance и многу е задоволна, за брзо и ја унапредија. https://m.facebook.com/TeleperformanceSkopje/ https://kariera.mk/company/pei2mPUNhEOmrnV4a1knTw/transcom-macedonia
Ќе отвориш огласи, вработување, кариера и кој оглас ти одговара ќе си аплицираш. Користиш интернет штом го користиш форумов, изгуглај на гугл и ќе ги најдеш. Бар во 21 век е лесно.
Како мислиш работа за интроверти? Ваљда за да ти дадеме предлози треба да кажеш струка, искуство, вештини.. Ако не сакаш да работиш со луѓе, можеш со земјоделие да се знимаваш, се бараа овчари знам пред некое време, или во некој градинарски центар.
Здраво, пиши ми можам да те препорачам во concentrix. Компанија која може да ти понуди работа ако знаеш германски јазик
Не ти е соодветен коментаров. Препрочитај се. За Скопје... Па нз, ама пробај со content writing, data entry на Upwork. Побарај Veeva, аплицирај. И да, пиши што образование имаш и што искуство.
Сосема е соодветен. Интровертен човек не сака да работи со луѓе. Јас кога не сакам да гледам луѓе, одам во викендица и си ја гледам бавчата, патлиџаните, цвеќињата. Има нешто несоодветно во тоа? Твоите предлози можеби се сосема спротивни на вештините на членката, како ќе го работи сето ова ако нема компјутер дома, ако не знае го користи, ако не знае да пишува. Туку така се станувало content writing. Од тоа што членката го пиша, јас тие идеи ги добив.
Членката никаде не пиша дека не ги поседува тие вештини. Плус во денешно време ретко кој не знае како да користи компјутер поправило млад човек. И да се разбереме не е интровертен човек што не сака луѓе и не сака да гледа луѓе. Тоа значи дека сака да работи сам, со помал тим, да нема главна улога или центар внимание. Не да ја праќаш овчар да биде бе. Боже господе. Не е крај на светот па ај мрш на врв на планина. Има многу работни места за ваков карактер, back office позиции.
Кога го прочитав првичниот одговор ваква бев Не значи дека не сака воопшто да гледа луѓе. Сакале нејќеле нон стоп се соочуваме со луѓе дали дома дали во продавница и т.н Еве јас после долги години работа со луѓе најголем дел во продажба не сакам веќе да работам таква работа. Толку ми се дојдени преку глава луѓе без осет. Ама со колегите никогаш не сум имала проблем. Работни позиции како што се back office или други позиции каде што немаш толку тинтрања на клиентите би ги работела со задоволство.
Вашето его изгледа е најголемо, а и веројатно мислите дека патлиџани и овчо сирење растат у Веро. Штом предлогот овчар или бавча за некои членови е навредливо, треба да размислувате какви сте вие и вашите коментари, а не јас и моите. Сѐ што ти пиша е твое мислење за тоа што мислела членката да каже дека бара и дека сака, ама не можеш да тврдиш дека си во право. Членката да знаеше што мисли и сака, ќе пишеше.
Немам искуство. Не ми е важна платата колку што ми е важно да почнам со работа само за да надминам стравови. Имам социјална анксиозност и ме кочи од правење било што. За почеток барем да биде само една смена или скратено работно време.
Добро, ве читам малку поназад низ темиве, ама не ми се верува значи што читам. Една јадела по 8 пати во денот, друга вели било изживување една пауза само да се имало, на трета и е незамисливо да нема персонализирано биро со срценца и сликички, и последново, што е капак, е потценувачки однос спрема оние кои БУКВАЛНО ја ствараат храната која ја јадеме! Па вие, извинете вака, ама што се замислувате бре, кои сте? Па самата кралица работела како автомеханичар во сопствената војска за да помогне. Вам круната кај ви е? Расправате некои си Х суми кои ама никој не ви ги должи за да си лакирате нокти и да се преправате дека работите нешто пред шефот, а штом дремите тука, значи ни тоа го немате моментално. Ама битно сите која од која попаметни. Ставете си малку прст на чело, погледнете се во огледало, и идете малку надвор, touch grass. Секоја онаа која гледа од извесна надморска висина на земјоделците и сточарите, заслужува и те како да плаќа литар млеко 300 денари. Толку.