Ама што ти е струката, што имаш завршено, што знаеш да правиш, што ти е интересно? Ако не дадеш некој хинт, ептен тешко. Отвори огласи и одбери си каде мислиш дека можеш да аплицираш.
Божее, не разбирам зошто предлогот за земјоделството се сфати како лоша опција. Прво здрав начин на живот, второ мислам многу подобри финансиски можности во споредба со некои други области, како што е content writing. АI никакои не може да те замени Знам едно девојче кое си чува кокошки и продава јајца. Исто така, има и овошје замрзнато кое го продава. Сега нарочито со healthy lifestyle, органски производи, домашно производство ехеее.. Или пријател на татко ми што чува пчели, па 1200ден е тегла мед бре. Или оние што прават healthy peanut butter. Луѓето кои работат вакви работи заработуваат и те како добро. Еден инста профил, комуникација преку пораки и само карго треба да исконтактираш..
@LoveRain Интроверт и социјално-анксиозен човек се две различни нешта. Бидејќи си во втората категорија, размисли дали те фаќа анксиозност од луѓе и гужви или од идејата да донесуваш одлуки да имаш работа со поголема одговорност и притисок? Нормално, не е само поентата да се каже, биди овчар. Кога и за таму во одредени ситуации мора да дејствуваш лидерски, одлучно и сл. Па така, би ти рекла, прво замисли во какви ситуации најдобро мислиш дека би се снашла и какви првични вештини поседуваш. Може да пробаш да работиш фриленсинг од типот пишување од дома или пример, работа во салон за миленици или библиотека. Некое такво место со не толку висока фреквенција на комуникација и притисок. Но, најмногу од сè би ти предложила активно да работиш на намалување на анксиозноста. Чекор по чекор, може да си водиш дневник, па и да работиш со психолог
За каков крај на свет пишуваш па тоа да значи „мрш на врв на планина“? Овошјето, зеленчукот, јаткастите плодови, млечните производи и сл. не настануваат во маркет, а земјоделие има и во градовите. На оваа тема: другарка во друга држава има изнајмено бавча (во развиена држава, во сред град) и повремено ја посетува и има доста продукти што инаку би морала да ги купува. Во Македонија, ако некој сака такво нешто, има луѓе кои ги изнајмуваат своите бавчи на други (неретко и за производи како возврат, пример - процент од производите, не бараат пари или пак само плаќање дел од комуналии) бидејќи самите не се во можност да ги работат од различни причини. Ако некој сака и бара таква опција, да знаете дека постои. И програмерите треба нешто да јадат А како што пиша членка погоре, сега како што има пазар за здрава храна, никогаш немало и е одлична можност за развој. Во зависно од регионот и периодот, може да се одгледуваат многу различно овошје, зеленчук, чаеви, зачини. Некои од нив се лесни за одржување, за некои треба повеќе искуство.
Мои пријатели во Србија одгледуваат малини, не многу голема површина и годишно вадат сигурно поубава плата од тој што работи content writing. А треба само залевање, и тоа малку, имаат супер погодна почва и буквално сами се растат. Само треба да се наберат кога ќе стасаат, доаѓаат од фабрики за преработка, товарат, плаќаат и чао. А кој искочил од канцеларија макар еднаш и отишол на пазар, знае колку се скапи малините (земјоделските култури општо). Ама ете, научивме дека е навредливо да сакаш да бидеш земјоделец, овчар, да имаш фарма со кокошки, само компјутер се важи.
Аптека во с. Батинци бара фармацевтски техничар со искуство. Генерално се работи само прва смена, неделите се слободни, саботите една во месецот максимум. Празници не се работат. Доколку некој е во потрага по ваква работа контактирајте ме во инбокс.
Можеш да почнеш во некој контакт центар, за да се олабавиш да збориш на телефон и полесно ќе ти биде, па понатаму и со луѓе во живо. Ако успееш да најдеш нешто администрација со маилови и на телефон и тоа ќе ти помогне.
Здраво на сите! Ме интересира кој е најдобар call center со англиски јазик во Скопје? Кај нудат најдобри услови за работа? Ви благодарам многу!
Само со англиски потешко, претежно се втора смена, амерчкиве фирми. И зависи што подразбираш под најдобри услови.
Здраво Abel. Па под добри услови подразбирам пред се работна атмосфера, колегијалност, солидна плата и дали се цени трудот и дали имаш простор за унапредување. Работам во Таскфорс Прилеп и освен платата што е во ред друго ништо не ме бендисува ни колегите. ни работната атмосфера. ниту пак има простор за унапредување. Сметам дека не вреди да одам само за пари на работа ако се нервирам со секоја минута од токсичната амтосфера. Ме интересира како е ситуацијата во Скопје, ако си запознаен со некои постабилни фирми те молам пиши. Сакам да се преселам во Скопје по надеж за подобар живот оти овде во Прилеп е сето извинете вака ама "тешка сељачана". Поздрав.
Не е кол центар, ама Talkr ти е добра outsourcing фирма кај што вработуваат Customer support агенти, ама имаш и други позиции како Customer success manager, data entry, marketing, graphic design, зависи што те интересира и од што имаш познавања. Можеш да ги најдеш на Linkedin, да видиш моментално што отворени позиции имаат. Во принцип, мислам дека нивните израелски клиенти повеќе плаќаат, ама не ги препорачувам нешто нај, додека кај англиските може да почнеш со малку пониска плата (зависно каква позиција) ама работната атмосфера е многу позитивна, луѓето со години се задржуваат кај нив, и имаш можност да работиш целосно remote, или да одиш од канцеларија, значи како сакаш ти.
Не ги познавам фирмите за да можам да ти кажам за работната атмосфера, ама во поголеми фирми не можеш да не очекуваш различни ситуации и различни карактери. Ако тоа ти пречи, гледај да побараш некоја помала фирма, пак и таа потрага не зависи само од твоите желби, туку и од образование, искуството. Мој совет секогаш е да аплицираш и сам да процениш што ќе ти одговара, затоа што секое искуство е лично, и можеби не ја одразува релната атмосфера во една фирма. Пак велам, само за англиски потешко, пробај во Транском, мислам видов оглас за англиски, ама атмосфера и простор за унапредување не би знаела да ти кажам, имаат три-четири канцеларии само во Скопје, многу луѓе, многу карактери, тоа ти е како мачка во вреќа, не можеш да знаеш како ќе ти се погоди предвреме. Имаат мислам можност за работа од дома.