Дали може некој да ми залепи шамар? Не не. Сама ќе си залепам. Значи каков автогол си дадов. Бев на интервју за работа за во кол центар како нов проект кој би отпочнал во самата фирма. Клиентите би биле странци, значи на англиски јазик и поврзано со финансиски дел, контакти за плаќања и сл. Се претставив добро, рекоа дека сум соодветен кандидат. За подетални услови рекоа кога ќе почнел проектот ќе знаеле и тогаш ќе го продискутираме. Дојде точка за платата. Ме прашува едната колку сметаш. И јас, глупава, велам пааа 27 28 илјади. Ахам добро рекоа. Потоа на пат накај дома ми текна што реков, што е работата, странски пазар, обука онлајн од странци, кол-центар и реков најди го првото дрво откачи ја главата. Кога ќе имале подетални информации и ќе почнел проектот прашаа дали да ме побараат, реков да. Дали сега на вторпат можам некако џа поправам грешкава и да кажам повисока плата? Би било глупо? Знам дека преку плата односно цифрата што ќе ја кажеш, кажува и за мислењето што го имаш за себеси, колку вредиш. На два јазици знаење, на високо образование, јас побарав трошки. Се нервирам што изгледа ништо не сум научила од животов. Мислења?
Види вака, тие фирми што ги имаат проектите плаќаат големи пари на посредниците т.е. на outsourcing компаниите тука. Имам слушнато дека за едно работно место зимаат измеѓу 2500-3000 евра и гледаат да плаќаат помалку за да нив им остане повеќе. Така да ти си им се погодила, ем стручна ем си се понудила евтино. Навистина си се потценила, па минималец е 25К, во маркети и бутици зимаат безмалку 40К. Јас никогаш не прифатив понуди за 30К и тоа пред 3 години кога ми нудеа и ми беше понижувачки. Они секако ќе гледаат да ти направат филм дека ќе ти зголемат после некое време ама и тоа земи го со резерва, типично мачкање на очи. Во фирмата кај што одбив 30че таквото ветено покачување излезе дека е 3000 после 1 година. Кога ќе ти испратат понуда и ќе стои платата што ти ја нудат, слободно пиши некако на поедноставен начин дека си се збунила и погрешно си се изразила. Не е глупо, преговарај и друг пат цени се, немој да изгледаш очајно или нестручно. За таа работа по огласиве гледам почетна нудат 50К, а знам личност што работи кол центар на германски исто на проект и зима 80К. Ова ти е за да имаш отприлика орјентација за во иднина. Со среќа.
Ете видиш не знаев за ова што ми кажа што им давале проекти. А така и спомна едната, дека би бил проект којшто би почнал наскоро. Не знам што ми дојде во моментот, за да не испадне дека се филмам, реков како нешто најминимално, демек да не пуцам одма високо. Ама што велиш се платени проекти и овие само бараат работници, па минимум ќе ги платат. Е па да ти кажам, иако ја кажав таа цифра, ако дојде до вторпат ќе кажам повеќе. И јас знам дека ги плаќаат многу, ехее по огласи сум среќавала. Кој момент ме тера така да се поставам, само јас треба да си помозгам. Да, наредно ќе кажам дека сум размислила подобро и дека првично од небрано сум дала таква цифра, но со оглед на јазиците и мојата професионалност, заслужувам барем 600 евра. И ако не им одговарам, и не прифаќам, не, за под 30 илјади не вреди.
Барам работа како графички дизајнер. Имам 4 години работно искуство. Отворена сум за било какви работни задачи на струката, важно ми е само да работам од дома.
@elenaklasik не си згрешила. Ако во моментот не работиш, сосема е ок. Фино е доколку ти понудат работа, пред да прифатиш/одбиеш да ги прашаш на кој начин оди покачувањето. Скалесто, процентуално? Дали имаат мерка/ таргети по кои се водат за еден ден да добиеш покачување. Да, ти си понудила 28.000 притоа не ја знаеш тежината на работата. Дали за три месеци би имала разговор со одговоени за твоите и нивните очекувања? Нешто во тој стил можеш да прашаш. Како што разберав си немала претходно искуство во таа област. Така да, секоја додатна обука, знаење е плус.. ако нема што да изгубиш цо моментот.
Здраво, дали има некој искуство со мерчендајзер мислам поточно на оние што дополнуваат редат козметика/шминка по дм, космо дали би можеле да ми помогнете би сакала да најдам таква работа. Како де движат платите и кај да аплицирам за таква работа по огласите за вработување нема .
Студент сум и сакам летото некаде да работам.. Незнам што се можам како студент да работам а при тоа да не сум осигурана, единствено нешто што ми паѓа на памет е кафич. Досега немам работено никаде, не ми е ниту еден чекор јасен што треба да правам, како да аплицирам, кај да барам работа. Секој совет би ми бил добредојден. Конкретно за Скопје ме интересира.
Со новиот закон мислам дека можеш да работиш нешто со договор за привремено вработување,кафич секако е мислам енаисплатливо и за декларации лепење знам.
Дали знаете какви се условите во моловите (страдивариус, бершка, ресервед и сл.) за летна работа? Дали може флексибилно време, или барем само втора смена? Колку плаќаат
Во мол флексибилно нема. Само втора смена може зошто тоа им одговара. Ама многу напорно би ти било секој ден втора плус и само еден слободен ден во неделата. Не се издржува на подолг рок. Едно е пример како во маркетите што работат една недела прва смена една недела втора ама вака постојано само втора не. Плата скоро сегде е минималец. Плус празници, недели.
Здраво барам работа на дневница имам 18 год. Дали некој знае негде каде нудат. Сити мол штандови или сл.
Некој што работи две работи истовремено да сподели искуство? Дали може да си пријавен на две работни места, фул тајм или па едната работа со скратено работно време дали е изводливо?
Јас работам две работи, едната ми е со полно работно време кадешто сум си пријавена а другата сум договор на дело, ми плаќаат данок само и си имам договор со нив. Мислам, но не сум сигурна, дека не можеш да бидеш пријавена на две места, и би ти било изводливо едното место да те пријави како договор на дело надворешен соработник.
Може да си пријавена на 2 работни местa, најмногу до 10часа на ден или 50 неделно. Пр: во една фирма си пријавена на 40, во другата можеш на 10часа. Или во двете на пола работно време. Зависи како ќе се договорите.
Новиот закон ќе стапи на акција од 1.1.2026 и може да се има привремен ангажман со работодавачот од 2-4 месеци. Извор: Нов Закон за работно ангажирање на лица Зависи каде ќе најдеш работа, ако сакаш во кафич треба да имаш на ум дека во некои газдите се морони. Ти можеш да се договориш со него на пола работно време или целосно, но за целосно ќе треба да те пријави ама некои онака на рака ќе ти ги дадат парите. Ако сакаш на пола, барај му да ти потпише договор на дело за ти и тој да си бидете согласни, не прифаќај на усмен договор зошто ќе те зафркне. Ако си за целосно работно време во кафич или било каде ќе треба да одиш во Агенција за вработување да се пријавиш за да ти тече стаж и нормално да отвориш сметка во банка за плата да тече. Ова важи до сега ако не си била во работен однос.