Outsourcing компании што имаат проекти со клиенти од странција со прва смена во Македонија? Освен Talkr и Causeway Connect. Не можам никако да влезам кај нив џабе CV им пратив, цееели месеци за те една та иста позиции вртат оглас и тоа за тие што јас аплицирав.......
Можеш на дневница месечно се исплаќа преку агрнцијата Еси.Во HM одат од 16год нагоре,зара и др брендови.Само пријависе во агенцијата Еси или Партнер.Ке работиш колку тебе часа одговара.За повеке инфо ако те интересира пиши слободно.
Законски е од тие 40часа плус 10часа неделно ама дозвола од фирмата кај што работиш.Инаку на дневница можеш и преку еси агенц ама некажувај дека раб,така можеш и повеке оф 10часа неделно
Искрено првпат слушнав за оваа агнеција. Како иде тоа пријавување преку нив? Само на страната онлајн што им е да се пријавам или треба таму да идам кај нив. Дали ги објавуваат огласите на страната или директно контактираат
Здраво, дали некој би можел да препорача некои кафичи за келнер-почетник? Сакам летово да работам, но сите каде што прашав ме откачија затоа што немам искуство. Фала однапред : )
Да знаеш дека фирмата каде си пријавена мора да даде согласност за другиот ангажман, барем до пред некоја година беше така, ти даваат изјава и си ја носиш во другава фирма.
Дали некој се снашол со добра плата, римоут или хибрид работење? Не мора осигуран да си. Бар за тоа да се има пари, да си плаќаш придонес.
Почетници често примаа во бивша Ла Стрега (маалски кафич во Аеродром, сега е Бар23). А како се сега, не знам. Пробај таму ако не си прашала. Биди упорна, ќе најдеш зашто тек сега летово најмногу им треба на сите (посебно тие маалските). Види и на фб, има групи како барам работа/најди работа (нешто во тој стил, не им знам точно име но горе-долу тие се називите), плус пазар3.
Можеш да работиш привремено. Ако ти легнуваат парите на мк сметка ќе си плаќаш 10% данок од сумата во ујп секој месец, можеш да си плаќаш здравствено сама и плус да си ставаш пари во посебен пензиски столб за понатака, додека не ти тече стаж итн. Јас така работев година ипол, мене лично тоа не ми одговараше зошо сакав да сум си осигурана ама за привремено ако сакаш одлична опција. Ако те интересира нешто конкретно слободно кажи ми.
Кога ќе ти се јават, можеш малку покер да играш и да им кажеш дека си добила друга понуда со повисока плата, но дека тебе ти се допаѓаат они и би сакала кај нив да работиш, но финансиите се малку дискутабилни и дали би можеле да преговараат на таа точка. На крајот на денот ништо не губиш. Со среќа
Барам работа од дома, небитно дали за наша или странска компанија. Ве молам кажете ми идеја каде да барам. Дипломиран економист во областа меѓународен бизнис на универзитетот во Љубљана и специјалист по деловна економија во областа на финансиски менаџмент. Имам работно искуство во повеќе сфери и говорам повеќе јазици: македонски, англиски, словенечки, српски и германски(А2). Благодарам.
https://www.vrabotuvanje.com.mk/sov...ajgolemata-globalna-kompanija-Teleperformance оваа фирма е баш што ти треба мн често има огласи