Во голема финансиска криза сум. Ми треба работа од дома,каде ке можам да заработам,ако треба и ќе вложам.
За ремоут работа тоа е многу ниско, особено ако не ти плаќаат данок. Испод 60 илјади не треба да е ремоут
Дали има некој искуство со -Empata -Taskforce - Causeway connect - Netaville доколку не сакате јавно да пишувате слободмо пишете ми во порака
Здраво! На панелот Opinia.Club заработувам дополнителни средства, одговарајќи на интересни анкети. Придружи ми се, и заработи и ти дополнителни средства! http://s.opinia.club/xEW8oc Не е којзнае колку ама се собира...
Барам итно работа со полно работно време,да не се работи викенди. Во работен однос сум ама веќе е неподносливо, не можам да издржам повеќе. Да понуди некој работа од дома, за странски компании може, немам искуство и не е во мојот домен,но би научила. Некој да ми даде совет,да ме посочи?
Имам аплицирано на многу огласи за работа сите ми се имаат јавено за на интевју, но никој не ме викал. Незнам во што е проблемот кај мене или премногу бараат размислувам да заминам во Словенија да работам има некој таму што работи?
Во лаб работам, но сакам да сменам, така што отворена сум за се, ќе треба од 0 да се почне, ама тоа е..
Цел панел сте вие што на луѓето кои очајно бараат работа, им нудите линк за да заработите бедни поенчиња кои, ако се деси, до декември ќе бидат доволно за да извадите 500 денари. Страшно!
Имам завршено правен и сакам да работам кај нотар или адвокат, но не сум видела да бараат правници од таму каде што сум. Дали да им пратам cv за кога ќе имаат потреба или да чекам оглас?
Дали некој има завршено обука преки образовниот центар визија? Дали од агенцијата за вработување и од мон е признаен сертификатот што го издаваат.
Директно прашај си во МОН за најсигурно. И сега ќе ти кажам зошто, бев на една таква (не преку Визија) уште откако излегоа со вакво нешто и на крај кога се заврши добив обичен лист хартија. Ништо што би укажувало дека е признат од МОН (освен нели печат и потпис таму каде што бев, но мене тоа не ми беше потребно во моментот, туку мислев дека би стоел и некој печат од МОН или во најмала рака, потпис од некое одговорно лице). Мене искрено ништо не ме послужи. Ова ваљда им е за да привлечат луѓе и нема во приказната никаков МОН. Ретко кој признава сертификати (во АВРМ немаш никаков проблем, тие па таму што имаш сето ќе ти го стават, ама па што фајде ако не е така како што ти е нагласено како кога првично си мислела дека ќе биде), освен ако не ти треба ептен за некоја државна позиција. Во приватните не ти ги ни гледаат, само ако имаш специфична обука па да им се најдеш во папирологијата. Не знам за што ти треба, ама ако е нешто лично за себе, на интернет има куп материјали/страни/книги. И овие од Бреинстер/Семос и сличните откако ќе завршат ретко кој ги вработува, ако веќе тоа е муабетот. Дискутабилни се и курсевите веќе, ако порано можеше нешто со нив - сега веќе не. Секој бара да знаеш да работиш „од одма“.
Ако одиш самостално без нивни препораки да ретко кој би те вработил, воглавно тие бираат кој и за каде ќе му бидат ветер во грб да се вработи. А знам за убави трансформативни приказни од една професија со курс и нивни грб тотално влезена личноста во друга професија и си тера така. Муабетот ми е и курсот не те прави одма да те бива за тоа што ќе уплатиш, колку уплаќаат академии во Семос и така им стои папирот и ќе стои кога не ги бива сега тоа е, само олеснети за многу евричи ќе си се.
Не знам каде ме прочита дека сум за курсевите. Јас одговорив на тоа што ја интересираше членката. @DragonFly22