По струка работам, иако не е баш секогаш ремоут поради потребата да се гледам со клиенти. Remote најчесто и не значи флексибилност со локација, на пример еден период ми беше дозволено да работам надвор од државата до пет недели во годината и не е секогаш возможно да се сељакам на различни места поради IP адресата и сензитивните податоци и потребата од IT цело време нешто да подесуваат нова адреса. Ќе си бараш во струка работа, со можност за работа од дома, иако освен IT и по контакт центриве, другите компании/професии не се воопшто флексибилни. Јас на пример немам ниту еден човек од фамилија или пријатели што работат од дома, сите се на терен или во канцеларија/фабрика/било каде. Така што IT работи или во контакт центар, тоа се горе долу опциите.
Здраво на сите. Студентка сум и барам работа каде ќе можам да го искористам своето знаење од област на биологија, хемија, македонски и англиски јазик. Исто, ми одговара и работа со деца, грижа за миленичиња, подготовка за матура, пишување писмени, изработка на проектни задачи и слично. Дали имате некои предлози и каде може да се најде ваков тип на работа за привремено. Благодарам
Здраво. Се извинувам доколку ја промашив темата. Ме интересира какви обврски и работни задачи има образовен асистент?
Пиши во групата на ФБ - Сметководители и овластени сметководители ако си член, ако не зачлени се, често бараат вработени
Оглас за работа: Административен работник (м/ж) Потребен е работник во канцеларија за прием на телефонски повици и извршување канцелариски задачи. Работни задачи: Примање и пренасочување телефонски повици Општи административни и канцелариски работи Поддршка на тимот во секојдневното работење Барања: Познавање на германски јазик најмалку на ниво B2 Добро познавање на компјутери и канцелариски алатки Организираност и одговорност Љубезност и добри комуникациски вештини
Има огласи за во нотарски канцеларии, ама сепак мислам дека без препорака е малку потешко. Пуштете CV ништо не можете да изгубите.
На web страната на агенцијата за вработување. www.avrm.gov.mk Исто и на страната на нотарска комора ги објавуваат.
Пак овие пуштиле оглас? Пред некоја недела мислам дека некој прашуваше... Разгледај, има одговори, повеќето се во “огласи за вработување“ темата.
Постојано пуштаат, ми изгледа дека сакаат само ЧР да имаат работа. Мене ме одбија по 3то интервју со глупа причина, и следната недела пак истиот оглас.
А со gemak и тие доста често објавуваат ? Имаше нешто за во канцеларија со документи .. Има ли некаде работа некој што е задоволен или се е пиши пропало
https://kariera.mk/job/f3YAmZE6pUGc-p_is1wdGA/administrativen-rabotnik Искуство со овие ? Нема ни работно време ми смени ни плата пишано ?не пишува ни каде се наоѓа канцеларијата или што и да е ...не знам што со огласиве вака , а кога праќаме цв се треба да се напише . Треба да се замарам да аплицирам и после да речам ,не ми одговара смена или локација ?