Здраво на сите, Во моментов сум во потрага за freelance / part-time соработки во областа на дигитален маркетинг. Главниот фокус ми е social media и креирање кратка видео содржина (UGC видеа / reels) за клиенти. Имам околу 3 години искуство, со работа во маркетинг агенција, како и freelance соработка со различни брендови. Доколку на некој му е потребна ваква поддршка, слободно пишете во порака. Отворена сум и за можност за full-time ангажман доколку се појави таква прилика.
Најди ги на интернет HUMANUS од Струмица, имам другарка која живее во Германија и работи од дома за оваа фирма, само тие од сите центри кои работат телефонски и овозможија да работи од дома од Германија, на сите други им беше проблем да ја најават со IP адреса од странство, бидејќи сите тие можеле да направат само IP адреса во Македонија
Сакам да прашам дали некој има информација за работа во Чагатај, каква е работата, атмосферата, платата дали е добра.
Вработена сум веќе, но барам дополнителна заработка, реално се зголемуваат трошоците. Ако некој нуди можност за работа remote, би ве замолила да ме исконтактира. Или доколку знаете каде би можела на интернет да најдам нешто што ми гарантира заработка, упатете ме. Не барам огромна заработка, ама едноставно нешто плус за да може да се искочи на крај на месечно ниво
Здраво, барам работа како лиценциран доктор по општа медицина во Скопје. Доколку познавате некој кој има потреба од доктор ве молам контактирајте ме во порака.