Вработена сум веќе, но барам дополнителна заработка. Ако некој нуди можност за работа remote, би ве замолила да ме исконтактира. Или доколку знаете каде би можела на интернет да најдам нешто со сигурна заработка ве молам да ме контактирате.Фала
Вработена сум веќе, но барам дополнителна заработка. Ако некој нуди можност за работа remote, би ве замолила да ме исконтактира. Или доколку знаете каде би можела на интернет да најдам нешто со сигурна заработка ве молам да ме контактирате.Фала
Здраво на сите Барам работа во областа на администрација во Скопје. Ако некој знае за слободна позиција, слободно пишете ми.
Здраво. Заради неажурна администрација, го пропуштив огласот за образовни асистенти. Сакав да прашам, дали знаете (тие што имате искуство околу тоа) дали во август повторно би имало оглас?
Тоа на сите им го кажуваат и пак пуштаат огласи. Работата е модерирање на секс чатови и добиваш 0.15 центи од порака.
Дали некој нашол работа во некоја јавна институција аплицирајќи преку Агенција за администрација - без било какви врски, само со добро CV? Искуства?
Не верувам дека постои таков вработен по случаен избор,партиски врски ти требаат или други врски за таква работа
Нема такво нешто. Дури и да имаш партиска книшка имаш листа на чекање, ако сакаш во првите плаќаш на одреден човек 5000 ЕУР+.
Ова ти е секс во чат разговори, кои одат некогаш до болест. Треба да си имагинативен по тоа прашање, и тоа многу. Не те знаат со кого зборуваат, имаш лик креиран. Што повеќе го влечеш да зборува тоа се повеќе линии и повеќе пари.
абе добро еве и да е така, кој е есапот од сето тоа, да платиш 5000 еур и да примаш плата во админисрација од 30-40.000 денари, и од кај знаеш на каква работа ќе налеташ, дали ќе ти се седи таму, до кога ..ццц
Доживотно вработување, плата без мака, можност за заработка и нешто "од страна" а да се водиш како на работа, може и странство, обуки, семинари, факултет можеш да си купиш на рати, за тебе,за блиските, пасош, некое станче,куќиче....има поприлично работи, не одат луѓе за пари само. А и нема дали ти се седи или не. Ако даваш пари и се бориш за администрација со партиска книшка, се знае што се работи. Од портир до директор или министер сите си знаат кога ќе дојде наредба од ЦК дека мора да се сработи нешто, особено за избори. Тоа е како секта или паравоена формација.
Дали некој знае од колку до колку саат се точно смените во Сенатор како хостеса? Исто така, како се вработуваат луѓево во сити мол? Буквално на 10 огласи од вработување и кариера се пријавив и ниеден не ме побара.. Дали се лажни огласите или што е работава?
за во сити мол ако ти е во некоја од продавниците (зара бершка страдивариус) да работиш ја би ти преопрачала директ во продавноцата да одиш и да побараш менаџер на смена и ќе ти кажат подетално
Така ли прават ? Јас аплицирав на нивната страна онлине ама изглеа не ни следат таму. Не сум слушнала до сеа во живо да отишол некој ама ќе пробам , фала ти.
Здраво на сите Имам 32 години и моментално работам од Понеделник до Петок прва смена. Викендите и празниците сум слободна. Платата ми е 35 илјади но чувствувам дека не ми е доволна, па барам идеја за дополнителна работа што би можела да ја работам по работното време или за викенди. Ми треба и совет Јас во Април се свршив со дечкото со кој сум 7 години во врска планираме свадба до година секако и за свадба ке ми требаат пари, почнав да размислувам следната пролет да одам на сезонска работа во Хрватска бидејки веќе еднаш ,поточно лани бев таму 8 месеца и работев ,тогаш бевме со дечкото разделени но сега сакам и тој да дојде но тој не сака велејќи дека си е задоволен од работата овде и несака да ризикува и здравје да упропасти на сезона, јас незнам дали ако одам пак сама ке се смени нешто помеѓу нас. Се извинувам на долгиот пост но ако може да ми препорачате што би можела да работам дополнително и совет за ситуацијава за Хрватска