Едно предупредување од искуство: Ако се договарате за плата во македонска фирма, во платата што ќе ја побарате ќе ви го внесат и процентот што го добивате од стажот! Во странските фирми во МК не е така. На побарната плата ќе добиете плус процент во зависност од стажот што го имате.
Дали некој има искуство за работа во Кипар? Или во Дубаи? Или буквално било каде. Каде да најдам работодавец кој ќе нуди виза?
Дечки дали имате идеја за хонорарна работа за маж? Веќе работи на полно работно време, па потребно е нешто што би го работел 2-3 пати во неделата на неколку часа. На honorarec.mk не најдов ништо, а и вака општо нема. Доставувачи во корпа и волт веќе имало премногу.
Дали некој во скоро време работел на Up Work? Да ми каже дали воопшто може да се заработи, последниот пат кога се најавив имаше некои поени со собираа па ако немаш не можеш да аплицираш за да работиш, некои такви глупости или доколку некој знае нешто слично за дополнителна заработка нека ме контактира