Моја роднина е во потрага по работа (млада , амбициозна , комуникативна,одлично го владее англискиот јазик, може да работи и во call center), ако некој нуди работа нека ми пише во лп. Морав да пишам овде бидејки и неа и е смачено да аплицира поинтернет страни а да не добие повратен одговор
Нека аплицира во Mellon Solutions, бараат оператори во кал центар, се работи во две смени од 10- 18 часот и 12- 20 часот. Работната обврска е наплата на кредити и картичи, минуси, претежно за Стопанска банка, но и за другите банки и брзи кредити. Се оди на обука, после обуката веднаш пријавени. Имам работено во таа фирма , не сум работодавецот .
Не знам колу земаа на таа работна позиција, потпишувавме договор за доверливост и не смеевме да кажуваме колку земаме плата , затоа не сум информирана, а редовно даваат плата. Инаку нека побара по странине за вработувања, пред некој ден гледав оглас за таму.
Не знам душо, нека оди на интервју, ќе и објаснат најдобро, како оди сега не знам, само да те лажам колку земаат на таа работна позиција. А дека се зема 20 000 почетна плата не се зема, тоа сум сигурна. Видов оглас, ви кажав дека има, како оди понатака нека си види .
Не е помалку сигурно, зошто мислам дека почитуваат минимална плата. До душа моментално сега не знам како оди работата, може си во право. Во кол центарот имаше вработени и по 10 години, не верувам дека би седеле толку време за толку мала плата.... Сите ќутеа колку земаат, за се се правеа не знаат, да ги прашаш кога се зема плата молчеа....
@ilyan моја другарка беше пред еден месец на интервју за кол центар. На огласот на нет пишувало 12 000, а кога отиде на интервју и рекле дека е помалку. Меѓутоа и рекле дека ќе работи со скратено работно време од 4 саата, затоа и платата е помала. Се одело во 2 смени. Колку што се сеќавам обуката требало да трае околу 2-3 недели, а потоа ќе изберат само еден за вработување. Другаркава не прифати.
Мислам дека сега сите ќе ги викаат, имаат голем недостиг на вработени, а работа многу. 10 да се пријават, мислам дека сите би ги викнале, цело време зборуваа како имаат премногу проекти, а малку луѓе за работа. Не ми се допаѓа што не ги плаќаат обуките, но обука за таа работа е потребна и тоа како. Многу губат трпение со обуката, ден два и се откажуваат. Не е едноставно, ама се учи . Договор месец за месец се потпишува, никој не е на неопределено, освен тие што работаат таму повеќе години .
девојки барам работа за во бутик,парфимерија,продавница или да мијам садови ако знаете негде во кисела вода,карпош,центар,аеродром кажете.однапред ви благодарам.
Многу се итри. Ќе ти кажат да дојдеш на обука и нема да ти ја платат. И на крај ќе си добиеш шут карта. Така они ќе си наоѓаат луѓе да им работат за без пари.
На обуките не се работи, предавања има, тестирање и практични примери. Првиот ден кога се седнува на работа си пријавен. Е сега, може да се случи да одиш на обука, да не им ги задоволуваш барањата и да те откачат, а доста сами се откажуваат, оти секој нема нерви да оди со недели на обука, а не знае дали ќе биде примен. Се на се, парите се многу малку во споредба со обемот на работа во таа фирма и работата во лоши смени. Таму многу се работи, за другите не знам колку земале, за мене знам дека почнав со минималец од 12 500 ден, а се стигнува до 15 000 ден и толку. За привремена работа е ок, додека си студент или привремено, толку многу работа треба мноогу повеќе да се плаќа, не вреди трудот.