Доколку барате работа, денес случајно налетав на оглас во продавница за обувки, потребно е женско лице за работа. Името на продавничката не го знам, но ја знам локацијата. Во насока враќајќи се од Центар за накај Драчево, поточно Чешма некаде, Кидела Вода, собрани се повеќе такви продавнички за обувки од десна страна. Одма е тука и пицеријата Џакомо. Баш кај што е раскрсницата.
Во Дежа Ву на сладолед или шанк. Во Куба Либре има убава дневница, и вработуваат млади за летен период. Али смештај потешко дека ќе најдете или се е над 150/200€. Ѕирни на реклама5, пазар3.
ми треба работа како продавачка или презентерка доколку некој може да понуди нешто однапред ви благодарам
www.vrabotvanje.com.mk Отвори го сајтов и погледни ги огласите. Можеш и да аплицираш, ама прво треба да направиш профил. Скоро во сите маркети бараат продавачки. Само немој да аплицираш во Кам, Зур и Т маркети.
Некој што имал искуство или знае, да ми препорача фирма или нешто друго за делење флаери низ центар. Хитно ми е.
Две и кусур години подоцна, истото би го рекла за оваа фирма.. Не го сменив мислењето иако меѓувремено имав прилика да разговарам пак со нив.
Има ли некој работно искуство во АД Европа, како сезонски работник т.е пакувач, што може да ми даде повеќе информации како е состојбата?