ако чекаме да најдеме работа по струка сме свршие работаработа. Нека оди нела работи што било колку да не седи дома
знам како е. Јас 10 години никако не можам да најдам работа по струката (медицина) но не можам да дозволам времето залудно да ми врви. Во таква држава живееме. Нема што да де прави
ми треба работа како презентерка,делење флаери доколку некој може да понуди нешто однапред ви благодарам
Веро најужасното место за работа. Имам другарка што работеше таму. Она кога работеше платата беше 8 500. Мизерија. За во ВИП ти требаат врски. Комшика моја така се пикна. Работат со договор на определено.
Душо јас избегав пред некоја недела од таму. Значи буквално ако сакаш да идеш да мочаш мораш два прста да кренеш и да прашаш немам коментар ужас ужас, мала плата 12.000 јес да некој преживува со толку, ама и плус многу местенки прават, од типот овој месец си 1500 минус дај ми пари да го покријам минусот.. - зборови на една од шефиците од главна каса.. Значи никако таму, го окркав на велико, ама затоа ќе ме памти едната од шефиците .. она мене мобинг на работа ја неа тужба, како коме.
Www.fakulteti.mk/job/vrabotuvanje Ima kup oglasi otvoreno pa veruvam ke se najdete negde vie sto barate rabota
По огласите тешко дека ќе најдете работа ако скоро сте завршиле факултет и немате работно искуство. Оти на повеќето огласи се бара работно искуство.
А како ќе го стекнеме тоа искуство? Од небо ли ќе ни падне? Треба некој да нè вработи за да стекнеме искуство. Фирмите стварно претеруваат. А да не зборам што огласите се местени.
Ќе видиме до кога ќе ги местат, на крај ќе бараат работници од други држави, нека продолжат само со себичнос и нефер функционирање. Со самото споменување дека треба искуство, фактички тоа е наместен оглас, не е толку пресудно искуството колку што е пресудно брзото учење, логиката , капацитетот што го поседува една личност. Да не се лажеме, никој не е роден учен, секоја работа може да се научи, во глобала кога се работи секој ден едно те исто.
Ј Јас многу не им верувам на огласите. Повеќето од нив се ради реда. Однапред се знае кој ќе примат. А за маркетите што да кажам. Дно дна.
Другарка работи во т-мобиле. Прво е влезена преку врски, второ ја малтретираа со месеци на обука/пракса да оди. Минимално платена (околу 6000), сега веќе мрдна малце, ама не знам што и е работата освен што дреме во салон, платата и е сеуште мала.. А исто и во Вип не плаќаат како што имам слушано..