И јас барам таква работа.. ама јас со еден куп искуство ама не запишано зошто на сите им е многу тешко да те пријават. Игротека, кладилница, агенција за недвижноати, пицерија, хостеса на саем, чување деца... Ги гледав денес огласине, уше шо не ќе побараат. Возачка дозвола бе за некоја бедна позиција. Зошто??? Од кога репер за работа(освен ако не е шофер нели) е возачката. Не ми е јасно.
Се бара работа за две девојчиња на возраст 18,19 год . На дневница , било каква работа на пр: делење на слики по свадби , флаери , садоперки , помошнички во кујна . Доколку има потреба некој од наведениве раб.. нека ме инсконтактира во лп .
Здраво, нова сум на форумов, има ли некој да ми понуди некаков вид работа од дома? Не како кликање и гледање реклами. Фала ви
baram rabota kako pravnik vo firma ili advokatska kancelarija. so polozen pravosuden ispit i vo skopje
Јас работам во престој за деца, ме плаќаат 15 000, 12 500 на сметка, другите на рака. Газдиве се праат паметни, лажат дека 4 саати работиме , ако сака некој нов да се пријави само тоа да му го кажуваме. И мораме во жешково со децата да бидеме од 12 до 13 часот ради инспекција да не дошла. Одиме со нив, со такси до разни локации, пример од 9 до 12, и после назад со такси во престој. Газдата, планира да одиме во Борис Трајковски на базен, сите 4 колешки не сакаме да одеме бидејќи ни даваат само 500тки а ни се закануваат дека али му се случи нешто на децата ние пред суд ќе одговараме, никако не сме заштитени, а реално како можеш да дочуваш 15 деца на 2 восхитувачки? Имаат деца кои никако не може да се смират, 8 саати зборуваме, трчаме по нив. Повеќето им се пријатели на газдите и приморани сме да бидеме насредина, и да преќутуваме многу работи кои се случуваат помеѓу децата, му кљжваме на газдата но тој не превзема одговорност, нас ни ја наметнува.
Барам и јас работа во охрид. Кој што има нешто да ми понуди би работела со задоволство. Само нека ме контактира во инбокс.
Тешко некој да напушти вакво работно место и затоа и поретки се огласите со вакви услови и скоро и да ги нема, а се знае прво на кој се кажува и како ги примаат. Со врски или некој да те препорача. Кога некој ќе ми каже аплицирав за работа и веднаш ми се јавија, плата 20-30.000 ден, слободни викенди, празници. Така веднаш без врски, аха сигурно. Во денешно време не треба да си паметен и со факултет, само некоја зборлива и снаодлива личност која комуницира со многу луѓе. Во Македонија не вреди факултет, кога ќе видам какви без школо се на добри позиции, ама секој ден дремеа по кафичите, а така се шири кругот на пријатели и случајно еве ќе разбереш кој бара работник. Кај нас по кафичите еден да пушти збор дека му треба работник уште истиот ден ќе го најде, ама ете не пушта оглас на интернет.
Би сакала да ми кажете искуство од работа во американски call центри што имаат преставништо кај нас? Доколку има соодветна тема да ме посочите да прочитам мислења, бидејќи не можев да најдам . Се плашам малку за англискиот не знам дали сум спремна да работам цело време на англиски
Они ќе проценат дали и колку би се снашла. Интервјуата се на англиски и обично ти прават мало тестирање за читање, пишување, брзина. Обиди се, ништо страшно.