Бараат во пуре лајф во магацин во визбегово, од пон до петок празници не се работи, почетна плата 13 ама качуваат... само прва смена од 8 до 4
Здраво. Јас сум студентка во Скопје, сега 4та година. Барам работа, втори смени или за викенди само, може во кујна миење, чистење, не е проблем што. Хонорарно секако, непријавена. Ако може некој да ми излезе во пресрет, би почнала од први, ама можам и порано.
https://www.fakulteti.mk/mobile/job...ot-na-kafeto-plata-od-30-000-do-40-000-denari Каква е ова фирма, и дали толку навистина даваат плата?
Јави се, закажи интервју, сите обеќаваат, ама кога ќе отидеш е друга приказна. Можно е, не викам не, види лично и пофали се ако е така. Поз
Во ДМ сакал-не сакал започнуваш да работиш со смена од 5 саати, за 10.000 денари. Имаат правило дека мораш да дојдеш 30 минути порано и да заминеш 30 минути подоцна, што значи во реалност почетната смена ти е 6 саати. Ако научиш се' што има да научиш и можеш да отвараш и затвараш филијала, ќе ти ја зголемат саатницата на 6 (или 7 неофицијално) саати, а платата на 12.000, а тоа обично се случува после пола до цела година работење. Доколку работиш вака година ипол до 2 и научиш и работиш се' што постои за работење, вистински ќе те вработат на фул работно време и плата односно со смена од 7 (неофицијално осум саати) и плата од 20.000 денари. Иако нема да бидеш раководител на филијала, туку само вработен продавач (освен ако ептен се жртвуваш и се спријателиш со тие на повисоки позиции) ќе работиш се' што работи и еден раководител кој зема над 30.000 (можеби и 40) денари (платата зависи од многу работи, знам дека плаќаат дополнително и за деца доколку имаш). Што подразбира тоа? Ќе отвараш и затвараш филијала, ќе наплаќаш на каса, ќе примаш роба и ќе средуваш документи околу прием, ќе правиш порачки на роба и ќе средуваш документи околу порачки, ќе соработуваш со десетици комерцијалисти, ќе редиш роба, ќе средуваш магацин (си има посебни правила), ќе редиш цени (понекогаш има и до 1000 промени во денот), ќе чистиш полици и секој милиметар од маркетот, ќе чистиш магацин, ќе чистиш кујна, веце (вклучувајќи и шоља) и канцеларија (зошто да ангажираат хигиеничари кога тебе те имаат?), ќе средуваш разни документи во канцеларија, ќе водиш сметка за КДФИ, за данок, за ФИФО стандард и мал милион други работи, и секако ќе бидеш љубезен и ектра услужлив со сите 500 купувачи кои ќе влезат во маркетот. Сето ова на дневна база, со исклучок на чистењето на магацин/кујна/веце/канцеларија што се прави во недела. А да, имаш еден слободен ден кој може да биде било кој ден во неделата. И да, во недела се работат смени од 7 (односно осум саати) без разлика ако си официјално на 5, и тие 2 саати не ти се доплаќаат. Исто така, веројатно секоја прва смена ќе остануваш по саат-два дополнително зошто во последните 30 минути од твојата смена ќе ти дадат задача што мораш да ја завршиш, ама нема да стигнеш бидејќи ќе работиш 3 работи во исто време и така ќе си останеш и тоа нема да ти се доплати. Единствено ако се случи нешто екстремно исклучително по наредба да останеш дополнително, тогаш тие саати ти се враќаат во слободен ден, никогаш не во доплата. Во смените има разлика во филијалите што се по трговските центри. Поздрав!
Тешко е со работа кај нас сите знаеме. Али ваквите копилиња се поправаат само ако јавно по форуми кажеме име и презиме односно фирмата, и на сите ново пријавени да им кажувате како е реално. Добриот глас се шири далеку, али лошиот уште подалеку. Единствено решение е бунт, ако немаат работнички немаат ни они пари, па ќе видиме тогаш дали ќе се понашаат така.
незнам јас лично, но..трета смена има и платата не е поголема од 15000ден..третата смена на почетокот ти е се почеста зашто си на обука.. по 6 месеци ќе стигнеш до 18000 ден , прва, втора , трета смена..
(Битола) Бараат мислаш сеуште во Џеко,таму хонорарно е додуша ама супер газдите се. Бараат и во Луиџи таму ваљда со осигурување стално како ој то. И во Метро бараат келнер/келнерка плата отприлика шо знам околу 15 000 мислам беше. А и кај Гирото бараат она наспроти еурофарм аптеката на Широк Сокак,мислам дека сеуште стои огласо. Во Зегин бараат фармацевтски техничар со и без искуство.
Ми треба работа на пола работно време за студентка може што било во рамките на моите можности секако.
Здраво девојки. Имам една дилема во однос на одлука за бирање на работно место. Во моментов имам прилика да работам како сметководител во една сметководствена фирма. Две недели да видам што како па здравје боже после да ме осигураат како практикант 3 месеци преку биро (да земам плата од 9000 денари) па после да земам минимална плата. После од како ќе има стаж од 1 година да земам лиценца па да земам можеби повеќе пари. Од една страна работната атмосфера не е лоша и прјатно се осеќам и работата ме исполнува. Од друга страна пред да ја најдам оваа работа најдов врски за во фабрика каде што работата ќе се одвива во смени и ќе имам поголема плата. Сепак ако се одлучам за сметководство треба да вложам време и пари.