Здраво, дали знаете во кои скопски локали се работи за дневница, како келнер или работник во кујна? Исто така добро би ми дошла и работа во игротека, некаде кадешто нема да има потреба да ме пријават. Благодарам.
Здраво, дали знаете да бараат некаде келнер ама да е на дневница, да е лабаво пошо сум за месец дена само работа и имам обврски некој плус па ако ме пријавуваат нема да е толку флексибилно?
Имаме потреба од девојка за шанк/послужување на неопределено работно време. Претходното искуство ќе се смета за предност. *Паб Бурбон-Битола
Немам чаре да лажам, лично работев непријавена додека бев дома и тоа во казино во центарот на Скопје. Поздрав
Има разлика од пракса до работа на црно. Пракса од 1000 денари дневница нема апсолутно никаде поготово не за работа во шанк во казино, а и непријавена тешко. Еве посочи ја девојката во кое казино да се упати, пошто не е било кое. Не ме прашувај како знам, пошто знам.
Значи не планирам да се докажувам со тебе. Што имав кажав. Не ми збори за пракса и не се обидувај да ме направиш будала. Јас зимав 20.000 за 20 дена, втора смена и ноќна смена идев. Ако се разговара со шефот директно ќе има исход, нормално никој не сака да лапа казни, и затоа малкумина знаат за ова.
@buba4e89, јас одев на обука за крупиер во едно од поелитните казина во државава. Обуката беше бесплатна, но не ни даваа пари за тие осум часа што учевме. Секој втор работи во Сенатор, Адмирал и слично, да се зимаше така пари од пракса, досега сите ќе знаевме.
Тоа у некои маалски кладилници, у овие поголемиве 2 недели се оди на обука па после полагаш и ти плаќаат за тоа.