Јас пишав тоа што МИ БЕШЕ КАЖАНО НА ИНТЕРВЈУ. Позицијата беше shipping associate. Работа со странски јазик, плата бетер од македонска. Никој не рече во фирмата дека е лошо, можеби условите се ок, ама платата не е. ЗА БИЛО КОЈА ПОЗИЦИЈА, во три смени работа, таа сума е мала. Крај! Па и 20 или 22 илјади да е. Малку е за тросменско работење, ама ако гледаме реално. Ако не и ако само сакаме за инат да збориме, тогаш е врх, врхова. А тоа дали мене ме мрзи да работам, друг пат прво чукни се малку, па после тропај глупости од овој калибар за некој кој ни на сон не си сонила дали работел и колку работел. Срам да ти е!!!
Значи, платата во таскфорс за таа позиција е толку. А не е за цела фирма ко што пиша. Пример, медицински сестри земаат по 20 000 плата со стресна работа со трета смена, тебе ќе ти дадат 1000 евра без ниту еден ден искуство. Јас ич не мислам дека треба мали плати да земаме. Ама другарка ми работи во таскфорс и знам дека условите се топ, па за таква фирма да кажеш ИСКОРИСТУВАЊЕ НА РАБОТНА СИЛА треба или да не знаеш што значи поимот, или да си џаболебар на кој секој друг му е крив. Ама тоа е, секакви не има
Извинете што ви се мешам во муабетов...Мислам и двете до некаде сте во право. Замка е на умот е за нашите луѓе ако мислат дека е странска фирма, дека платата ќе биде wow и до небо висока, без оглед колку си квалификуван, дали работиш во смени, знаеш јазици и офис менаџмент и не знам што се бараат за банална позиција. Прво на огласите наведуваат дека тој што го бараат треба да биде „он мен шоу“, да знае книговодство и тоа по странски закони, да знае офис, да знае компјутерски јазици, да работи под стрес, прекувремено ако има потреба и што би кажала јас ако може да знае и авион да вози и тоа за плата макс- до 25.000 илјади (повеќето) може има и искучоци. Зошто е тоа така? Просто, дошол отворил фирма во оваа северна наша вукојебина, кај што имаш цифра на невработени до небо, кај што минималецот е 220 евра, кај што просекот е 400 евра. Нормално, тој ќе се води по условите во државата ќе ти даде плата според овие прилики, инаку зашто би почнувал бизнис овде ? Нема поента, ниту логика. Исто важи и за фирмите што се во зоните, дават мк просек, а луѓето одат и во смени и на празници. Јас лично не сум работела во странска компанија, но имам еден куп мои пријатели што го споделиле своето искуство. Со странци сум работела на некои по ситни проекти, краткорочни, да кажам нешто парт-тајм , ама и тука веќе сумите не се вау и за тоа што ќе треба да го сработиш , ќе ти никнат парите на глава. Обавезно ќе ти бараат евалуациски извештај, план, програма, све...Тоа е тоа женски, таков е капиталитичкиот свет, само кај нас е по суров, зашто сме ефтина работна снага. Ај останете ми со здравје.
ako nekoja nudi rabota sto mozam da ja rabotam od doma,kontaktirajte me ,honorarna, bilo kakva sam da ne e kataloska prodazba od avon, oriflame ,farmasi i slicnite
Морам да се сложам за Таскфорс. Јас бев на интервју пред година и повеќе, во Скопје, за позиција која имаше врска со корисничка поддршка (не ми текнув какво фенси-шменси име ѝ имаа дадено во фирмата) и бидејќи имам петнаесет години работно искуство и зборувам четири светски јазици, се запрепастив кога ми кажаа 22.000 денари за три смени. Знам дека Таскфорс е на Џери Наумов, знам дека дур беше министер со проектот Македонија2020 се отворија многу фирми кои верував дека ќе му текне колкави плати давале ама не Бидејќи последниве години работам регрутирање, за жал, ве гледам кога доаѓате на интервју неспремни, односно не знаете ништо за фирмата во која сакате да работите, а со тоа и не знаете која е нивната финансиска моќ и барате 15.000. Ѝ ми се има случено на една кандидатка буквално да ѝ кажам 'Што зборуваш бе девојче" бидејќи не сите фирми размислуваат за минималец, и постојат фирми кои имаат размак од 200-300 евра во платата за почетници и луѓе со искуство. Таскфорс работи со големи клиенти, зима огромни пари и не гледам оправдување зошто би плаќале 350 евра (уште со гордост ми кажаа дека ноќната смена плус се плаќа, ко да е тоа желба на газдата, а не закон). А за одговорните за интервјуто ќе кажам дека ако земаат 350 евра доста им се, имам прилично искуство во одење по интервјуа и интервјуирање кандидати, ќе кажам само дека еден збор англиски не си кажавме, а камоли нешто суштински битно за позицијата и за моето искуство (што треба да ви биде знак дека на фирмата и се брза, дека сите што ќе дојдат на интервју ќе ги примат, мислете малку) сѐ на сѐ се задржав три минути и триесдве секунди и си помислив дека нешто не штима, за утредента да ми се јават веднаш да почнам со работа. А за топ условите не знам што да кажам, програмерските фирми и малкуте озбилни фирми имаат цели спратови за забава и одмор, обезбедуваат масажа, појадок, патувања и обуки за вработените, а тоа е можеби така затоа што нема да најдеш програмер што работи за 20.000, евентуално ако е на пракса. Извинтете за долгиот пост, но за ситуацијата на пазарот на трудот сами сме си криви. Девојко, за германски најлесно се наоѓа работа, не знам дали си отворила вработување.мк и слични платформи со огласи Во моментов гледам Teleperformance, CMX, Support Signal дека бараат агенти за германски јазик. Со среќа.
А извини зошто висината на платата би имала врска со тоа што ти зборуваш 4 светски јазици, ама сериозно
Не ми звучи баш сериозно, ама ајде Нема врска никаква. Освен англискиот секако, бидејќи Американците се ептен гадни и лошо настроени кон луѓе со акцент кој не е како нивниот и кога вработуваш кандидати за работа со Американци, особено за деликатна работа каде што твојот глас и дикција се филтерот меѓу фирмата и клиентот, не е препорачливо одговорниот во човечки ресурси да не се ни обиде да ти каже два збора на јазик, кој меѓу другото е работен јазик во компанијата. Ама платата треба и мора да има врска со искуството кое го имам, јас и сите ние. Насетувам извесен анимозитет, ама само ќе кажам дека газдата еден ден ќе си збере партали и ќе си замине на Филипини каде нема да плаќа 200 евра плата, туку 2 евра (за жал знам и такви, не работат веќе во Македонија затоа нема да ги именувам, небитни се), ама ќе останеме ние, и може некогаш ќе бидеме колешки, ху ноуз, затоа нема потреба од посебен сарказам.
Ако нема врска зошто го спомнуваш? Зошто некој би ти давал плата за јазик кој никогаш нема да го употребиш на позицијата? Јас може цртам убаво па дај да барам поголема плата иако работата ми нема врска со цртање.
Како ти знаеш дека јас нема да ги употребувам јазиците кои ги знам на позицијата за која сум аплицирала? Да не си од ресурси, па те увредив со трите минути кои ми беа посветени на интервјуто? Зошто толку жустро ја браниш фирмата која меѓу другото не ја напаѓам, нема потреба од одбранбен став. Суштината на препискава е дека 300-350 евра е мала плата, Битола или Скопје сеедно. Ако знаеш кои позиции заработуваат повеќе, сподели човечки па на некоја членка може ќе ѝ се посреќи.
Не бранам јас никого, туку треба да знаете дека не можеш да бараш да ти се плати нешто кое ти го имаш, а фирмата не го бара, ама сепак да ти го плати пошо ти го имаш, и 8 јазици зборувај едноставно е џабе ако фирмата нема потреба од тоа и зошто би ти плаќала нешто кое нема никогаш да го искористи од тебе, ти даваш нешто и за тоа добиваш плата, ако никогаш не го "дадеш" познавањето на јазиците, зошто побогу би очекувал некој да ти плати
Ајде ќе го преформулирам прашањето кое суптилно го поставив. Таскфорс е фирма која работи со странски клиенти, значи од мене бара да знам англиски, и евентулно шпански со оглед на бројот на хиспано говорители кои живеат во Америка. Да поедноставам, бара од мене да зборувам еве еден странски јазик. И многу им се допадна тоа што имам петнаес години искуство баш за позицијата за која ме повикале. Ама не им се допаѓа што барам тоа искуство да ми се плати повеќе од 22.000 денари. Ти колку би ме платила?
Најотворено, немаше никаков проблем (освен платата, за која ти рече дека е ок, јас ти дадов само неколку аргументи за да видиш дека не е така). Долги години работам регрутација на кадри, она што Американците милуваат да го наречат head hunting (постојат суптилни разлики меѓу хр, регрутација и третово) ѝ тогаш се акав по наши фирми како "кандидат" за да врбувам вработени за друга америчка фирма со која тогаш работев. Затоа се вика head hunting. Гледам каде луѓето се малку или недоволно платени, а со тоа и помалку ценети, и ги прешалтувам. Тоа е работата на човечките ресурси, не само шефот да биде среќен. Ама сѐ додека барате 300 евра како вработени, а нудите 350 како претставници на работодавачите, ништо нема да се промени.