Итно ми треба работа во Скопје осигурана на скратено работно време или неосигурана. Пишете ми во лп ќе ви пратам мое cv
Барам работа само прва смена. Имам искуство само во продажба, но учам брзо и лесно се снаоѓам во нови околности.
Искуство некој што работел или слушнал нешто за Шехерезада после Рампа? Нон стоп бараат затоа ми е чудно
Имаат Фејсбук профил и редовно објавуваат за Open Day, знам дека имаат цела зграда направено/откупено кај Зебра и можеш директно да отидеш со цв. Неколку огласи има на вработување како овој https://mk.regionalensaemzavrabotuvanje.com/jobs/7528
Отвори го линкот или отвори vrabotuvanje.com, отворени имаат во моментов неколку позиции. На вработување имаат Цмх и Нтх медиа активни огласи, баш сега ги видов, ако бараш работа со германски јазик.
Фала ти @Abel , веќе имам отворено и видено, останува да се аплицира.... Имаш информација за услови, плата, вработување со врски во Телеперформанс?
Пишав и погоре, стварно не знам никој бидејќи не се бавам со германски, знам дека уште пред повеќе од една година кога почнуваа во самите огласи пишуваше 650 евра плата. Но, не знам во моментов каква е ситуацијата. За врски исто немам инфо, но со оглед на тоа што имаат доста работа и сѐ помалку кандидати, не верувам дека се служат до "врски". Секаде во вакви големи кол центри ако имаш некој да те препорача е плус, особено што даваат и бонуси за тие што препорачуваат кандидати, ама мислам дека не е клучно. Аплицирај, не чекај, штом бараат луѓе значи имаат потреба, и ќе видиш. Со среќа!
Дали некој работи/работел во преведувачко биро во мк? Ме интересира некое биро каде може и од дома да работам
Итно барам работа во Битола.....веќе со месеци барам, може и некоја работа од дома но да имам добар хонорар да се осигурам преку друга фирма....
Знае ли некој дали бараат работник во некоја продавница во сити мол? Зара, страдувариус, бершка или во било која? Фала однапред
Лично бев во Котон. Прашав за пола работно време. Ми рекоа за така викаат по потреба во кој и да бил дуќан. За плата кога прашав, чиниш таа шефицата ќе те задавеше. Директно ќе ти кажат на интервју... Боже пази. Верувам дека наложено им е да не кажуваат. Е затоа ќе си одиме од државава.