Толку е минималецот, плус зимаш за ноќна работа, работа за викенд и стимулација од тикети и апарати. Секој почнува со 18.000 иако не е фер кон тие што се подолго време таму, ама така е. Сигурно му рекле дека ќе има и бонуси, така да ќе биде повисока. Ако сака да работи до 12 вечер.
Можеш да пробаш во маркети ако сакаш веро, ангро маркети, канди мислам бараа. Прашај и по ресторани мислам во чифлик бараа за во кујна. Прашај оди зборувај таму најдобро
Здраво дали некој има искуство со Lucky marketing? Имаат објавено оглас на вработување па се мислам дали да аплицирам
Подобро не ни иди јас таму работев само им бегаат еден ден слободен и тоа кога како ќе ти се погоди,ако седнеш да јадеш а има гужва мораш да го оставиш јадењето и да ги услужиш или пак кога има повеќе гужва во текот на денот нема ни да јадеш.Слободен ден се знае сред недела обично вторник среда или четврток и на минималец ќе бидеш пријавена
Мене пак познаничка ми кажа дека земале минималец, ама со бонуси стигале до 20.000 денари. Ми кажа и дека нема работа и повеќе од времето си седи. Како и да е сомнително ми беше што на секои 2-3 месеци пуштаат оглас и не отидов.
Да зошто камера имаш одма над касата и турчинот гледа што правиш не можеш гаќи од гз да извадиш и се пријавуваш на скајп кога доаѓаш на работа.
Нема седење а шефицата на дуќанот ги прави смените прва втора и меѓусмена и повеќе се фаќа меѓусмена и втора одколку прва работтата е бел ден да не видиш и за бонусите се кога е пред нова година и кога ќе заборавиш како изгледаш и што си ти уствари за да земеш.