Ако има кој да ти го чува, не гледам оти не би работела во смени. Плус 7 год, детето и не е така мало. Јас од кога знам за себе, моите работеа ноќни, па еве ништо не ми фали.
Јас сум прва да им следуваат по закон бенефити на самохраните родители оти во моите очи тие се големи луѓе. Ама ете нема, а ти па како да не знаеш оти немаат никакви олеснителни околности, кажуваш како да си открила топла вода за тоа кој што треба да го следува. И да, моите родители се херои. Да ми се живи и здрави.
Аман луѓе, реалноста е таа. Сѐ помалку има работни места кои не се работа во смени, за викенди, за празници. Дури и утринската смена во приватен сектор сѐ помалку е од 9, почесто од 10. Смените се продолжуваат од 8 часа, на 8 ипол, па и 9 часа. Ако мораш, ќе најдеш начин.
Бриџо се гледа одамна си ја летнала ти странција, во приватен сектор кај нас никој газда не го занима дали била самохрана и што и следувало по закон, еве и да се избори за само прва смена да иде нели според закон за кратко ќе ја испушти од работа, ќе и заврши договорот и нема да сака да и го продолжи. Инаку да и јас сметам дека треба да има поволности за ваквите мајки.
Газдите се друг проблем и ќе ги коментиравме ако напишеше дека има проблем со газда. Жената фино лепо си кажува дека не може трета смена, една и се убацува зошто да не може, нејзините еве ја изгледале и ништо не и фали Очигледно газдите не се единствен проблем, прво да се помине без осуди кај народот околу тебе, па ако имаме среќа да се стигне до газдата.
Каде живееш? Кај нас закон не постои, во Европа уште помалку се почитува. Во Германија, Италија, Шпанија (таму каде што сум живеела и работела) прво се осигураат на сите можни начини дали имаш деца, а ако немаш дека нема да ги имаш. Работа за жена со деца, па уште и самохрана е болна точка у цел свет. Капитализмот не им е наклонет ни на родители, ни на деца.
Затоа си бара жената фирма каде не се работи во три смени пошто очигледно и е јасно дека нема да добие поволности. Грешка е што си бара работа во една или две смени? Има такви? Има. Нема потреба од други коментари.
Народот може да се слика ако газдите го почитуваат законот ама имаш среќа што не си оттука веќе па да осеќаш на своја кожа секојдневно какви се правите газди, работниците во тие погони се на минималка најчесто, дури да можат на синџир да бидат врзани ама они у кафана се расфрлаат со понашање види ко сам ја, ај да си ќутам поарно какви се Сепак се надевам ќе најде работно место како што заслужува Пример еве кај мене женава што чисти во зградава, се тоа преку агенција некоја вработена иде само прва смена, можам да ја распрашам кога иде во сабота пример како е договорена за ова само, е и гледам и сабота работи плус покрај тоа што е постојано прва смена. Така да има и такви работни места за само прва, ама треба да си бара како и одговара по огласи, фб-групи имаат битолски фб групи си помагаат за се и сешто.
Јасно, тешко е со мало дете. Се надевам ќе најдеш нешто соодветно за брзо време, не знам дали во Битола има техномаркет (секогаш бараат вработени) сетек, нептун, можеш нешто такво да пробаш ако немаш до сега аплицирано. Ако не се лажам прашување нешто за кладилници како оператор, што направи со тоа?
барам пракса или работа со скратено работно време во областа на човечки ресурси или работа со социјални мрежи пишете ми доколку знаете
Здраво, Сакам да прашам дали некој има искуство со работа во Еуролинк осигурување , кои се условите за работа и слично
Искуства за позиција медицинска сестра во систина, неуромедика? Каде е најдобро за почетник без искуство?
Исто како и во секоја осигурителна компанија доколку се работи за продажба. Платата е на провизија која зависи од вкупната вредност на полиси кои ќе ги продадеш. За да имаш солидна плата потребно е да продаваш осигурување и да направиш договори со фирми, транспортни по можност затоа што тие носат најмногу премии. Сѐ зависи колку луѓе и фирми имаш.
Ima takvi rabotni mesta jas rabotev vo konfekcija 11 god samo prva smena odev sega sum doma ama od zdrastveni pricini
Прво нерви ти требаат за да дочекаш наинтервју да влезеш, ако аплицираш спреми се 2 саати најмалку да чекаш за да влезеш на интервју.