Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Барам работа

Дискусија во 'Барање работа' започната од Marley, 25 јануари 2010.

  1. crazylady

    crazylady Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 јули 2010
    Пораки:
    5.202
    Допаѓања:
    8.431
    Не ми ја отвора странава :(
     
  2. femina11

    femina11 Популарен член

    Се зачлени на:
    15 октомври 2010
    Пораки:
    553
    Допаѓања:
    226
    пробај неколку пати.И мене не ми ја отвораше,5 или 6 пати пробав.Ама не крај успеав.
     
  3. macencef

    macencef Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јуни 2011
    Пораки:
    2.125
    Допаѓања:
    3.167
    Пол:
    Женски
    Најди работа некогаш е со премногу корисници и затоа не отвора :*
     
  4. simona19

    simona19 Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 септември 2011
    Пораки:
    2
    Допаѓања:
    0
    najdirabota.com.mk e za tie sto imaat rabotno iskustvo. Nikoj ne prima "taze" diplomirani. A kade da go stekneme toa rabotno iskustvo ?!
     
  5. rossonerka

    rossonerka Популарен член

    Се зачлени на:
    13 април 2010
    Пораки:
    4.160
    Допаѓања:
    15.289
    Најди работа ви ги презентира огласите не ги дава критериумите. Разгледувајте си огласи, точно дека на голем дел од нив бараат искуство но ако бараат мало искуство година две зошто не си ја пробате сепак среќата? Јас на првото работно место отидов без работно искуство а го бараа. Си кажав секоја работа се почнува од почеток, а јас сум спремна да научам. И ме примија мене.
    Не барајте огласи каде ќе ги исполнувате сите услови, пробувајте секаде кај што сте заинтересирани. Не губите ако испратите ЦВ и таму каде што не исполнувате услови. Губите кога само читате а не праќате мислите дека сте неквалификувани. Бидете поуверливи и сигурни во себе.

    А освен најди работа имате и други сајтови еве ви.
    http://www.vrabotuvanje.com.mk/
    https://www.avrm.gov.mk/avrm.public.web ... earch.aspx
    http://www.dobrarabota.mk/
     
  6. simona19

    simona19 Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 септември 2011
    Пораки:
    2
    Допаѓања:
    0
    Tocno taka, rossonerka. Se slozuvam so toa deka treba samodoverba covek da ima i red drugi osobini i kvaliteti. Dali mislis deka lugeto samo si gi citaat oglasite onaka, bez da pratat CV. Vo ovaa drzavicka odamna ne e "rozeva" situacijata, kako sto izgleda. Za edno rabotno mesto konkuriraat najmalku 10, 20, ... pa i 100 dusi. Od tie 100, najmalku 80 gi zadovoluvaat kriteriumite, ama na kraj rabotnoto mesto go dobiva ne najdobriot, kako sto bi trebalo da bide, tuku najmalku kvalitetniot.Za zal takva e situacijata. Sekako deka ima isklucoci, sekoja cest na lugjeto sto so svojot trud i rabota postignale mnogu vo zivotot.
     
  7. mime87

    mime87 Популарен член

    Се зачлени на:
    1 октомври 2010
    Пораки:
    3.956
    Допаѓања:
    6.949
    Пол:
    Женски
    девојки знае некој повеќе околу работата за call center?
     
  8. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.064
    Допаѓања:
    66.818
    Пол:
    Женски
    Па не знам за во кој кол центар, ама претежно се плаќа на процент. Негде има фиксна плата и плус процент, ама се зависи до местото. Јас не сум за ваква работа, немаш сигурна плата и мутаво ми е некако.
     
  9. mime87

    mime87 Популарен член

    Се зачлени на:
    1 октомври 2010
    Пораки:
    3.956
    Допаѓања:
    6.949
    Пол:
    Женски
    Rain Bow
    Колку да се матка нешто дури сум на студии малку напорно ми е затоа секој оглас го разгледвам незнам од што се состои работата затоа прашвам дали има некој искуство :)
     
  10. eli25

    eli25 Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 септември 2010
    Пораки:
    14.921
    Допаѓања:
    123.390
    Јас се сложувам со Росонерка.Немојте да не праќате CV само затоа што немате работно искуство.Ова е најголемата заблуда,со која верувајте пропуштате можни шанси.
    Јас без искуство добив работа.Иксуство од еден вид волонтирање.Рекоа ајде ни се гледаш ОК,сериозна,ова она-па следеше пробен период од некои 2-3 недели.Не беше некоја работа.За втората исто немав искуство во таа област,сосем различна од мојата струка.Ама ете ми пружија шанса.Така да искача некоја среќичка,sometimes, ;) ,и треба да се бара.
    Исто и за работата на дечко ми -бараа дипломиран со искуство- а тој беше апсолвент без искуство :lol: Го зедоа прво на пробен период,видоа дека го бива :P а ете денес им е раководител таму :lol:
     
  11. rossonerka

    rossonerka Популарен член

    Се зачлени на:
    13 април 2010
    Пораки:
    4.160
    Допаѓања:
    15.289
    На пример во мојата фирма во кол центарот имаш фиксна плата, со одредени бонуси. Но сепак не е лесно идеш 3 смени. Е сега имаш 2 вида кол центар. Едниот е ако ти се јавуваш да известуваш што е многу полесно. А другиот е тебе да ти се јавуваат зашто имаат проблем или за прашање некое е тука е ем позезнато ем потешко, ем напорни се јавувачите и те полнат со негативна енергија.
    Ти не губиш ако пробаш. Праќај си ЦВ. Со тоа што на интервју ако те викнат се ќе си прашаш, ако не ти се свиѓаат условите си одбиваш. Никој не те приморува да работиш. Интервјуто освен што се состои од прашања на работодавецот за тебе, воедно и ти си поставуваш прашања, не ти се допаѓа и си кажуваш извини не ми одговара со обврските на факултет и то е то.


    Абе жени да ве прашам во CV-то ставате ваша фотографија? :wasntme:
    Мене ми е глупо тоа, ко божем ако некој не е физички надарен нема на интервју да го викнат или обратно? Ама видов неколку во последниов период и сите до еден беа со слика, па се мислам дал моето да си го дополнам ил добро си е и вака без. :)
     
  12. lolyta777

    lolyta777 Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2011
    Пораки:
    2.337
    Допаѓања:
    6.902
    Пол:
    Женски
    ^^Роси, јас не ставам фотографија, освен ако не е наведено во огласот дека е потребно да се прати слика, што мене лично ми е многу глупаво.
    Искача работава-да видиме каков/ва си, па ќе видиме дали ќе те викнеме на интервју....глупости, однапред дискриминација.

    До сега само на еден оглас бараа да им се прати слика, па им пратив. И што дека, бев на две интервјуа во истата фирма, за да ме известат дека примиле некој друг....изгледа не им се свиѓав :tmi: :D
     
  13. eli25

    eli25 Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 септември 2010
    Пораки:
    14.921
    Допаѓања:
    123.390
    Јас пак имам слика,секогаш праќав со слика.Некаде прочитав дека ЦВ то мора да е со слика,така требало да изгледа.Е сега нека биде пристојна сликата нели :lol: јас имам слика од табло кога бев апсолвент 8)
     
  14. Maja.Kaja

    Maja.Kaja Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 октомври 2011
    Пораки:
    1
    Допаѓања:
    0
    Имам 19 години и барам некаква работичка во тетово, бутик или слично...ако знае некој во лична порака чекам :)
     
  15. ana-banana

    ana-banana Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јануари 2011
    Пораки:
    1.277
    Допаѓања:
    751
    Пол:
    Женски
    Абе по некои си правила кои ги имам читано мислев дека мора да има слика, па во моето CV имам ставено слика, а сега ако гледаат од сликата кој да викнат а кој не глупо е :devil: , па се надевам дека сликата не им е пресудна работа за кој да викнат на интервју.
     
  16. srcekrsacka

    srcekrsacka Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    2.952
    Допаѓања:
    1.752
    ако е нагласено да има слика на цвто, ставам, ако не не
    зависи на некои огласи има назначено да има фотографија на кандидатот што аплицира, а на некои нема
    незнам дали е пресудно за вработување физичкиот изглед.
     
  17. klum

    klum Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 септември 2011
    Пораки:
    26
    Допаѓања:
    1
    Grad na vrabotuvanje.......________Skopje_____
    Raboten odnos...............(neopredeleno/opredeleno vreme)
    Rabotno mesto...............(sto bi rabotele)
    Struchna sprema.............___preveduvac od italijanski na makedonski jaz i obratno__________
    Stranski jazici................___angliski ,italijanski__________
    Poznavanje na kompjuteri..________Ms Office,Excel,Explorer,Power point_____
    Vozchka dozvola .............___B kategorija__________
     
  18. Mila04

    Mila04 Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 февруари 2010
    Пораки:
    189
    Допаѓања:
    68
    Меил или телефон за контакт ако може? :)
     
  19. klum

    klum Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 септември 2011
    Пораки:
    26
    Допаѓања:
    1
    може тука во лична порака да продискутираме?
     
  20. Mila04

    Mila04 Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 февруари 2010
    Пораки:
    189
    Допаѓања:
    68
    Прати ми во лична порака :)