Барам работа во Скопје нешто да се оди само прва смена.. на пример би можела мерчендајзер или нешто слично. Немам искуство со тоа ама верувам дека брзо ќе ја сватам работата. Ако работите нешто слично и барате колешка пишете ми
Дали знаете како апсолвент, вонреден студент на правен би можела да работам нешто кај некој правник? Или вононтерство ќе биде тоа? Знам оти можеби би ме земале за кафиња да им правам и докумнети да им носам и фотокопирам ама сепак пак ќе имам некое искуство отколку ништо. Знае некој дали примаат така?
Ситуацијата со апсолвенти и дипломирани правници во државава е очајна. Буквално без пракса, препуштени сами на себе. Извини, не сакам да те обесхрабрувам. Кај адвокат можеби би ти давал 3000-6000 денари надоместок, што сметам дека е премалку и за апсолвент, за дипломци да не зборувам. Рачунај дека ќе му ја работиш целата работа, во ред ќе учиш да, ама не сакам да зборувам колку тоа го искористуваат за буквално бесплатно да им се заврши работата. Јас имав едно такво интервју каде што како апсолвент ми нудеа 3000 денари, на почеток ќе ме обучеле, па после сама ќе сум водела предмети. Патем, еден поднесок може по тарифа да биде и 6000 денари. И проблемот е што и колеги, дипломирани, пред магистерска се соочуваат со вакви проблеми, па после магистерска одат за минималец. Многу голема неправда е ова. Си учел, си се мачел, за на крај некој воопшто да не ти го вреднува трудот. Да, искуство фали, тоа е факт, ама многу ретко факултетот нуди пракса. Државата мора да си го среди и ова и праксата да биде задолжителна и платена. Е сега, дека од пракса се учи, тоа е така. Мој совет покрај адвокати, е да пробаш и на суд (на суд не се плаќа, ама можеш многу да научиш), со нотари и извршители и со невладини организации. Македонското здружение на млади правници исто организира пракси со траење од три месеци, тоа е платена пракса со некоја симболична сума, можеш да бидеш распоредена било каде (адвокати, суд, нотари, извршители), ама тоа искуство многу користи. Следи ги, редовно објавуваат повици за пракса. Сега ако ти требаат пари, вака не може да заработиш. Ама најдобронамерен совет ти е да стекнеш било какво искуство, и тоа што порано, за понатаму многу ќе ти помогне. Може не толку во однос на тоа потребно искуство кое секој го бара, а никој не сака да ти го даде (иако зависи од случајот), ама во однос на самото работење и те како.
Само во суд ако сака да научи, али 90% од волонтерите одат само времето да им помине, за жал, а утре тие ќе одлучуваат за нечии судбини...
Здраво и благодарам на широкиот одговор. Знам добро каква е состојбата во Македонија и затоа го имав ставено факултетот во мирување и сега од скоро се вратив со надеж да го завршам. Работев 6 години и видов како е се. Имам уште 10ина испити. Сепак сум во недоумица дека сум во работен однос кој можеби не е лесен ама е платен. Но не е работа која би можела да ја работам стално и пријавување испити вонредно додека работиш е доста предизвикувачки. Затоа се мислев дали да напуштам доколку најдам нешто што ќе биде поврзано со факултетот, но како што кажа страв ми е дане дојдам во таква ситуација каде ќе земам 6 000 месечно. Веќе имам 27 год. ако го завршам до наредната година морам да почнам со некоја пракса или волонтерство. Го видов огласот на Македонското здружение на млади правници.За да бидам практикант мора да не сум во работен однос, или да работам на црно кое нема да можам да го приложам никаде. За да одам практикант треба да сум на грб на моите ако не примам никакви примања. Ќе ги исконтактирам Македонското здружение на млади правници ако се одлучам, фала на предлогот пак.
Ако сте практиканти само 3 месеци, според закон треба да ве исплаќаат од 42% до 74% од минималецот што е од 7500 до 13300 денари. Ако сте повеќе од 3 месеци, треба целосен минималец.
Ova so praktikantstvo e sami da si najdite firma kade ke odite na praksa. Ako jas imam kade da odam na praksa, ne mi trebaat! Kratko i jasno. Treba usluga realna da davaat, a ne samo lapanje pari bidejki ova nekade stoi kako proekt preku eu.
Поентата е кога ќе најдеш фирма, може 0 денари да ти плаќа, а овде средства од 9000 ден се покриени од нив. Ако ти плаќа фирмата ова е плус.
Da, ama mora polovina da vrabotat posle toa. Ne znam, ima mn dupki koi mozat da se koristat, moze da napravam vaka fiktivni vrabotuvanja, za da zemaat pari od drzavata. Makedonija e ova, i zamisli procitav deka ako imas vrski grantot za zapocnuvanje na biznis - da go dobie veke postoecka firma.
Глупости, секој што сакал земал, колку занаетчии само почнаа со грантовите. Ти ако сакаш нема шанси да те одбијат, ниту за грант, ниту за пракса, а ако ти требаат изговори ич не прашувај.
За жал До душа јас имав поинакво искуство, многу бев задоволна, ама секако пред се беше желбата да научам. Па така поминав доста солидно, дури имав и сопствена канцеларија Ама ме интересираше се, па буквално од писарница до пробација, до рочишта секаде поминав. Ме знаеа сите Не е ова за да се пофалам, туку само да споделам искуство и како мислам дека треба да биде. Накратко, поентата ми е дека доколку се заинтересираш може навистина многу да научиш. @warrior пробај да разговараш со адвокати, со невладини каде што им требаат правници и види колку ќе ти понудат, објасни им ја ситуацијата. Чисто да те мотивирам, јас почнав да работам со завршена 4 година за плата, не како практикант. Ретки се тие случаи, ама се наоѓа ако си упорна. Ти посакувам секое добро и со среќа
Здраво, дали некоја од вас има искуство со работа во TASK FORCE? Дали сте задоволни, кои се условите, висина на плата, дали сте пријавени и сл. Фала ви.
Има ли некакви услови за да бидеш волонтер во суд? Пример да имаш дипломирано или запишано мастер?Каде треба да се обратам?