Мене ми искочи како спонзорирано на фб дека бараат работник, и дека не е потребно искуство а баш ми беше по струка а и пишале дека ќе држат прво обука, кога отидов таму беа нешто као а од ова имаш знаење, а од ова имаш знаење, и предходно ми пратија 100 технички прашања да одговорам за кој реално можев да си најдам одговори на интернет, ама не го направив тоа, и на интервју ме прашуваа од тоа што сум го одговорила дека го знам, тоа што сум пишала дека не знам не ме прашаа, и тој ми рече дека единствено јас сум имала на дел од прашањата пишувано дека не знам, сите се одговарале, прво ми рекоа еден месец обука, а после една недела таму се договоривме за плата и да ме пријават, и таа недела кога ја имав 'обуката' буквално се сама работев, тој што ми држеше обука ми рече работи тоа тоа тоа ако не знаеш прашај ме, а кога го прашував ми викаше прашањата нека бидат во облик на консултација а не сработи ми го ова и буквално никогаш никава полза од него немав, само чичко Гугл ми помогна и Кинезите кој прават туторијали .. И така си ја најдов првата работа по струка, реално, платата е мизерна, местото е онака полумизерно ама ќе работам овде колку да имам што да пишам во CV кога ќе барам подобро работно место кое не би го нашла ако немам искуство.. Под мизерна мислам на пријавена на пола работно време, а одам цело, пола плата преку сметка, пола на рака, и плус останувам +1 саат ако нешто немам завршено да завршиме заедно со газдата кој си работи на др работно место..
На која адреса аплициравте тие што имате поднесено цв за во а1? Од страната каде што им е огласот преку апликацијата не успеав поради тоа што cvto не ми е во пдф форма и никако не успеав да го конвертирам, па им го испратив на маилот што го имаат на страната на а1. Може да претставува проблем? Ве молам за помош.
Дали сте запознаени некоја компанија да нуди работа од дома преку интернет нешто како корисничка поддршка? Имам слушнато дека некои дополнително работеле од дома за странски фирми преку интернет комуникација, пред се на англиски. Е сега Мајорел, Таскфорсе, Телеперформанс имаат огласни но тие нудат работа во канцеларија. Мене ме интересира за од дома нешто дали има?
Како не си успеала да го конвертираш, еве една од многуте страници за конверзија, сигурно ќе биде успешно https://smallpdf.com/word-to-pdf
Здраво,јас сум редовен студент и би сакала да прашам дали има некој да понуди сменска работа ,во кафич ,бутик и сл. на дневница во Битола??
Дени е една од најголемите фирми за превоз и шпедиција во земјава, јака фирма се а и платите се добри, ако имаш можност само напред и со среќа
Fala mnogu za infirmacijata. Imam i jas iskustvo vo stranska firma, panse nadevam deka kje imam prednost.
Здраво. Дали имате некој предлог за работа од дома со добра заработувачка? Или со физичко присуство, само прва смена. Искуство имам во угостителтво, во Американска компанија (увоз/извоз) со камиони и како Call Agent на Англиски јазик. Секоја идеа е добродојдена!
Видов оглас за работа се бараат продавачки на сладолед во Тренд. Дали е комплицирана работава или не баш? Искуства???
Здраво,,сакам да ве прашам дали имате информација дали се бараат работници во бутиците како што се ваикики теранова калиопе зара,,дали некој работел, какво искуство имате,,колку е платата,,моментално барам работа,,се надевам сигурна,,имам работно искуство,,секој одговор и информација е добредојдена,,благодарам однапред,,извинете ако прашањето е несоодветно.
Pisi i na Spendzarska na instagram imase na story deka ke otvarale nekoj butik vo Skopje ete moze ke ti pomogne
Здраво, најочајно барам работа, може да е административен асистент/работник, или слично, во една смена. Цело време сум на порталите за вработување. Факултет имам завршено. Ве молам, секоја информација е добродојдена, моментално работам до договор на дело. Ви благодарам.
Zdravo. Studentka sum i baram nekoa rabota so skrateno rabotno vreme kaj moze da najdam da mi preporacate nekade. Blagodaram
Видов оглас за работа во Cineplexx киното барат ,,Редар" Знае ли некој за што поточно се работи?? Каква работна позиција е ова? На огласот нема ништо подетално напишано