Сакам да прашам, ми треба мислење. Најдов нешто привремено како за во бутик..ама газдата ми делува малку манијакално. Петокот бев на разговор кај него. Ми рече ќе ме побара да ме извести 10-7 дена откако ќе ги ислуша сите шо аплицирале, за по 3 часа да ми се јави да ми речи "кога можи да се видиме" и "кога си денес слободна или утре (за петокот и саботата)" му реков дека понеделник ќе му се јавам. И од тој повик наваму чувствувам немир, манијачки ми делува чоеко, треба да се видиме утре а јас неам ич волја да почнам, малку ми е страв. Како да постапам? Шо ако ме натера уште утре да работам?
@sj *O* Секогаш можеш да откажеш и да одбиеш. Не останувај никаде каде се чувствуваш неудобно и небезбедно
Здр дали можам да работам во Ск притоа без да бидам осигурана, а да е доста солидна плата, и имате ли некој предлог Поозз?
Колку што сватив кликаш секој ден и добиваш некоја сума ама пред да се вклучиш мораш да вложиш околу 250 евра за да се прокачиш на таа платформа .......не сватив баш
Здраво. Дали некој има некоја информација за фабриката Чагатај во Скопје, како се со плати, условите за работа.
Чагатај те викаат на интервју при тоа даваат тестови за решавање т. е не е тест туку колку стаж имаш дали ти смета прекувремено работење итн итн. Работата е прва смена од 8 до 4 платено јадење и превоз, но не се работи од 8 до 4 туку од 8 до 6 зошто имаат нон стоп работа за прекувремено и многу луѓе си имаат отидено од таму. Имаш работа со стоење и седење треба да ти менуваат работна позивија да не стоиш цело време, но као и во сите фабрики седењето е само за ВИП особи платата е ми имец и плус ако имаш стаж ти го плаќаат. Кратко ќе ти кажам за било каде таму во зоната едно големо не зошто ги цепат од работа си има и здравствени последици, а на нив си им само една бројка.
Фала многу за одговорот, за минимална плата не вреди да се патува од Велес. Размислувам за Кромберг или Џонсон Мети.