Како помала знам дека постојано на телма пуштаа еден филм со деца. Се работеше за братче и сестричка и уште неколку нивни другарчиња. Бараа некакво богатство скриено и ако не се лажам сестричкава е уствари принцеза само што на крај се дознава тоа. Знам дека имаше ден повозрасен маж ги следеше со цел да им ја земе мапата за да им го украде богатството. Децава знам дека си монтираа на количка камера и така успеаа преку далинско да ја внесат камерата на количката во една куќа за да пронајдат слика некоја ми се чини. Знам едно од децава многу сакаше виолини, па најде една страдивариус виолина на распрдажба. Ова е одприлика тоа што се сеќќавам, ако на некој му текне за кој филм станува збор, пишете ми како се викаше. баш би сакала со брат ми пак да го изгледам
Леле алал да вие јас тој од кога си го барав. На македонски беше малите детективи во невоља и јас го барав како the little detectives in trouble Инаку да не знаете како се викаше еден цртан беше со чудна анимација, со две деца (или 3) во соседството најдоа една стара куќа што испадна дека е жива, па имаше некоја страшна баба таму...На англиски беше и мене ми беше страшен
Барам еден филм со вилинско коњче што беше на А1 го даваа многу одамна, сакам да го гледам сега, ако го знае некој да ми го каже итно е.
Луѓе гледав еднаш еден филм на ТВ 1000 имаше едно мало девојче што ја затворија во куќата мислам и нејзините пријатели ја спасија, влегоа во куќата и нешто вкчлучуваа едни копчиња за вратите да се затворат. Девојчето на почеток пушти еден балон со порака до баба и’ мислам и едно дете го најде и ги ангажира пријателите. Имаше и едно куче го однесоа во едно здружени каде што имаше многу кучиња и на крај го спасија кучето и и’ го вратија да девојчето. Се сеќавам и дека една од пријателите што ја спасија беше русо девојче Тифани. А во насловот имаше нешто детективи мислам. А и (мислам дека) дејството се одвиваше во Калифорнија. Можеби и тоа го имаше во насловот. Го знае ли некој?
Јас еден филм барам 100 год и никако да го најдам, веќе почнав да си мислам дека она на што се сеќавам сум го сонувала уствари.Во филмот се зборува за убиства на еден кампус ако не се лажам, еден психопат убива млади девојки, студентки.Се сеќавам на сцена од една девојка, уметник беше и сликаше едно големо платно облечена во онакви работнички пантолони и гола беше pod niv Мислам целата сцена ми беше ептен онака уметничка и веројатно затоа сум го запомнала ова.Мислам дека нејзина другарка или цимерка ќе биде убиена и таа ќе се соочи со убиецот.Инаку типката беше со кафеава коса и многу симпатична актерка. Самр ти си ми последна надеж
Ne e toj za zal.Ovoj go znam sum go gledala, sepak fala. Se izvinuvam za podrskata ama od mob ne saka da mi ja smeni vo kirilicna.