^Баш убаво што ме потсетивте на филмов не знаете колку долго го барам. Инаку, на сител пред добри 4 години имам гледано еден филм, не ме држете за збор ама мислам беше со Julia Roberts ама не сум сигурна. Се работеше за маж со дете и жена. Запозна една привлечна плавуша во кафуле и се сплетка со неа. После тоа проба да ја откачи, ама оваа му го дозна фиксниот број и му вртеше нон стоп дома. Почна да го прогонува, буквално психо стана дури и му го киднапираше детето на овој. Знам дека на крај овој призна на жена му за неверството и таа му прости.
Здраво, барам еден филм мислам дека ке ви текне за кој се зборува Значи вака беше филмот, една фамилија одат на одмор со една кола и приколка но некако се изгубат и отидат во пустина и однемат гоиво или пак им се расипа нз како беше но во таа пустина има зомбија(zombies)... натам за жал не можев даго гледам мислам дека е хорор
Леле,ја пак со филмовиве.Сега ми дотекна еден и овај беше добар мислам дека глумците беа Том Круз и Никол Кидман не сум сигурна одамна беше кога го гледав.Овие сега изгледа беа маж и жена,таа се дрогираше за него не ми текина.Овај одеше некаде стално или еднаш беше како во некоја соба сите и мажи и жени беа голи само со маски и кажуваа некоја шифра.Ама овај ја заборави и после бегаше.Ама го опишав само на ова ми текина.
Eyes Wide Shut http://www.imdb.com/title/tt0120663/ The Hills Have Eyes http://www.imdb.com/title/tt0454841/
Имаше една македонска серија ја гледав кога бев помала...нешто имаше деца кои прават куклени претстави а имаат некој автомобил ли што беше и леташе и ги носеше некаде на мисии...знае ли некој како се викаше серијата?
Барам еден филм што го гледав на Сител 3. Се работи за еден полицаец или детектив незнам што беше, една стара жена го вика во нејзината куќа бидејки кје пронајде една касета со едно девојче како го силуваат и он кје дознае дека тоа девојче е исчезнато и убиено и на крајот кје ги дознае и убијчите вака нешто беше филмот.
Не сум сигурна,но мислам дека нешто вака беше. Главен лик е црнец кој се претставува како брат му,но тоа се открива дури подоцна во филмот. Се случило некоја сообраќајка(која била настаната мислам дека по кривица на црнецот) во која настрадале некои луѓе од кои сите изгубиле по нешто: око,бубрег (примери само) и сл. (не знам сигурно) И сега се случуваат некои работи,не се сеќавам,но,на крај знам дека тој главниот лик ке се самоубие со цел неговите органи да бидат донирани за оние настраданите во сообраќајката,и на тој начин да им се одолжи.И ке умре во када полна со мраз за да нели неговите органи не добијат дизфункција. Ако некој знае нешто слично нека прати.