поновни сусрет,reunion,режија lee grant,сега пребарував и мислам дека токму тој е филмот,но по се изгледа го нема за гледање целиот,бас сум малер
Станува збор за писателка која оди во една куќа на рид, таму се запознава со еден дечко, водат љубов и наредниот ден сака да го запознае со другите комшии и дознава дека тој бил мртов веќе неколку години. Идеја ?
Не е овај, на почетокот мислам дека детето на писателката паѓа во езеро и се дави така почнува филмот Го најдов, со Деми Мур Half light
Мислам дека се работи за The Grudge. Има 3 дела, а ова е мислам првиот дел. Одамна ми е гледан, нека ме поправи некоја ако грешам.
Сношти на алфа гледав еден филм, незнам дали е стар или нов, од средина до пред крај го фатив, се работеше за едно девојче на училиште, кога требало да се пишат писма за во временска капсула ,,полудело'' и во писмото напишала некои бројки. Па по 50 години се вадат писмава од капсулата, и едно дете го добива писмото од девојчето, а таткото од детево е професор во училиштето. Таткото пробал да ги дешифрира броевите, и тие го означувале времето и местото на најфатални незгоди, од пред 50 години па се до неколку дена подоцна од вадењето на писмата од капсулата. И човеков знаел дека ќе умрат 81 човек, во авионска незгода, знаел и каде. пошол таму неколку часа пред незгодата, и авионов буквално се руши пред негови очи, па утредента слуша на вести дека имало 81 жртва во несреќата. И така уште неколку пати, но последните бројки биле само бројот на жртви, а не датум.. и тој мисли дека е крај на светот. А тогаш ја запознава ќерката на девојчето што го напишала писмото, и нејзиното дете и детето на човекот се исто така посебни, и пишуваат брови на листовите.. Да не пишувам многу, ако некој го знае сигурно ќе го препознае, и го молам да ми каже кој е, сакам да го догледам ме интересира каков е крајот
Јас барам постар филм, го даваа знам порано често на телевизија.Се работи за хорор, млади одат на еден остров и знам имаше некаква забава на островот, ама по одреден период луѓето ќе почнат да умираат, не можам да се сетам од што, дали имаше зомби, или некој ги убиваше не ми текнува.
Вака..не се сеќавам точно како почнува,само тоа шо ми текнува ќе го напишам.Патува детево до Лондон и оди пешки 7 дена мислам..од патот е премногу уморен и се онесвестува пред една куќичка/колиба и бабава шо живее тука го прибира и му дава супа.Стигнува во Лондон и седнува на камен и му приоѓа дете поголемо од него и го прашува кој е од кај иди патем и дали е гладен и детево му рече да и поголемиов му вика епа ајде да ти дадам нешто,а всушност оди до пазарчето и краде лебче и салама и му ги дава на детево.Потоа му предлага да појди со него и детево прифаќа.И го носи така да кажам гето кај шо е валкано сето и во куќава има повеќе деца и овој шо ги чува е стар и постојано ги тера да крадат,колку шо се сеќавам шамивчиња.Детево останува кај него на извесен период ама после го зема угледен човек и детево работи за него.Понатаму не ми текнува,инаку мислам дека го помешав со некоја книга ама не сум сигурна.Одамна ми е гледан и денес незнам како ете ми текна и баш добив желба некако да го гледам па добро би ми дошла помош
Како се вика филмот кој го даваа на Сител 3, околу 5 часот. Имаше некакво далечинско, па некои случки на работа, па во неговиот дом, а глумецот не знам како се вика.