Барам еден филм кој што сум го гледала како мала. Се сеќавам само на некои сцени. Тешко дека ќе дознаам кој е,ама вреди да пробам. Се работи за група на деца кои одат на некаква авантура и не смееја да бидат видени од возрасни, па нешто мачка им го пресече патот. Друго не знам избледено ми е. Филмов би требало да биде снимен околу 1995 година
Не знаев каде да го ставам прашањево, а некако не ми беше за во општи прашања и решив тука.Барам филм каде што ќе биде прикажан и добро обработен целиот процес на пријателство и соработка, начинот на кој се случува изборот на пријатели или како започнува пријателството па се до крајниот дел на најдобри пријатели.Инаку ми треба обичен филм, не документарец Никако не ми текнува на таков филм, а немам многу време за пребарување на интернетов Фала однапред
Ќе ти пишам неколку предлози,па одбери некој. 1.Crossroads 2.Life of Pi 3.The Shawshank Redemption 4.Now and Then 5.The Help Се разбира,основна приказна на филмовиве не им е пријателството,ама мислам дека се развиваат постепено. Исто така,сите анимирани филмови носат поуки за пријателството,од Wall-E до Тоy Story.
Незнам дали прашањето е за тука но оддамна го барам филмот The Best Of Me (2014) од септември е испаднат но сеуште неможам да го најдам по страниците за онлајн гледање, дали некој го има некаде гледано па да ми каже каде можам да го најдам?
значи барам еден филм незнам колку добро ќе го објаснам оти и мене ми го раскажуваа. маж и бремена жена одат во Токио и мажов таму запознава некоја јапонка и почнува врска со неа. На крај незнае како да ја откачи и се договара со неговите 4 другари да ја силуваат а тој да гледа. После силувањето другариве се самоубиваат, а овој почнува да се подгрбавува. Почнуваат мн чудни и необични работи да им се случуваат и жената ќе почне да се сомнева и да истражува. Понатаму се се врти околу некој фотоапарат кој сам пушта слики кои се делчиња од слагалица и се составуваат и кажуваат нешто. На крај мажов ќе заврши во психијатриска болница. Има и втор дел од филмов каде жената веќе е породена и не му го дава детето да го види на овој, па тој бега од болница па и бара
Lost In Translation (2003) провери дали е овај http://en.wikipedia.org/wiki/Lost_in_Translation_(film)
Во филмот се работеше за една девојка која имаше визии и црташе според нив.Нејзината сестра беше омажена,имаше сообраќајна несреќа и сите мислеа дека починала.Но,таа преживеала.Нејзиниот сопруг за цело тоа време ја чувал во подрум во нивната куќа,таа не беше физички иста како пред сообраќајната несреќа,имаше многу лузни.Нејзината сестра имаше некое чувство дека сестра и не умрела и ќе истражува во куќата кај сопругот на сестра и.На крај ќе се дознае се'.E сега,прашањето ми е како е името на овој филм? Никако да ми текне.
Еe Анабелке ова е многу јак филм,одамна ми е гледан по телевизиите Инаку филмот се вика Beneath, од 2007 година е. И ме потсети,може и јас пак ќе си го изгледам.
Го имаш на торент ама не е убава снимката. Почекај некој месец, а во меѓувреме ти ја препорачувам книгата.
јас го барам филмов....го гледав одамна дури 2-3 пати ама ич не му текнуе на името се рабоеше за еден дечко којшто беше многу млад и ко демек влегувА ВО една банда, се викаше Гари, и со текот на времето работи како обезбедување, а тој што му е газда е во непријателски односи со неговиот брат, а и двајцата се многу богати, па така овој Гари стануе главен во фирмата на обезбедување, по елитни дискотеки, и ќе отиде кај другиот брат да работи,т.е. ќе се сврти против тој што о напраи главен, и на крај ќе почне премногу да се дрогира,и ќе се предогира и ќе умре млад. Така нешто беше....???