Се работеше за маж што е многу успешен во работата, и исто голем швалер во меѓувреме. Одеше со три женски во исто време, овие дознаа и сакајќи да му се одмаздат, едната го викна кај неа и сите дојдоа.. И сега не знам што се случуваше, ама по грешка го убија и зошто не сакаше да оди во пеколот, ѓаволот за да одлучи кај да го испрати го врати на Земјата како жена, под услов да најде друга жена што ќе го засака. И накрај, ќе роди ќерка и таа ќе биде единствената што искрено го сака, па ќе оди во рајот и така тралалајки.. Све фино, ама ич не ми текнува како се викаше.
Женски подолго време барам еден филм, го имало на cinestar постојано ама никако да го начекам. Се работи за женска што ќе го собере своето друштво во којшто спаѓа таму и типот шо и се сфиѓа и ќе идат у една скривница како пештера и ќе се соберат таму на еден ден два но она ќе му каже на другар некој да ги заклучи у пештерата па утредента или после неколку дена да ги отклучи.Но типкава била мн злобна и напраила хаос и нз таму шо и на крај сите од друштвото испоумреле ни храна немало ни нишо буквално хаос настанал... Кој го гледал нека пише баш сакам да го гледам доста го фалат
Ќе ве замолам ако некоја се сети за кој филм станува збор да ми каже. Го гледав некаде 2008/2009 на тв го даваа. Тој беше богат и успешен бизнисмен но покрај жената и имаше и љубовница. Не се знае на почетокот. Имаше еден детал што запамтив,беше дека мразеше трошки во креветот,едната од жениве јадеше пред да спие и знам коа ќе се слушнеа на тел. овај ја караше да праи трошки (ова го пишувам со надеж дека некоја ќе се сети по ова). Исто така кон средината на филмот се запознаваат тие две.Некако беше еднава фати слика и и се јави или слично. И се најдоја и после не се сеќавам. Знам дека се премалку детали и дека има многу слични филмови но ве молам секој предлог е добродојден. Има да го најдам по секоја цена.
Филмот го гледав пред некое време,но никако не ми текнува како се викаше.Се работи за маж и жена кои се разведени и нивната ќерка треба да замине на патување со една пријателка,но татко и прави проблеми и не сака да ја пушти.На аеродромот се запознаваат со едно момче и потоа девојката ја грабнуваат.После тоа не се сеќавам што се случуваше. Знае некој?
Вчера гледав еден филм на ТВ, ама за жал не го фатив отпочеток и не знам како се вика. Неколку луѓе беа во брод што тони, сите умреа, само тие останаа живи, имаше 3 жени мислам или 2, неколку мажи од кои еден беше стар и едно дете - Конор се викаше детето. Требаше да го најдат излезот од бродот, да земат кајче и да излезат додека водата надоаѓа од секаде. И знаете од таму - ваму, се плеткаа, си пливаа по 5 минути под вода , трчаа бегаа, некои умираа, на крај секако се спасија, ништо посебно, ама ми треба името за да го ставам на листа. Има некој идеја кој може да биде?
Можеби сум надвор од темава ама незнам каде да прашам... Каде можам да го гледам онлајн „The Sisterhood of the Traveling Pants“? Никаде не ми го отвора.
http://putlocker.is/watch-the-sisterhood-of-the-traveling-pants-online-free-putlocker.html Овде ти отвара?