Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Барам филм

Дискусија во 'Филм и ТВ' започната од stefanijata, 7 јули 2010.

  1. DimovskaSandra

    DimovskaSandra Активен член

    Се зачлени на:
    7 февруари 2015
    Пораки:
    27
    Допаѓања:
    2
    Пол:
    Женски
    Вака значи барам филм кој играше на Universal Channel.......Во него се работеше за жена што е по потрага по својот маж кој наводно умрел од експлозија,на крај таа дознава дека тој имал уште две жени и не умрел.
    Пишете ако ви знаете ;)
     
  2. Oneo

    Oneo Популарен член

    Се зачлени на:
    13 декември 2014
    Пораки:
    2.773
    Допаѓања:
    17.580
    Пол:
    Женски
    Има еден филм кој го гледав како малечка. Нешто се работеше мислам за некоја паричка, дали златното париче. Никако не ми текнува, значи секако имам пишаво да не излезе нешто ама нема резултати. Дали некој случајно знае за кој филм се работи?
     
  3. Kiki-Viki

    Kiki-Viki Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 ноември 2013
    Пораки:
    72
    Допаѓања:
    166
    Пол:
    Женски
    Феминки барам еден многу стар филм, порано го даваа на МТВ многу често,ама не му го знам оригиналниот наслов, а инаку МТВ го имаше преведено како ЅВЕЗДЕН ЗАНЕС, плс ако некој знае да ми го каже или линк од истиот. Инаку темата е мн интересна, момче и девојче се запознаваат на камп и се заљубуваат, момчето му подарува на девојчето школка со роза (девојчето се викаше Роуз изгледа) и после мн години таа станува филмска ѕвезда (Робин- уметничко име) а тој ја бара и кога ке ја најде и станува асистент итн итн итн и на крај таа дознава дека тој е момчето во кое била заљубена како мала, а баш тогаш требаше да се мажи со глумецот со кој снимаше филм и бегаат заедно на денот на венчавката ... Мн сакам пак да го гледам, плс ако може да ми помогнетееееее ;(
     
  4. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.551
    Допаѓања:
    201.684
    Пол:
    Женски
    Еве го
    http://www.imdb.com/title/tt0111279/?ref_=nm_flmg_act_17
     
  5. khaleesi1

    khaleesi1 Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 август 2013
    Пораки:
    105
    Допаѓања:
    52
    Не видов некој да ти одговори, па еве јас http://www.imdb.com/title/tt0440803/?ref_=nv_sr_3 Shutter 2004.. види може е тој :*
     
  6. Kiki-Viki

    Kiki-Viki Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 ноември 2013
    Пораки:
    72
    Допаѓања:
    166
    Пол:
    Женски
  7. tweety-tweety

    tweety-tweety Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2013
    Пораки:
    577
    Допаѓања:
    435
    Пол:
    Женски
    Барам еден филм еве веќе цела недела.. Сега накратко ќе ви кажам за што се работи..
    Две другарки сакаат да одат во Париз. Ама на едната родителите и се разведени па татко и не и дава, затоа што не било безбедно (а тој е како детекнив нешо) .. Ама сепак мајката некако го подбуцнува да прифати и ја пуштил..
    Девојчињата(17г биле) кога слетале во Париз, сакале да се качат во такси но некое момче ги пресретнало и ги прашувало каде одат и потоа заедно се качиле затоа што на исто место оделе... Тој предложил да ги слика, а потоа и рекол дека ќе ги земе од хотелот за да одат вечерта на забава.
    Во хотелот кога стасале на едното девојче и се јавил татко и (оној детективот) и таа не можела да зборува од другарка си па отишла во тоалетот... Зборувајќи приметила дека 4ца непознати луѓе ја носат другарка и. Таа му кажала на татко и и тој и рекол дека секако и нејзе ќе ја земеле само што побрзо да се скрие под некој кревет и да го остави тел уклучен и кога ќе ја фателе да ги опишува луѓето најгласно... Едниот имал тетоважа на раката месечина, мислам.....
    Мислам доволно раскажував, кој го знае одма ќе се сети... Мене другарка ми ми го раскажуваше. Го начекала на тв ама не знае како се викал филмов :D
     
  8. Deadhalf

    Deadhalf Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 јануари 2013
    Пораки:
    196
    Допаѓања:
    65
    Пол:
    Женски
    mislam deka e Taken 1
     
    На tweety-tweety му/ѝ се допаѓа ова.
  9. tweety-tweety

    tweety-tweety Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2013
    Пораки:
    577
    Допаѓања:
    435
    Пол:
    Женски
    Тојј ее !! Фала многуу ^o^
     
  10. ane.bella

    ane.bella Форумски идол

    Се зачлени на:
    18 јуни 2011
    Пораки:
    3.220
    Допаѓања:
    25.784
    Пол:
    Женски
    eve go ima na Dailymotion
     
  11. Kiki-Viki

    Kiki-Viki Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 ноември 2013
    Пораки:
    72
    Допаѓања:
    166
    Пол:
    Женски
    Благодарм многу ane.bella, сега ќе можам да си го гледам кога сакам и колку сакам :)
     
    На ane.bella му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Rama

    Rama Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2011
    Пораки:
    5.487
    Допаѓања:
    55.084
    Пол:
    Женски
    Женски барам еден филм, снаа ми го гледала всушност и ми раскажа дека некои мали деца биле на некој пуст остров со некој старец , тој ги одгледал , и потоа тие пораснале и пред да умре тој им рекол да се заколнат дека нема да одат никогаш на другата страна на островот каде всушност имало човекојадци , така нешто , ако знаете име на филмов давајте веднаш :D би ви била благодарна .
     
  13. tweety-tweety

    tweety-tweety Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2013
    Пораки:
    577
    Допаѓања:
    435
    Пол:
    Женски
    The blue lagoon мислам дека е .. провери сепак :D
     
    На Rama му/ѝ се допаѓа ова.
  14. anuvcheto

    anuvcheto Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 јули 2012
    Пораки:
    163
    Допаѓања:
    352
    Toj e, "The blue lagoon". Интересно филмче.

    Пред еден месец, случајно фатив еден филм ама при крајот, на Сител беше се работеше за некоја организација со детективи што се испратени на тајна задача, имаше една женска-црнка, многу убава, Џо се викаше мислам, таа и цела група детективи беа испратени на задача, женскава требаше да открие што има во компјутерот на тој што го шпионираа, тој беше малку постар,богат,бизнисмен и немаше појма кој се овие, па имаше нешто како коктел и промоција на некоја негова фирма или..Така некако.. Таму, на коктелот "се запознаа", женсакава го привлекуваше човеков, ама тој неа не, таа си имаше дечко,ама мораше да оди со овај човеков за да открие повеќе за него. Многу го сакаше дечко и ама тој нешто ја излажал и раскинаа. Во меѓувреме еден, Мајли се викаше, поблиски пријатели беа, и сега незнам дали престојуваше во негов стан или во хотел во градот во кој беа, незнам ни кој град беше, овај и имаше наместено нешто да вика "Mayli's sexy,Mayli's sexy", ова сум го запамтила:?:

    Незнам колку објаснив добро и кој ме сфати, ако знаете име на некој што ви текнува според моево "објаснување", кажувајте :)! Баш сакам да го изгледам од почеток.
     
  15. DigY

    DigY Популарен член

    Се зачлени на:
    4 мај 2011
    Пораки:
    3.479
    Допаѓања:
    6.483
    Дали некој знае кај да го најдам филмот Q?
     
  16. simoncelicius

    simoncelicius Популарен член

    Се зачлени на:
    29 јануари 2011
    Пораки:
    3.654
    Допаѓања:
    8.558
    Пол:
    Женски
    барам два филма од кои едниот го даваа денес на канал 5 плус, со Џенифер Анистон.
    Верена е, ама пред веридбата тргнува на пат чисто онака да биде сама со себе. Се сплеткува со еден постар маж, спие со него и е неколку дена со него, за да на крај разбере дека тој истиот маж бил претходно и со мајка и и со баба и, односно и двете биле во искушение дали да ја откажат свадбата заради него.
    Ова се сеќавам онака затоа што одамна го гледав и денес случајно налетав на него ама на самиот крај го фатив. Барав по програмите на канал пет плус и не даваат име на филмот.

    И другиот го гледав ептен како помала, ама се работеше за лов на луѓе буквално. Ако добро се сеќавам имаше двајца браќа кои ловеа луѓе, односно ги фаќаа и ги носеа во една планина. Им даваа одредено време предност да бегаат да се сокријат и потоа овие двајца почнуваат да ги бараат и да ги убиваат. знам дека имаше една женска што успеа да им избега, трчаше гола низ планината логоруваше во еден шатор овие ја следеа и на крај она ги зезна и ги уби двајцата.

    И сеа ми текна на уште еден, исто фаќаа луѓе од улица и ги внеуваа во една зграда. И им даваа инструкции што да прават на тој спрат од зградата. За да преживеат мораше меѓусебе да се убиваат. прво имаше малку храна за сите и тоа им беше прво искушение дали ќе почнат со задачата. се сеќавам имаше и еден свештеник со нив затворен, црнец, полицаец и уште неколку. Уствари целта на играта беше дека тој што ќе успее да прежевиее ќе излезе со пари, односно единствен излез од таму е да се убијат сите останати. Мислам дека еден ќе преживее и ќе земе цела патна торба со пари, за да на крај кога ќе му се отвори вратат за да излезе ќе помине на следно ниво уствари, ќе мора да ја одигра играта со сите останати победници, уште неколку души со торби со пари.
     
  17. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    18.990
    Допаѓања:
    81.327
    Пол:
    Женски
    @simoncelicius, првиот филм е Rummor Has It, многу е интересен, типичен Анистон филм за опуштање. :)
     
    На simoncelicius му/ѝ се допаѓа ова.
  18. mila-88...j

    mila-88...j Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 јули 2013
    Пораки:
    209
    Допаѓања:
    60
    Сакам да прашам дали знаете дали има филм според книгата на Даниела Стил-,,Сега и засекогаш''.На youtube најдов само некои инсерти,а неможам да го најдам цел филмот.Доколку некој го гледал и знае,ве молам известете ме.
     
  19. Marossa

    Marossa Популарен член

    Се зачлени на:
    8 септември 2012
    Пораки:
    2.398
    Допаѓања:
    6.870
    Пол:
    Женски
    http://www.imdb.com/title/tt0086024/
    Еве овој изгледа е.
     
  20. mila-88...j

    mila-88...j Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 јули 2013
    Пораки:
    209
    Допаѓања:
    60
    Да тој е,само ке мора да го симнувам а :(