Барам еден филм чиј жанр е научна фантастика, и од прилика паметам како се одвиваа дејствиата. Имено, во филмот се работеше за еден научник по математика кој успева да направи машина за патување низ времето. Меѓутоа главниот мотив за да ја направи истата е загубувањето на неговата свршеница во сообраќајна несреќа, и тоа на денот кога треба да ја запроси. Откако конечно успева да се врати во времето, ја носи во еден парк каде ги напаѓа еден крадец, и тука ќе ескалира ситуацијата и крадецот ќе ја прободе со нож неговата свршеница каде таа повторно умира. Потоа, како резултат на мноштвото неуспешни обиди, тој почнува да патува во иднината каде оди се подалеку и подалеку. Меѓутоа секојпат кога оди некаде, постои библиотека каде еден црнец му нуди книги. На крајот ќе замине во иднината каде луѓето ќе спијат во карпи и како превозно средство ќе користат бродчиња. Но, секојпат сонуваат еден ист кошмар (чудовиште како ги брка), кој дотогаш им е мистерија, се дур научникот не ја разреши истата. Филмот е мејнстрим, и ве молам доколку ви текнува на насловот да ме известите. Благодарам однапред.
На Синеманија гледав еден германски филм пред недела две и многу ме нервираат бидејќи понекогаш различно го преведуваат филмот од оригиналот. Филмот наводно се вика „Џил“, но барав по интернет, никаде нема таков филм. Се работи за едно момче што игра фудбал и татко му беше фудбалер, но умре, па оттогаш детето халуцинираше и го гледаше насекаде. Имаше повреда на ногата, поради тоа не можеше да игра, мајка му се прежени мислам итн. Главно е што филмот беше германски, барем колку што приметив, и како што гледам не се вика Jill. Па? Некој можеби го знае?
како се викаше оној хорор филмот со тие близначките шо се уствари духови?. Нели детето си се вози низ дома и само ги среќава близначките и они му викаат играј со нас
Маж и жена се договараат со нивните блиски пријатели да потпишат дека ќе го чуваат нивното дете во случај да починат. Потоа, родителите на детето загинуваат во сообраќајна несреќа, и детето останува на пријателите. Филмов го гледав многу одамна, и освен на тоа дека главната актерка беше русокоса, на ништо друго не се сеќавам.
Го гледав одамна и не се сеќавам баш,а и при крај го фатив... Имаше едно киднапирано куче и киднаперов за да им го врати кучево бараше некаков прстен од сопственикот.Потоа група деца успеаа да го спасат кучето и да ги разоткријат киднаперите кои всушност биле некаква криминална група,итн.
Феминки помагајте додека не ми експлодирал мозокот Никако не можам да се сетам на името на една серија која ја гледав одамна на Фокс лајф. Се работеше за една многу богата фамилија и нивните семејни тајни. Се што се сеќавам е дека таткото беше еден висок со бела коса и бели мустаќи, адвокат ако не се лажам, а ќерката се викаше Карен. Ви звучи познато???