http://www.youtube.com/watch?v=Eauvi7ew ... re=related Тоа е од цртаните серии за Тимон и Пумба, еве ти дел од нив, ако не е во оваа епизода, прошарај низ другиве, мора да ја најдеш.
Филмов вчера играше на Наша ТВ околу 9-10 саатот и беше Британски. Се работеше за едно дете беше нешто болно не можеше да се движи и почна со ногата нешто да пишува на подот - mother напиша. После 17 години нешто играа фудбал и знам тој сеуште неможеше да се движи баш најдобро само седеше на голот и така бранеше... филмот мислам дека беше вистинска приказна...
помош Девојки пред неколку години гледав еден филм на канал 5 , и сега неможам да се сетам како се викаше . Имаше една девојка која работеше како стриптизета и бегаше од една мафија , мафијата и ја уби цимерката. после некое време оваа се смести во едно семејство во кое таткото беше свештеник и имаше жена момче и девојче . Таа бидејки спиеше во иста соба со девојчето што беше на нејзина возраст се заљуби . Потоа кога одеше на училиште нејзиниот учител дозна дека таа е стриптизта и сакаше да ја силува ама му избега итн.
Барам еден филм го глеав пред 2 или 3 недели на А2 имаше една девојка на која и се јавува едн дечко и и вика дека нејзиниот татко е пред умирање а она со него нема зборено многу години,но сепак решава да отиде кај татко и.после дечкото и кажува дека уствари не е пред умирање него го бараат за убиство.Исто се појавува и едно чудовиште(како некое дрво личи) кое уствери после дознава дека тоа е тој дечкото и сака да ги убие.На крај одвај успеваат да го убијат. Филмот многу ми се свиѓаше ама не го видов насловот ве молам помош!!!!
Пред 2-3 години гледав еден филм што сварно ми се свиѓаше многу и ми остана во сеќавање. Мислам дека е романтична комедија.. Се работеше за една девојка што имала некоја несреќа и ќе остане во кома, и во тој станот кај што живеела ќе го купи еден дечко. И сега кога ќе се всели во станот тој ќе го гледа духот на девојката и има комични сцени демек духот на девојката си живее тука и се чуди кој е тој и што бара во нејзиниот стан бидејќи не се сеќава дека останала во кома. И вака-така ќе се заљубат. Тој ќе почне да истражува за неа и полека двајцата ќе дознаат дека таа всушност е во кома. На крај мислам дека тој ќе ја спаси некако и она ќе се разбуди од кома. МНОГУ сакам да го најдам овој филм, ениуан?
вака пред неколку дена го гледав на тв1000 беше со едно машко од мал почна да слуша рапп и рапер беше се дружеше со црнци на улица, а татко му се кандидираше за градоначалник и сакаше да го спаси од гангстерите да биди нормален па најми двајца актери црнци да глумат гангстери и да му дојди умот ама ништо од тоа и на крај го прифати каков што е многу беше смешен хелп? едит: заборајв да кажам дека е белец овај раперов
Дечки јас барам еден филм,го имам гледано неколку пати додека бев помала.Еве некои работи што ги помнам:дете тинејџер е болно од рак. има комшија кој го повикува на гости и му открива тајна дека има 120 години и дека тоа го постигнал пиејќи еликсир на младоста. по таа средба тој комшијата утредента умира. бидејќи детенцето му беше драго му остави траги за да му помогне да го најде еликсирот. единствено нешто што ми текнува е дека детето болно од рак во филмот се вика Овен. хелп? :ѕ
Вчера гледав еден филм со Британи Марфи и Рајан Рејнолдс и никако не можам да го најдам. Британи во филмот се вика Сила а Рајан Форд мислам. Се нервирам
http://www.youtube.com/watch?v=3XZY3qbhAnk Овој е мислам филмот што го бараше. Го имам и јас гледаано само глумецот е Jason Lewis не Ryan Reynolds.
Многу одамна гледав еден филм. Се мислам дека се викаше Life for one day ама не можам да го најдам. Се работи за една девојка Јасмин која премногу брзо се развива бидејки на мајка и и ставија некоја експериментална инекција и се породи многу брзо. Мајка и умира а за татко и не знам. И ја чува еден што после ке се вљуби во неа. Додека тој иде да купи алишта за бебе таа е веќе девојче. Таа се нарекува сама себе Јасмин по цвекето бидејки многу и се допага. И на крај оди во некоја градина со јасмини, дечково едвај ја наога и таму таа умира. Баш ми се гледа филмчево пак. Знае ли некој како е точниот наслов на филмов (ако го има некој гледано).
барам еден филм што го гледав одамна...приказната е за 2 најдобри другарки...средношколки се...едната е модел и другата сака да биде ама не може затоа што демек е мн слаба и затоа ке почне да се прејадува и ке поврака после,мислам булимија ке има и ке заврше 2 3 пати во болница и ке ја хранат преку цевче.инаку и другарка и има булимија и она ке а замоле лекси(ова др девојче што ке биде во болница се вика лекси)да не кажува на никој за тоа ама она сепак ке и каже на мајка и затоа ке и се налуте.на една забава ке се сретнат и лекси ке сака да зборуваат ама оваа др бегајки од неа ке ја ударе кола и ке умре ама од срцев удар.лекси ке се осекја крива за нејзината смрт и пак ке заврше во болница,ама ке се опораве...ај ако некоја го има гледано филмот нека пише како се вика ...
барам еден филм приказната е за двајца вљубени таа рага дете таткои го дава детето тоа израснува во циркус ,а нејзе ја мажи за друг и после многу години таткои решава да ја изненади и на нејзиниот роден ден ги повикува нив а детето ја пее песната слусни ја мајко мојата песна го немам гледано(ми го имаат раскажувано но никој незнае како се вика) очајно го барам и сакам да го гледам п.с. мислам дека е турски ве замолувам доколку некој знае како се вика нека ми каже