@Adi888 Не е Се се мислам дека во филмов нешто се работеше за некои снимки, се снимаа кај што имаат с*кс, па ги загубија, па...
Пред некој ден на сител даваа еден филм. „Ангелско дете“ мислам дека се викаше, ама не знам од која година е. Ако најдете торент ве молам пратете ми.
Не се сеќавам баш убаво ама поодамна на некоја од нашите тв мислам се беше МРТ 1 ама не сум сигурна играше една серија. Се работеше за тројца другари две машки и една женска мислам дека воени пилоти беа или така нешто не се сеќавам.... да не знае некој како се вика ?
@k.frosina Мислам дека е ова http://www.imdb.com/title/tt0128889/ @referentka На оваа Федора мислиш http://www.moviesub.net/watch/fedora-1978/3361.html
Odamna mi e gledan filmot ,naslovot ne mi teknuva,i se prevratev ottogas nemozam da go najdam.bea 2 devojki,sestri ili bratucetki,eventualno drugarki,taka nesto.ednata bese mnogu debela,ednata bese zgodna, kako fitnes instruktor nesto rabotese.crnki bea.i otidoa na odmor i eden mnogu zgoden tip se zaljubuva vo debelata devojka,vo nivniot narod poim za ubavina bea krupni devojki..mn interesen film bese,kako komedija nesto,ako mu teknuva na nekoj pa i ako ima link za gledanje epten super ke bide
Женски барам еден филм, вчера накај 23 часот го даваа на МТМ. Според квалитетот на снимката ми изгледаше како да е малку постар филм, а се работеше за професор во едно училиште кој го убија, па на негово место како замена доага неговиот брат, но всушност тој е на тајна задача да го истражи неговото убиство. Исто така во тоа училиште работеше еден човек како чистач, кој во војска одел по тунели или нешто така, а сега многу сака да оди низ вентилацијата во училиштето и да прислушкува. Потоа и професорот ке го внесе таму. Ај ве молам ако знае некоја кој е филмов да ми каже, ептен беше интересен а не го догледав, заспав... Благодарам однапред. <3 <3
Барам еден филм од поодамна го имам гледано, ама не го знам насловот. Едно мало дете кога татко му ќе замине на службено патување, а неговата мајка е почината, ќе го остават на чување кај неговите стрико и стрина. Малиот син од неговите стрико и стрина, кој е приближна возраст колку него ќе е психопат. Ќе ја труе домашната храна, а само тој нема да јади, прави убиства и на крај од филмот стрината ќе ги држи за рака (а, долу има провалија) нејзиното дете (психопатот) и детево што доаѓа на гости кај нив (чиј, татко е на службено патување), и на крај по тешко двоумење ќе го пушти да падни детево нејзино - психопатот, а другово дете ќе го спаси. Како ли се викаше филмот??? (овај филм има во еден дел слична тематика).
На сител (пред едно 3,4 најмалку можи и повеќе повеќе години го емитуваа ама од X причина не успеав да го догледам). Една жена ќе се пријави на конкурс за работа во некоја фирма, ќе ја вработат, ама газдата на холдингот/компанијата ќе се обиди да ја силува (нема да успее, меѓутоа сепак ќе поведе женава постапка на суд). Ќе го праша таму еден колега нејзин црнец дали ќе прифати да и биде сведок на суд. Тој ќе прифати ама одејќи на рочиште ќе нареди овај силувачот да го спречат да оди . Возејќи велосипед, ќе го згази кола. Богаташов, (силувачот) ќе ангажира јак адвокат, па нема ништо да го казнат). Ќе објаснува адвокатов дали вие имате пријатели, можда мојот клиент имал само пријателски намери, вие погрешно тоа сте го сфатиле и сл. Понатака, незнам како течеше филмот, немав прилика да го догледам. Како ли се викаше филмов???