Не можам никако да го најдам филмот, го имам гледано како мала, знам дека го даваа на Сител во недела. Едно дете го оставаат за викенд дома. Тој зема пушка и отиде во планина. Таму падна, ја уби ногата и остана ноќта. Дојде волк, се спријателија и тој го бранеше од другите волци. Другиот ден, го киднапираа негативците во филмот. На крај мајка му, татко му и еден шериф го најдоа и го ослободија.
Јас не барам конкретен филм. Само сакам некој да ми препорача некој добар француски филм. Затоа што сега од први септември ќе учам француски, па добив желба да изгледам некој добар филм. Да биде нешто во стилот на The Notebook.
Има недела од кога играше ффилмот на Телма. околу 19 часот. се работеше за девојка која се занимаваше со мода, во Париз, но од Мароко,па и истекле документите и понатаму не гледав. Беше доста интересен. Ако некој знае нека го пише,многу сакам да го гледам
Paris à tout prix се вика филмов, барав пред некое време торент, ама не успеав да најдам Ако го најде некој, нека пушти тука линк
Ова е од серија - „Roadies“ , нова е... Јас пробав со првата епизода, не ми се допадна и ја баталив. Ама ти пробај, можда ќе ти се свиѓа.
Барам еден филм кој го гледав мнооогу одамна уште како мала,се работи за едно сиромашно дете кое погрешка ќе го заменат со друго богато и ќе има авантури. Ако знае некој нека пише
Bring it on (сите делови, мислам дека се 4), Wild Child, 10 things I hate about you, Dazed and confused, 16 candles, 100 girls, Boys and girls, It's a boy girl thing.