мислам дека е тој филм како што ми го раскажуваа а точно знаеш ли како се вика филмот се мислам дека нешто црвената боја на љубовта дека се вика уф колку сакам да го гледам
овој филм се вика Escucha mi cancion,а тој што мислам дека го бараш е индиски само и јас незнам како се вика
епа вака, дечко и девојка живеат заедно се сакааат , девојкава има настапи сеа незнам на што точно свиреше, но дечково е бизнисмен и на нејзин важен настап ќе ја излаже дека нема да може да дојде затоа што и спрема изненадување.. се качува во такси и без да му каже таксистот знае каде да го однесе, девојкава изненадена од посетата и кога треба да си идат по некоја случајност во истото такси се качуваат, но праат сообраќајка и девојкава умира, тој тагува по нејзе, утредента кога ќе се разбуди ја гледа до него и ко демек господ му дава уште една шанса за да ја поправи грешката тој се ќе направи за да ја спаси девојката од смрт, но повторно истата случка се дешава со истото такси но овој пат умира тој !
Девојки овој ли е филмот? Сакам да го симнам пошто интересна е приказната што ја напиша thelittle17. http://www.youtube.com/watch?v=XUHCGbP6d4A
Да тој е и јас го симнувам моментално имам слушано за него и изгледа како интересен филм.Еве ти линк http://btjunkie.org/torrent/If-Only/419 ... d7607c292c
Вака - очајно барам еден филм кој го гледав пред 2-3 години, али му го заборавив името. Во главна улога е Ума Турман, која во филмот е моќна жена, која живее во луксузен стан во Париз. Работи со некои антиквитети или уметнички слики, мислам нешо беше, но ќе се навлече во многу опасни бизниси, со луѓе од подземните кругови, мафијаши кои шферцуваат скапи антиквитети, па дури и убија една жена за да и земат од куќата еден предмет...Иначе она е во врска со десетина години помлад дечко( згоден и сладок), кој ќе се пресели кај неа во станот и ќе имаат бурна и страстна врска...Кога ќе отиде на службен пат, дечкото низ улиците на Париз ќе запознае млада и слатка Французинка и ќе се заљуби во неа, секој ден ќе се гледаат и на крај оваа ќе ги фати заедно во кревет... Да не тупам многу - на крај дечково ќе има можност да одбере со која од нив две ќе остане и ќе се одлучи за Ума Турман и двајцата ќе бидат убиени од мафијашите со кои таа беше сплеткана...
Девојки и јас барам филм. Го гледав лани или на алфа или на скај нет беше, ама не сум сигурна. Не го фатив од почетокот, а не го ни догледав до крај зашто требаше да одам на школо втора смена. Епа нешто вака беше: Жената која мислам дека беше плавуша живееше во стан. И некој ја следеше. Ја даваа кога се соблекува, јаде, бла, бла инекој ја гледаше. И’ ѕвонеше некој на телефонот. Си помисли дека е еден со капа кој го виде на улица и тргна по него, кога го фати за рамо и го заврте мислам дека излезе дека е нејзин другар. Не беше тој што ја следеше. Ама еден тип очајно ја следеше. А поради избледнети сеќавања не се сеќавам дали таа виде некој од спротивната зграда со телескоп кон нејзиниот стан или пак таа си купи телескоп за да виде дали има некој кој ја гледа. И се сеќавам дека жената дома имаше папагал. Помош?
Барам еден филм, кој воедно беше и првиот хорор што сум го гледала, т.е вториот после The Ring. Приказната е за едно семејство, мајка татко ќерка и син како патуваат ама постојано го поминуваат истиот пати се како заглавени. Имаше една сцена кога мајката и е отворен мозокот и уште зборува и си го чешка мозокот. Го памтам ова зошто се згрозив. Мислам дека беше нешто со Погрешен пат ли. како беше, врска немам, ама многу ќе ми погоне ако ми кажете, ме копка веќе со години п.с На крај ќерката излегува жива од болница и наоѓа ливче: I will be the best grandpa in the world.
Барам еден филм кој ми беше еден од поомилените во детството. Имаше четири жени кои се сеќаваа т.е го раскажуваа летото кога биле деца на некои 12-13 години... Лудостите од тоа лето го одбележуваат филмот а имаше еден лик кој го викаа лудиот Пит кој го спасува едното девојче при една незгода и открива тајна дека имал жена и син кој се мртви. Дури по толку години девојчето т.е жената им ја кажува тајната на другите... Се работи за стар филм...
Овој да не е? http://www.youtube.com/watch?v=nH8MTQ6ferY Би требало да е овој http://www.youtube.com/watch?v=5SuvOjgwWWc
Супер тема, ајде помош... Маж и жена тргнуваат на одмор, а детето го оставаат на дадилка. На тргнување во колата отпозади се појавува тип кој им вели дека ќерката им е заложник и дека ќе ја убијат ако не прават онака како што тој ќе им каже. Го тера мажот да ги извади сите пари од банка, па да пријави некакви неправилности кај шефот од работа со што ја губи работата и мн. др. работи, не ми текнува сега...На крај излегува дека сето тоа е лажно и наместено од сопругата (бидејќи дознала оти тој има љубовница), и од мажот на љубовницата...Мислам дека еден од Baldwin е мажот на љубовницата не сум сигурна...
Пред некој ден гледав еден преубав филм. Се работи за една девојка која бара работа и на крај се одлучи да биде стјуардеса. Она ги следеше постапките на една славна личност и тоа ја доведе до прва класа авиони. Помнам само дека се викаше Donna, а нејзиниот дечко Ted.