ама работа ти отворив,не е хитно бе не се замарај.Може и не беше плава,така сега ми е во сеќавање,може и хорор-трилер ,и некое дете да не имаше во филмот
Ќе ми текне. Имав и на utorrent , не ги бришам одма, ама ко за беља не ми текнува. Не ми отвори работа без грижи, ама имам толку мн изгледано што не ми ни текнува кој е... Да се неколку е лесна работа. Инаку хорори гледав додека не замина маж ми на брод. Сега сум на трилери повеќе и драма ради мајка ми. Таа не може да гледа хорор... Ќе ми текне, ќе те тагнам.
Семејство се преселува во нов град. Одма во првите денови од преселбата се случува несреќа, поточно детето им загинува. Не ми текнува зошто немаат нормален погреб, туку детенцето го погребаа кај некои стари индиски гробови. Истата вечер детето им се врати...Беше ко зомби, ама беше многу злобно и сакаше сите да ги убие. После дознаа дека ако закопаат некој на тоа место, човек станува зомби и ќе ги прогонува.
Две сестри близначки, едната е познат модел, ама нешто проблеми ќе има па близначкава мора да ја замени пошто има битна ревија, и никој нема да ги сконта освен шивачката. Постар е филмов мислам
Девојки знам дека звучи глупаво,ама вчера гледав серија, и сеа дали во CSI, дали во NCSI, споменаа филм, ама денес никако да ми текне на името, а баш коа г споменаа си реков ок ке го запамтам и ке го прогуглам. Ама сеа не ми текнува ич. Значи од еден збор е името и почнува на буквата М, познат филм, барем познато ми звучеше името, и некако одма го поврзав со антихрист. Знам дека мн глупаво ми е објаснувањево ама ако на некоја и текне на името нека пише.
Ако е NCIS, најверојатно Динозо .. провери овде http://ncis.wikia.com/wiki/Anthony_D._DiNozzo/Movie_References http://www.ncisguidebook.com/film.html http://www.imdb.com/list/ls057746337/ или гуглај dinozzo movie references It's a thing.
Филмот го гледав пред неколку месеци, мислам го гледав фатив нешто и не го догледав. Е тоа што видов беше друштво со брод на море, но сите се во вода и се обидуваат да се качат но никако не успеваат. Почнува да ги фаќа паника една девојка умира ја пуштаат да потоне. Спас нема го гледаат само бродот веќе и не се обидуваат да се качат, си ги чуваат силите и се надеваат дека ќе налета некој друг. По некое време наидуваат други но тие некако не се многу расположени за помош но и помагаат. Се качуваат во бродот и настануваат некои сплетки...толку знам. Баш ме интересираа како сите скокнаа во вода и што се случи на крај.
@Ane-Goki1 фала, тој е. Познав по некои слики бидејќи навистина само малку фатив од филмот. Ова со деловите ме дотолчи, немам јас толку време, ќе чека бољи дани. П.С. ама брзи сте биле браво имам јас и други такви филмови не догледани, само кога ќе се распишувам...поздрав девојки.
@simoncelicius , го најде филмот? Јас вчера гледав НЦИС и го спомнаа Willard, за некој човек со глувци.
Филмов го барам под дрво и под камен еден месец веќе.. Луѓе, помагајте! Гледан ми е одамна па не се сеќавам точно на се.. Почнува со раскажување на животот на брачен пар уште во средно дури биле во врска. Тој и бил прв, ми текнува.. Се раскажува како живеат моментално. Мажот работи во некоја фирма, мислам дека беше имформатичар. Заплетот почнува со тоа што типот добива унапредување на работа. Добива и картичка за придружнички.. Проститутки за разонода. Типов не мислеше да ги корости ама под притисок на работата попушта. Вика една девојка и од тогаш натаму влегува во еден круг од кој не може да излезе. Еден ден, немајќи на која да се јави од картичката , ѕвони на оглас од весник. Огласот е мамка и го апсат за проституција, зошто во државата каде што моментално беше не била дозволена. Другиот ден го пишува во весник, жена му разбира, се караат.. На крај попушта и се смируваат. Толку знам да опишам и не можам да го најдам.. Некој ако го гледал нека кажува одма... Фала!
Го најдов, само што не бил од NCIS, туку од CSI, ама ги пуштив епизодите и од двете серии и го најдов. Сепак фала ви на сите.