Барам еден филм кој го гледав на HBO пред 15тина години не го запамтив името но беше преведено како "pazi start zelis" двајца браќа се едниот помал другиот поголем. Еден ден помалиот брат го нервира поголемиот што поголемиот истата вечер пред да заспие помислува желба да нема брат и желбата му се исполнува со помош на една паричка. Другиот ден се буди во куќата самсам пушта тв и го гледа неговиот брат во една реалити емисија и сваќа дека желбата му се исполнила. Се кае и на бара паричката со која може да си ја повлече желбата. Дали некој го има гледано и знае како се вика?
Да ви раскажам за филмот што сакам да го најдам а не знам како се вика па ако некој знае нека пише. Се работи за живот под земјата, каде што луѓето си изградиле свое живеалиште и таму можеби живеат со години и тогаш се случува едно машко и една девојка да се запознаат случајно, избираат како да кажам што да учат или студираат не знам поточно и девојчето го одбира тоа на машкото а машкото тоа девојчето што сака да го уче, така нешто. Потоа се здружуваат и откриваат нешто на што работел неговиот дедо така се сеќавам, и на крајот го откриваат животот на земјата. Баш би сакала пак да го гледам филмот.
имаше еден филм со две другарки кои играа одбојка и двете болни од булимија.Едната знам се викаше Лекси другата Џен(Или Џенифер) .Втората на крај умира.Филмот е доста стар.Сигурно го гледав пред едно 12 години и неможам никако пак да го најдам
Дали е излезен и каде да го гледам ?? Линк ако имате.. Ефектот на среќата во режија на Зафировски, македонски филм.
Ми се уврте во глава некоја сцена, но не знам од кој филм е . Многу невести трчаат по еден дечко, а тој им бега. Некој да не знае ?
После безуспешна потрага од еден час, решив да пишам на темава.. Станува збор за филм, даван 2004-2006 на tv1000, чие дејствие се одвива од прилика некаде 90-тите години. Имено, мајка, и мало девојче со плава коса постојано се селат од град во град, но додека тоа се случува мајката речиси во секој град наоѓа љубовници. Не знам дали доволно добро опишав, ама толку се сеќавам. Ако на некој му текне нека пише.
Да не знае некој како се вика еден филм, постар е малку. Дете е комшија на мајка и ќерка и се опседнува со нив, почнува да им досаѓа, и на крај ќе излезе дека е убиец детево
Оти според описот исто на овој ми личеше. Мајката си бара љубовници и се селат од град во град. Друг сличен незнам.