Барам филм, авантуристички, а содржинава на кратко: друшво се 4-5 души, и секој од нив мора да направи нешто екстремно пред да умре, параглајдерство, искачување на планина, сурфање на големи бранови во океан и уште нешто....на глумци не се сеќавам воопшто ако некој можеби го асоцира не некој филм, ќе ви бидам многу благодарна
Да раскажам малку , можеби некој го знае. Се работи за девојка, плава инаку, малку буцка , и каде и да оди мисли дека сите машки ја гледаат неа, се заљубуваат во неа, но во реалноста не е така. Мислам дека имаше некои проблеми и дека ќе сака да самоубие, па ќе налета на еден маж. И на крајот можеби ќе биде со него. Некој?
Девојки еве неколку предлог филмови Inception Shutter Island Gone girl the stanford prison experiment 2015 Se7en Split Jurassic World: Fallen Kingdom Affairs of state Contratiempo
The Edge of Seventeen. На TV1000 порано често даваа еден филм, врска немам која му беше поентата. Знам во главна улога беше еден плав фраер, кој се фати со една девојка. Девојката носеше огромни очила и секогаш кога плачеше по него, солзите ѝ се собираа околу стаклата. Ако не се лажам, дури си ги собираше во чаша или тегла. На крај мислам дека се земаа и дете имаа. Изгледа филмот е некаде од крајот на 90тите.
Со Адам Сендлер,Еди Марфи,Робин Вилијамс и Били Кристал не се до толку духовити како овие двајца ама се многу креативни,Овен Вилсон со Џеки Чен во Шангајски витези деловите,Џеки Чен и Крис Такер во Rush Hour site delovi,Стив Карел во 40 годишна девица итн...
барам шпански филм акција/романса, кратко знам смао дека се работи за пар кои живеат во куќа каде на долниот спрат им е продавницата со злато накит итн... и 3 кои ги ограбуваат таквите богаташи. ако некој знае фала однапред