Не, Fringe се викала серијата, има 100 епизоди и колку што разбрав секоја епизода е посебно дејство. Кога видов краток трејлер мислев дека се работи за филм, ама отпосле дознав дека трејлерот бил само за една епизода.
Прееска го загледав еден филм... ама не догледав. Брачен пар, две мали дечиња (машко и женско), и поголема сестра. И брачниов пар требаше да оди негде на поседок, мислам имаше болен некој.. и татково го викна брат му да ги чува децата, ама тој беше некако многу глупав, дебел и висок. Таа најстарата ич не го сакаше и му направи кавга со неговата девојка или другарка не знам што му беше. Тоа најмалото дете мислам дека беше актерот и на Сам дома филмот... дали знаете како се вика филмов?
Дали знаете како се вика филмот, одамна го имма гледано пред некои 15години валјда. Девојче со мајмучне, го носеше во школо во ранец тоа памтам. А ми беше омилен
Ајде ако некој може да ми помогне со еден филм. Филмот го имам гледано многу одамна не ми текнува како се викаат актерите, мислам дека едниот глумец беше бел а другиот црнец имаше и една женска неа ја киднапираа и овие двајцата се обидуваа да ја најдат. Знам дека имаше сцени во шума мислам дека женската таму ја киднапираа, а после имаше сцени и на еден брод таму ја пронајдоа. Филмот е акција го даваа неколку пати на сител но јас тогаш бев многу мала 11 12 години и затоа не ми текнува многу. Ако некој го знае филмот нека ми помогне, многу сакам да го гледам повторно. Благодарам.
Здравоо Пред некој месец на тв даваа еден филм, не го догледав па сакам пак да го гледам но не ми текнува како се вика. Ќе ставам слики од актерите во спојлер па ако некој го има гледано и знае како се вика нека каже. Спојлер: Слики
Мислам дека не е Колку што се сеќавам оваа беше негде на планина на зимување мсм од работа и кога требаше да си оди заврна многу снег и не можеше да се врати а по некој ден и беше свадба или свршувачка, тогаш помина човеков па за нешто се расправаја но на крај таа го премоли за да си оди со него и понатаму не се сеќавам а и не го догледав