Неверојатно, ама неможам да го најдам Ивкова слава на нет. само Зонето ја има. Знае некој некој линк?
Филм за еден бејзбол играч кој е неправедно осуден за убиство и скитник кој му помага, вчера го даваа на TV 1000 ?
Барам еден филм одамна го имам гледано се работи за една жена оди на одмор на Хаваи и таму се запознава со млад дечко и се заљубуваат ама она се враќа дома и не ми текнува точно како беше. Неможам да го најдам
Дали некој знае како се вика филмот што е моментално на сител? Го дава како да се вика План за одмазда но не можам да го најдам на нет. Се работи за мајмун кој го пронајдоа некои луѓе и го посвоија. Тој порасна изгледа како човек, а поради големите нозе го викаат Bigfoot Спојлер: Слики од филмот
Барам филм мислам дека е понов се работи за мистерија старец и старица се запознаваат преку интернет, тој ќе се пресели кај неа и на крајот ќе биде дека таа одамна го познавала ја имал силувано одамна сега сака да му се. Одмазди нешто во таа смисла
Дечки помош! Се прерадував кога видов дека има ваква тема. Веќе неколку години барам филм што го имам гледано како малечка, се изнапишував на Гугл и не ми излезе ништо Филмот е веројатно од 90тите. Се работи за брачен пар научници што не можат да имаат дете и ќе посвојат девојче бебе. Девојчето ќе има као некоја чудна болест што прави да расте ненормално брзо на пр за три дена веќе како 5 годишно дете и сл и научниците паров со еден другар ќе бараат лек за да го нормализираат растењето. Најдолго ќе биде ликот задржан во 20-30тите години, се сеќавам дека беше плавуша. Другарот родителите ќе се заљуби во неа што нема да е чудно затоа што таа ќе им биде тогаш речиси генерација и таман кога ќе најдат лек, дечково што е заљубен брза на средбата и ја гледа оддалеку на клупа и возбуден да и каже и да и го даде лекот, она ќе се сврти накај него и ќе биде веќе остарена, ептен стара со долга побелена коса Еден од машките ликови беше со наочари, девојкава плавуша со долга коса и мислам дека и мајката беше плавуша. Ве молам, ве молам кажувајте кој е филмов, со години го бараам
Некако познато ми е или сличен имам гледано, бараа лек за нивно дете. Ако некој го знае да го погледнеме пак
Незнам дали е за овде прашањево но не наидов на др тема. Може ли да ми кажете некој мотивирачки филм за животот општо?