Гледав еден филм летото мислам сега го барам не можам да го најдам секаде пребркав.Ако некој го знае случајно нека пиши. Знам дека тој е болен од сида,зошто татко му го малтретирал..т.е. од него е болен,другарка му со која живее исто така,исти судбини делат,женската се заљубува во него си спие со него иако знае дека има сида,се преселува кај него и на крајот тој пред да почине,ќе ја остави,писмо мислам ќе и напише.Река нешто дали имаше во насловот ич не се сеќавам,се на се многу убав филм башка и глумецот мислам беше многу убав.
Еден филм, студенти отидоа низ Европа шетање. Имаше една сцена во некоја земја од источниот блок со малку пари еден влезе во локал каде имаше садо мазо услуги, ама го заборави безбедносниот збор. Незнам како се вика филмот, тинејџерски е
Барам еден хорор филм. Мислам дека е снимен во 2000та некаде. И дејството во филмот е постаро. Живеат во некоја куќа мајка мислам со две деца ама не смеат да отворат прозор или да одат надвор. Детето отвара нешто прозор, почнуваат некои ствари да се случуват. И како они се борат после со тоа. Не знам како да го опишам.
Малку е сиромашен описот и сижето на филмот, ама моментално ми текнува само на овој со Никол Кидман https://www.imdb.com/title/tt0230600/ Ако не е тој сори, ама гледај го и овој многу е добар.
Филмов го гледав кога бев мала, тогаш го даваа доста често. Само на ова се сеќавам. Девојчето беше со натприродна моќ да поместува предмети со поглед. Имаше една наставничка мислам дека беше, лоша и многу дебела. Ако на некого му текнува на ваков филм, хелп?? Друг филм, исто фантазија. Цел филм нешто беше фантазија, само се сеќавам на едно дете(главниот лик) како леташе на куче, филмов исто така многу често го даваа кога бев мала, ама ептен бледо ми се останати во меморија.
Даа тие сее, благодарам женскии . Ги гледав како мала, ама појма немам што се случуваше во филмовиве сакав да ги гледам повторно .
Еден цртан филм ми се мота во глава и никако не ми текнува како се викаше, го гледав кога бев мала на касета и најверојатно е од пред 2000 излезен. Беа три кучиња најдобри пријатели мислам заедно живееа и едното некој го украде па другите пробуваа да го спасат од тој човекот. Едното мислам дека беше портокалово, другото сивкасто, третото не се сеќам. Мислам дека тој што го зеде беше еден дебел човек и го затвори кучето во некој подрум. Се отепав барајќи, да не му текнува на некој кој е? Ми има останато сеќавање како тажен филм ама мислам дека на крајот го спасија кучето.
препорака за филм со бродови, мориња авантура како Пиратите од Карибите или нешто слично, само да е со превод македонски/српски...
https://www.scarymommy.com/movies-like-pirates-caribbean А за превод ја обично го куцам името на филмот у срч бар и допишувам ,,са преводом”