Јас овој го имам гледано, за време на бура ќе удри гром во нив и ќе си ги заменат местата, на крај и неговата девојка ќе си го замени местото со нејзиното куче. Ова одамна имам гледано....ама тоа го памтам
Здраво. Да ми препорачате некој поучен филм за дете 14-16 годишно што може да гледа. Нешто со трговија со луѓе,дрога.Колку се штетни и што може да ти се случи.
Human trafficking најдобар за трговија со луѓе, го има како серија и како филм...https://www.imdb.com/title/tt0461872/
Augusta, Gone (2006) - овој баш за тинејџери Trade (2007), ама експлицитен е за таа возраст, сега проверив и има ознака 17+
Ако гледа некој корејски филмови од драма до хорор, слободно нека ми препорачува. Значи импресионирам сум од нивните сценарија и креативност. Вчера го изгледав The Call (2020) ме бендиса ептен.
Сите претходно наведени филмови се одлични едни од најдобрите кои ја обработуваат тематиката за која си заинтересирана Trade (2007) филм за трговија со луѓе. Емотивен, потресен, тежок филм. Со Кевин Клајн, Цезар Рамос во главните улоги. Taken има повеќе делови со одличниот Лиам Нисон на кој многу му лежат вакви улоги. Human Trafficing - сличен на Trade, со Доналд Сатерленд и Мира Сорвино во главните улоги. листата ќе ја надополнам со филмот The Whistleblower (2010) одличен филм со исклучителната Рејчел Вајс во главната улога, една од нејзините најдобри улоги, покрај неа во филмот глумат и Моника Белучи и Ванеса Редгрејв. На времето имам гледано германски филм кој многу ми се допадна а обработува тематика со девојка зависничка со дрога, неможам да се сетам на името на филмот но верувам дека е еден од овие два кој ти ги препорача @Dancewere , Wir kinder von Banhof zoo (германски) Најдобриот филм, најмоќниот кој обработува тематика со дрога е Requiem for a Dream (2000) на маестралниот Дарен Аронофски. Филмот е суров, тежок, брутален, психолошки, поучен.