Mislam ne e, ama vleze na lista... Inaku, uspeav da iskopam nekoja arhiva na A1, i najdov eden film Joe's wedding, mnogu kozno da e toa toa, ama go nema nikade filmot
Знам дека темава е за филмови ама мислам дека е соодветно тука да прашам за еден цртан. За да не отварам нова тема. Ако е глупаво може да го избришете. Има еден цртан што порано многу го сакав ама не ми текнува на името. Имаше еден морепловец и со книгата на мирот. Требаше да ја украде книгата за една жена која живееше во морето. Но, потоа жената сама си ја зема книгата преправајќи се во човекот. И секако него го обвинија. И на крај жената ја кажа вистината и човекот се спаси. Дали може на некој да му текнува?
Може ли помош го барам филмот со Џокер и Харли Квин незнам како се вика тој дел и која година е.Барав и са преводом неможам да го најдам онлине сакам да го гледам.
Барам една серија, а никако не можам да ја најдам. Скролајќи на тик ток пред неколку месеци, ми излезе една србинка со предлози од филмови. Имаше предложено една љубовна серија, која е нова (од оваа година мислам). Серијата е со околу 6-7 епизоди, а кажуваше дека 5-тата и 6-тата епизода се убила од плачејќи, бидејќи било мн тажно. Јас тогаш не обрнав многу внимание, бидејќи и не гледам такви филмови (повеќе сум на хорор, акција и DC/Marvel/Star Wars). Дури сега малку ме заинтригира таа серија и би сакал да видам што се случува што толку мн плачат. Што е толку тажно. Доколку ја знаете серијата, пишете ми ја.
Најверојатно се работи за мини серијата One Day. Јас ја изгледав уште пред неколку месеци и морам да признаам дека се изнаплакав на крај. Баш ја препорачувам ако прашуваш за оваа серија.
Дечки help. Барам еден филм веќе долго време. Знам дека го даваја на сител пред 5-6 години а може и повеќе. Средношколец организира забава во неговата куќа. За време на забавата неговиот сосед оди да го види момчето( и да им каже да ја намалат музиката мислам дека беше). Други деца 3-4 момчиња од неговото школо почнуваат да се зезаат со него, со што завршуваат да го удираат со клоци и тој умира на лице место ( момчињата се пијани). Неговата сопруга го истражува убивството . Едно од момчињата на крајот се предава, а сопругата на убиениот му помага во целиот тој процес. На ова се сеќавам. Ако некој знае THANKS
Ајде дечки хелп, на МТВ ја даваа серијата, ,,Племе'', исто време беше кога даваа и млади бунтовници. Знам јас ја гледав таа на МТВ и многу мразев млади бунтовници. Оваа серија ме има просветлено у животот и ме има извајано естетски. Улогите беа облечени онака тролдски, неоготх, постапокалиптично, дистопиан... Зборам за почеток 2к
Дааа, леле колку пати сум барала the tribe, ништо не ми искачало... Па си мислев дека некако другшие е оригиналот а МТВ така го има преведено... е Фала ти
Да не знаете еден филм случајно порано сум го гледала. Со духовен водич кој се поврзува со природата. Само тоа ми текнува. И луѓе идат кај него помош да бараат. Да не го знае некој?