Пред 7-8 години го гледав овој филм, двајца соседи во зграда многу се мразеа, се расправаа заради бучава, потоа девојката скрши нога или нешто така и сите jа откачија, само тој сосед остана да се грижи за неа, па се засакаа. Мислам дека е cо познати актери, ама не можам да се сетам со кои. Ги прашав ChatGPT и еден сличен не можат да го најдат ни тие филмов, ни на Google не ми излегува.
Барам еден филм, дејството почнува во рајот, со дете што треба да се роди, но не сака. Истовремено и старец кој починува, и добива задача да го убеди детето да се роди, покажувајќи му каков е животот на Земјата. Спојлер: . На крај излегува и дека старецот е дедо на детето, или татко на мајката на детето што треба да се роди. Мислам некаде од 90тите е, ама не сум сигурна.
Барам еден филм пред некој месец ми искочи на тт како филмови во кратко, ама заборавив како се викаше.. Се работи за пар што пошле на кампување кај некои водопади, дечкото сакал таму да ја запроси девојката, ама мечка имало во шумата па се борат нешто со мечката и на крај колку што се сеќавам завршува така што дечкото ќе го изеде мечката а девојката ќе се спаси..
Ај да ми помогнете, сум пробала да го барам ама не го наоѓам. Овој филм ми е гледан многу одамна, пред 15г ако не и повеќе, нешто како комедија беше, не се сеќавам точно шо се дешаваше. Знам само уствари мислам дека имаше умрено некој, и овие луѓето ( или тинејџери, млади луѓе , повеќе беа) цело време побуваа да го скријат телото за време на една НОЌ. Знам дека се разделија, кои отидоа со коли, кои без коли... и знам дека имаше една раскрсница на која цело време се разминуваа во текот на ноќта и во текот на филмот, возејќи да најдат решение .
Препорачајте ми филм ноар, да биде сличен на Џунгла на асфалтот (The Asphalt Jungle) од 1950. Имам гледано други ноари, некои сум ги оценила повисоко, ама овој ми беше нај addictive, најдинамичен, послоевит.
The Killing (1956) во режија на Кјубрик мислам дека е во тој стил колку што се сеќавам, Seven од Финчер има елементи на темен мрачен трилер но сепак се вбројува ја има таа мрачна ноар атмосфера, исто и Зодијак од Финчер, Девојката со Тетоважа на Змеј е со елементи на нео ноар би рекол исто и за филмот Gone Girl. ПС Кога размислувам за тој (жанр) на филмови со нео ноар елементи на памет ми доаѓаат режисери како Кјубрик, Дејвид Линч, Брајан Де Палма, Финчер, Аронофски, Пол Томас Андерсон, Ларс Фон Трир, Џонатан Деми
Гледани ми се сите набројани наслови, освен The Killing [аууу, што е ова, убиец со луда маска во 1956 + Кјубрик, не смее да се пропушти] Фалаа тиии Повеќе барав оригинални ноари од 40-те и 50-те, а нео-ноарите се јавуваат подоцна, од 1960-та натаму, за прв пат во Франција. Старомодниот филм ноар тогаш веќе го нема во САД, но се враќа во новиот облик. Cамото име на жанрот му го дава француската критика, за Американците бил непознат тој назив во времето кога ги снимале старите ноари [крими (мело)драми]. Е па jас такви сакам, co поголема морална тежина и посвојствена атмосфера креирана од германскитe мајстори на експресионизмот.